Забелешка: Со цел подобро да ја разберете позадината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се испитуваат особено во SSRF, ве молиме да прочитате – Вовед во застрашувачки натприродни феномени.
1. Вовед
Кога наидовме на овој пример на спонтано појавување на една дупка во фотографијата на Н.С. Др. Атавле, по пат на анализа во духовната димензија т.е. со помош на високо развиено шесто сетило, откривме дека дупката ја направиле негативните енергии. Сепак, ова исто така ни даде и можност да ја проучиме суптилната битка која се разви помеѓу ентитетот кој го извршил нападот во духовната димензија и духовната позитивност на Н.С. Др. Атавле.
Како што споменавме порано, дупките како медиуми коишто негативните енергии ги користат за напади, генерално ги ствараат многу моќните негативни енергии, познати како мантрици. Во повеќето случаи, негативните енергии со пониска сила кои се од пониско духовно ниво, под команда на моќните мантрици, ја спроведуваат оваа работа на правење дупки. Во оваа анализа на случајот, откривме дека битката се случила на две различни нивоа.
2. Нивоа и опис на суптилниот напад
2.1 Прво ниво на напад
На едно од нивоата на кои се случила битката или на првото ниво, видовме демон (Ракшас) како ја напаѓа фотографијата притоа користејќи оружје во облик на скелет. Г-ѓа Јоја Вале, трагателка од SSRF-одделот за знаење за духовната димензија го нацрта она што таа го видела преку своето развиено шесто сетило и ни даде визуелен увид во она што навистина се случило за време на чинот.
Прехотдниот цртеж заснован на знаењето за духовната димензија е она што Јоја го видела со помош на своето шесто сетило. Како од некоја филмска сцена видела како демон – моќна негативна енергија држи долг нож кој наликува на копје. Врвот на копјето имаше форма на череп, каде очите беа како утикачи. Оружјето емитуваше црвено-црна енергија. Оваа енергија беше искористена за да се направи дупка во фотографијата. (Погледнете набројување со стрелка број 3).
Јоја со неверојатен процент на детали ја согледала формата на демонот. Следново е она што таа запишала во нејзиниот цртеж заснован на знаењето за духовната димензија.
Опис на демонот
- Тој има коскено лице како костур и има остри заби. Тој има испакнати очи кои гледаат со лутина.
- Тој има бел и темно-кафеав тен.
- Неговите очи се бели со црни јаболчици и зелен круг околу нив. Вените на Неговите јаболчици се акцентирани и нараснуваат црвено поради лутина. Гневот му помага да ја удри фотографијата со сила.
- Тој има заби, но не и усни. Тој има нерамни, сиво-бели и многу остри заби.
- Тој има многу малку коса на неговата глава. Тој има само неколку долги влакна искршена коса која содржи црна енергија.
Опис на неговите раце
- На неговите раце може да се видат вени кои емитуваат суптилни остри честички на црна енергија
- Вибрирачка црна енергија во форма на бранови се емитува од неговата глава (Погледнете набројување со стрелка број.2, во цртежот заснован на знаењето за духовната димензија)
Опис на неговата облека
- Тој носи искината, свилена и проѕирна облека преку која негативната енергија тече како ветер.
- Обвивка од црна енергија е постојано присутна околу него и истата му дава моќ да добива различни форми и да се движи од едно место на друго како ветер (Види набројување број. 3, во цртежот заснован на знаењето за духовната димензија)
Овој цртеж заснован на знаењето за духовната димензија откако помина преку процес на преглед и проверка за точност, беше утврден со 80% точност. (Проверката за точност се однесува на тоа колку вистина има во цртежот заснован на знаењето за духовната димензија)
2.2 Второ ниво на напад
Уште еден подлабок напад беше согледан од страна на друга трагателка од SSRF-одделот за знаење за духовната димензија, г-ѓа Анѓели Гадгил, со помош на нејзиниот суптилен ум и суптилен интелект. Позади вистинската причина за нападот стои мантрик од 6-от регион на Пеколот (Патал). Тој беше оној којшто го испрати демонот да го изврши нападот.
Со цел да и се спротивстави на позитивноста која се емитува од фотографијата преку медиумот на суптилен звук, мантрикот создал вознемирувачки звук со тоа што нанел убод со оружјето користејќи цела сила. На овој начин тој се обидел да го спречи протокот на Божествена свесност (Чаитанија) од фотографијата, и нападот бил со конечна намера да се убие Н.С. Др. Атавле. Овој напад е сличен на оние напади на фотографија преку црна магија или вуду, со цел да му се наштети на лицето кое е на фотографијата. Суптилниот притисок во животната средина околу фотографијата се зголемил.
Потоа се случи следново, позитивноста која се емитува од фотографијата се спротивстави на нападот од мантрикот, со тоа што ги уништи суптилните оружја на мантрикот кои тој ги добил преку натприродни моќи. После ова, енергијата на мантрикот веднаш почна да се намалува.
Како резултат на тоа, дојде до намалување на суптилниот притисокот во животната средина.
2.3 Последици од суптилната битка
- Ефектот врз Н.С. Др. Атавле: Мантрикот со овој суптилен напад на фотографијата имаше намера да го убие Н.С. Др. Атавле. Во споредба со ефектот смрт, што би било 100% успех за мантрикот, поради настанатата битка, мантрикот успеал да влијае негативно на Н.С. Др. Атавле до 5%. Ова се манифестирало како силен притисок врз главата на Н.С. Др. Атавле, а покрај ова Н.С. Др. Атавле осеќал и вкочанетост по целото тело.
- Ефектот врз животната средина: Раѓа-тамата во животната средина во форма на суптилна топлина и притисок, се зголемила за 20%.
- Ефектот врз трагачите кои ја набљудуваат фотографијата: Во споредба со ефектот врз Н.С. Др. Атавле, трагачите кои ја набљудуваат оваа натприродна појава, искусија негативен ефект од 15%. Симптомите се движеа од болки во ушите, тешка главоболка, вкочането тело, чувството како убоди од мали иглички и игли на рацете и нозете.