Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF) препорачува пеење (повторување) на Божјото Име како основа на духовната пракса. Сепак, некои од нашите читатели можеби тешко ќе го прифатат ова, особено ако веќе работат некој вид на духовна пракса.
Причини за ова би можеле да бидат:
- Приврзаност кон својот вид на духовна пракса како ритуални богослужби, рецитирање на Свети стихови, читање на Свети стихови, посета на храмови, џамии, цркви, вршење на медитација, јога, итн.
- Уверение дека мораат да го прекинат видот на духовната пракса која моментално ја вршат за да започнат со пеење на Божјото Име како духовна пракса.
- Отпор кон истражување на нешто ново.
Еве некои сугестии на нашите читатели кај кои ова е случај:
- Ја зајакнува било која духовна пракса: Кога човек почне да го повторува Божјото Име, не е потребно да ја прекине моменталната форма на духовна пракса, туку напротив, може да ја зајакне со пеење.
- Ја подобрува моменталната духовна пракса: Искуството на многу трагачи е дека пеењето, всушност, квалитативно ја подобрува нивната моментална форма на духовна пракса. На пример, трагачите забележале повисока концентрација и посветеност кога во текот на ритуалните богослужби, проучувањата на Светите текстови, медитациите, итн. вршеле пеење.
- Континуитет во духовната пракса: Континуитетот во духовната пракса е многу важен за духовниот раст, а најдобро може да се врши било кога, било каде, дури и во текот на вршење на други активности. Благодарејќи на тоа, пеењето помага во одржување на континуитетот на било која форма на духовна пракса која лицето моментално ја врши. Редовно и континуирано пеење:
- Резултира со смиреност на умот и двојна корист за лицето, како на ментален така и на физички план.
- Понатаму го подобрува развојот на верата и Богољубието затоа што делува како духовен лек.
- Се препорачува за времето во кое живееме: Според духовната наука, пеење на Божјото Име во согласност со религијата на раѓање се препорачува како основа на духовната пракса во тековната ера, те. во ерата на раздорот (Калијуга). Затоа трагачите кои веќе вршат некоја форма на духовна пракса, се поттикнуваат да започнат духовна пракса пеење како средство за зголемување на моменталната духовна пракса. Прочитајте ги шесте основни принципи на духовната пракса.
- Дополнителна корист: Само ако се обидете да пробате нешто ново во одреден интервал од времето, може да се види дали ќе донесе некаква корист. Во спротивно може да се пропушти можноста да се зајакне духовната пракса.