Кои луѓе се напаѓани од духовите или се избрани да бидат опседнати?

1. Основната причина поради која луѓето се напаѓани или се избрани од дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.) да бидат опседнати?

Ајде прво да ги разбереме основните причини за тоа зошто еден дух може да избере едно лице за да го опседне или да му влијае.

1-MKD_Why-possess

  1. Ако постои сметка на земња и давање која треба да се реши помеѓу духот и лицето: ако духот претрпел несреќа од лицето, ќе бара одмазда.
  2. Да ја преземе контролата над лицето со цел да ги исполни своите желби и копнежи преку медумот на опседнатото лице: Духот воглавном опседнува лице чии желби и копнежи се совпаѓаат со неговите, бидејќи тогаш е многу полесно да ги исполни.
  3. Ако некое лице го навредил или налутил духот свесно или несвесно: На пример, ако лицето мокрело врз дрвото каде престојувал духот.
  4. Да ги стопира обидите на лицето кое е вклучено во ширење на Духовноста: Едно лице кое обавува само индивидуална духовна пракса (односно само за неговиот сопствен духовен раст) претежно постигнува внатрешно прочистување. Од друга страна, лицето кое обавува духовна пракса за доброто на општеството постигнува внатрешно прочистување и исто така, во голема мера придонесува за зголемување на основната суптилна Сатва компонента во животната средина.
Обично ги користиме зборовите духови (демони, ѓаволи негативни енергии, итн.) за да ги претставиме сите типови на духови. Важно е да напоменеме дека постои огромна разлика во моќта помеѓу духовите од повисоките и ниските нивоа. Тоа е како да се споредува воената моќ на Соединетите Американски Држави со воената моќ на некоја мала земја во Тихиот Океан. Иако и двете држави го имаат статусот на суеверени народи, тие не се во иста лига, во смисла на воената сила.

Ова во голема мера ги вознемирува духовите, бидејќи е спортивно од нивната многу висока Раѓа-Тама природа. Тоа е причината зошто духовите ги напаѓаат и ги попречуваат трагачите кои обавуваат духовна пракса за доброто на општеството. Трагочот кој обавува духовна пракса за доброто на општествтото е напаѓан од страна на дух со поголем интензитет, особено во почетните фази од неговиот духовен раст. Меѓутоа, тој уште толку повеќе е благословен и заштитен од страна на Светците и Бога. Со самото тоа што лицето обавува духовна пракса за доброто на општеството, лицето се здобива со дополнителни придобивки.

5. Ако едно лице посети место кое е опседнато од духови, на тие места тоа лице може да биде вознемирувано од страна на духовите или дури и може да се случи да биде опседнато.

2. Некои статистички податоци за причините зад нападите од страна на духовите

• Следнава табела ги дава најверојатните причини зошто духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) ги напаѓаат или влијаат врз луѓето.

Причини за напад од страна духовите %
1. Да се подмири сметката на земање и давање помеѓу духот и лицето под влијание 30
2. Обид духот да ги исполни своите желби 30
3. Затоа што духот бил налутен од страна на лицето 10
4. Да го запре ширењето на Духовноста, која ја обавува лицето под влијание 5
5. Посета на опседнати места од лицето под влијане 4
7. Непознато или Разно. 21
Вкупно 100

• Важно е и да се напоменат и подлабоките причини зад нападите од духовите: Во 90% од случаите каде еден дух влијае или опседнал едно лице стои моќен дух нарачател на нападот. Само во 10% од случаите духот напаѓа самоволно.

3. Кои луѓе најчесто стануваат жртви на напади и влијание од духовите

Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) најлесно влијаат на, и ги напаѓаат следниве типови на луѓе. (Забелешка: Со цел подобро да го разберете овој напис, ви препорачуваме прво да го прочитате написот за трите основни суптилни компоненти.)

Духовите кои по хиерархија се од ниските редови т.е. под 50% духовно ниво, како што се обичните духови, се раѓа-тама предоминантни. Духовите кои по хиерархија се од повисоките редови т.е. над 50% духовно ниво, како што се суптилните мантрици од 6-от и 7-от регион на пеколот се тама-раѓа предоминантни.
  • Луѓето со физичка болест: Секоја болест доведува до пораст на основната суптилна тама компонента со истоворемено опаѓање на сатва компонентата. Како што болеста. Кога болеста е тешка и се пролонгира, тама компонентата значително се зголемува.

    Кога сатва компонентата преовладува во едно лице, тоа осигурува заштита од духовите, додека ниското ниво на сатва компонента само им олеснува на духовите полесно да влијаат на лицето, или им овозможува влез преку делот на телото во кој покрај болеста преовладува и тама компонентата. Бидејќи духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) претежно се составени од суптилните компоненти Раѓа и Тама, тие ги таргетираат (избираат) раните или заболените места како влезна точка во лицето.

  • Луѓето со слаб ум: овие луѓе се лесен плен за духовите. Личните дефекти како што се гнев, лакомост, висока емоционалност, итн. се како рани во нашиот ум, со висока Раѓа-Тама и Тама-Раѓа. Затоа личните дефекти делуваат како лесни влезни точки за духовите (демони, ѓаволи, негативни, енергии, итн.). Еднаш откако ќе дојде до опседнување, духовите (демони, ѓаволи, негативни, енергии, итн.) ги користат личните дефекти на луѓето да ги контролираат. Духовите исто така го зголемуваат и интензитетот на овие дефекти, на пример, правејќи едно лице кое веќе било емотивно, екстремно емотивно. Ова дополнително го ослабува умот на лицето и осигурува опседнатоста да се продолжи.

Овде важи принципот: од лицето кое е избрано за напад и духот кој го напаѓа или сака да да влијае врз тоа лице, кој е духовно посилен, победува. Ако духот има поголема духовна сила од лицето кое духот сака да го нападне, тогаш духот лесно може да влијае или да го опседне тоа лице.

Ако едно лице има повисоко духовно ниво, неговата одбрана од влијанието е посилна поради:

  • Неговата лична духовна сила
  • Поголема заштита која лицето ја добива од Бога