Оваа студија на случај е сведоштво за тоа како истраен концентриран напор, кога се отпочне со духовна пракса, може да има одличен ефект на намалување на постојаните проблеми во животот. Во случајот на Г-ѓа Манаси Рајандекар, постојаниот проблем беше тешката, повторлива мигрена.
Во продолжение е раскажано сведоштвото за нејзиното искуство, изразено со нејзини зборови.
Мигрената почна да се појавува кога бев во 5-то одделение и продолжи во наредните 8 години до мојата прва година на колеџ (универзитет). Мигрената се појавуваше на неколку недели и ќе продолжеше со несмалено темпо за најмалу 24 часа. Целиот предел од основата на черепот, па се до челото ќе трепереше неконтролирано со болка која ќе ме онеспособеше. За време на мигрената јас бев целосно не функционална и не бев во можност да извршувам било која од моите световни работи како што е одење на училиште, итн. Дури и не можев да јадам. Ќе останев само да лежам во креветот обидувајќи се да ја преживеам болката во мојата глава. Ниту најсилните лекови против болка препишани од страна на мојот семеен лекар, не можеа да ми помогнат во надминувањето на болката. Се чинеше дека мигрената имаше сопствен ум и сама ќе престанеше кога ќе сакаше и не поради било кој од лековите против болка. Да објаснам за каква болка се работи; таа беше посилна од болката која ја осеќав додека ми вадеа забен живец без анестезија. Моите екстремитети (рацете и нозете) исто така ќе почена да се вкочануваат со болката. Мојата мајка беше вон себе од страв дека нема да ги преживеам главоболките. Ми се чинеше дека лекарите беа немоќни во обидите да ми помогнат. Кога се префрлив на хомеопатија, фреквенцијата на главоболките се намали во споредба кога бев третирана со алопатските лекови.
Потоа, еден ден дојдов во контакт со некои трагачи од SSRF кои вршеа духовна пракса, под водство на Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле. За прв пат беше свртено моето внимание дека секој човек треба да врши редовна духовна пракса и дека целта на нашиот живот е духовно да растеме. Се сеќавам дека од тој момент, почнав да го пеам Името на семејното Божество и исто така, Името на Шри Гурудев Дата за заштита од проблемите предизвикани од преминатите предци. Од првиот ден, пеев редовно пет часа на ден додека ги извршував моите дневни задолженија. Откако почнав да вршам духовна пракса, можам да се сетам дека имав мигрена само еднаш, но беше многу блага.
3 месеци по започнувањето духовна пракса, се сеќавам на првата средба со Неговата Светост Др. Атавле за време на Неговата посета на Нагпур. Тоа, исто така беше духовно искуство. Имаше толпа од луѓе околу Него и јас очајно сакав да се сретнам со Него. Јас се молев на Него “Ако ова е патот на духовна пракса кој треба да го следам, те молам дозволи ми да Те сретнам”. Во тој момент, Тој се сврте кон мене и како што толпата од луѓе се разделуваше да направи пат за Него, сфатив дека јас стоев веднаш пред Него. Нашите очи се сретнаа и Тој ми се насмевна, како што и јас се движев да направам пат за Него.
После тоа не можам да се сетам дали имав повеќе мигрена.
Коментар од SSRF
- Преку духовно истражување ние откривме дека проблемот на Манаси тешката мигрена има духовна причина, односно била предизвикана од суптилните тела на преминатите предци.
- За повеќе информации за тоа како еден напад од суптилниот свет може да предизвика мигрени ве молиме погледнете друга студија на случај, која ја објавивме за мигрените.