Како треба да ги користиме миризливите стапчиња и како де се однесуваме кон нив

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) советува континуиран и вообичаен медицински третман заедно со методите за духовното исцелување во рамката на физичките и психијатриските болести.На читателите им се советува да започнат било кој третман за духовно исцелување според сопствената желба.

1. Пожелен и непожелен начин за користење на SSRF миризливите стапчиња

1.1 Пожелен начин за користење на SSRF миризливите стапчиња

Го привлекуваат Божествениот Принцип:

SSRF миризливите стапчиња се многу корисни затоа што го привлекуваат специфичниот аспект на Бога (Божеството).

  • Колку повеќе лицето има почитување при користењето на SSRF миризливите стапчиња, ќе има повеќе придобивки од нив. Ако и лицата кои се наоѓаат во близина на SSRF миризливите стапчиња се однесуваат кон нив со почитување, ќе добијат поголеми придобивки од Божествената енергија која врши духовно исцелување по пат на оваа енергија.
  • Многу е важно домот да го одржуваме чист и уреден. Чистиот дом значи помалку раѓа-тама фреквенции. Ова делува на два начина. Помалку раѓа-тама во домот придонесува поголемо привлекување на Божествениот Принцип. Тогаш Божествениот принцип што е привлечен од SSRF миризливите стапчиња не троши толку енергија да се бори против постоечката раѓа-тама, и затоа во просторот или самиот простор имаат повеќе придобивки од Божествената Свесност (Чаитанија) што ја привлекуваат SSRF миризливите стапчиња.

Држач за миризливите стапчиња:

Да се изрази должното почитување кон миризливите стапчиња, да биде нивното користење безбедно, како и Светиот пепел добиен од нив полесно да се собира, треба да имаме соодветен држач за миризливите стапчиња, или некој сатвик држач.

  • Од агол на почитување: Некои луѓе ги ставаат миризливите стапчиња во пукнатините на ѕидот, итн. Тоа не е духовно исправно. Тогаш пепелот паѓа на земја и може да биде згазен што укажува на непочитување кон Светиот пепел. Најдобар начин да се собере Светиот пепел после догорувањето на миризливото стапче е користење на држач и чинија под него. Ако некој не сака да го собира Светиот пепел, може да користи сатвик држачи како што е овошјето (на пример јаболко), компир, итн.
  • Од агол на безбедност: Ако пепелот падне на тепихот, или гардеробата може да предизвика пожар. Затоса се препорачува користење чинија за собирање на пепелот.

Чување:

Бидејќи SSRF миризливите стапчиња пред се, се осмислени за духовно исцелување, најдобро е да ги чуваме во затворен простор, уште подобро на олтарот на суво место за да се сочува нивниот сатвик.

1.2 Кога е непожелно да се користат SSRF миризливите стапчиња?

За време на менструацијата:

За време на првите пет дена од менструацијата, или се додека крвавењето не престане, кај жените раѓа компонентата е зголемена. Затоа, ако жената за време на менструацијата дојде во контакт со миризливо стапче, духовната чистота, или основната суптилна сатва компонента во нив ќе се намали. Поради тоа допирање на миризливите стапчиња за време на менструацијата не се препорачува. Затоа најдобро ќе биде за време на менструацијата да не се палаат миризливи стапчиња и не се користат за прочистување на просторот.

Ако жената во тој период е сама дома, може пред менструацијата да одвои на страна малку миризливи стапчиња кои ќе се користат за време на тој период. На тој начин не мора да ја допира главната резерва на миризливите стапчиња, затоа што тоа ќе придонесе за намалување на духовната чистота во сите миризливи стапчиња до одредена мерка.

2. Колку долго можат да се користат резервите на SSRF миризливите стапчиња?

SSRF миризливите стапчиња имаат трајност од две години. Најдобро е да се користат во овој временски период, затоа што делувањето на мирисот може со време да се намали. Сепак, најдобро ќе биде миризливите стапчиња да се потрошат во рок од три месеци по отворањето, затоа што инаку може да доведе до зголемување на црната енергија околу нив и намалување на нивната моќ.

Духовите можат да ги покријат стапчињата со црна енергија за да ја намалат нивната моќ за духовно исцелување. Најдобриот начин да го избегнеме ова, е да ги чуваме  на олтарот и да се молиме за нивна заштита. Исто така, пред секоја употреба можеме да се помолиме за отстранување на црната обвивка ако е создадена околу нив.

3. Користење на кутиите од SSRF миризливите стапчиња за духовно исцелување

Дизајнот на кутиите од SSRF миризливите стапчиња е така осмислен да емитува поголема количина на основната суптилна сатва компонента. Духовната чистота на дизајнот ја има проверено Неговата Светост Др. Атавле. Исто така, присуството на миризливите стапчиња во кутијата го зголемува сатвикот во нив. Но, најважно е дека во нив постои суптилна енергија од не-манифестирана одлука на неговата Светост Др. Атавле. Тоа значи дека кутијата сама по себе е сатвик, и може да се користи како средство за духовно исцелување.

Од оваа гледна точка, кутијата од SSRF миризливите стапчиња може де се стави  на полицата, во орманот, итн. Исто така, може да се сплоти и тогаш да се стави под душекот, перницата, итн. Сите предмети и луѓе кои ќе дојдат во допир со овие кутии ќе имаат придобивки од сатвикот на овие кутии.