1-MKD-p-cyriaque-landing

1. Запознавање со Неговата Светост Сириак Вале

Овој напис за Неговата Светост Сириак Вале вклучува сегменти од неговиот живот кој ќе го мотивираат и инспирираат било кој трагач кој прави напори за Богоспознавање. Во текот на целиот негов живот, од детството па до денес, една работа која секогаш му била на срцето и останала централна улога во неговиот живот е Божјото присуство. Со искрена желба и упорност за духовна пракса, Тој беше истраен во сите животни ситуации. Тој ја продолжи својата духовна пракса се додека не го сретна својот Гуру, Н.С. Др. Атавле на 24-ти декември 1999-та година, после што неговата духовна пракса значително се подобри. Овој напис ги опишува случките уште од неговото детство па до манекенската кариера, потоа средбата со Јоја, неговата идна сопруга, искуствата кога стана татко (Анастасија е негова десетгодишна ќерка), неговиот почеток со духовна пракса и нејзиното продолжување се до моментот кога целосно го жртвуваше својот живот за Божјата мисија, и подоцна кога достигна Светост.

Тој е посебен и по тоа што на Земјата дошол од вишите региони на Рајот (Учарсваргалока). Роден е на духовно ниво од 50%. Но подоцна неговото духовно ниво опаѓа на 40%. (Ова им се случува на сите кои се раѓаат од вишите позитивни суптилни региони, поради тоа што минуваат низ одредена судбина. Но подоцна, благодарение на нивната духовна пракса од претходните животи, тие се во можност брзо да напредуваат и да одат напред). Н.С. Сириак Вале има многу Божествени квалитети. По природа е многу топол и полн со љубов, поради што луѓето осеќаат блискост кон него. Со текот на годините тој стана столб на поддршка за трагачите ширум светот кои се борат за духовен раст. Во моментот на подготвувањето на овој напис (ноември 2014-та година), Н.С. Сириак Вале е на духовно ниво од 73%.

2. Детските години

Н.С. Сириак Вале е роден во Франција 1971-ва година. Духовноста го привлекувала уште додека бил дете. Неговата мајка се сеќава дека кога тој имал околу пет до седум години, Н.С. Сириак поставувал многу прашања за Духовноста. Тој има вродена љубопитност да учи за Бога. Доста често ќе си играше во градината и наглас ќе речеше: “Јас сум со Бога”.

Како дете Н.С. Сириак, имаше кратки увиди и силни спознавања за себе, за кој не знаеше од каде доаѓаат. Меѓутоа, тие одново и одново се вртеа во неговиот ум, и затоа бараше објаснување за нив. Имаше едно такво искуство околу седмата година, кога Н.С. Сириак осети дека оваа ера е многу важна од гледна точка на духовната пракса и дека тоа е многу клучно за повисоки цели што се родил во ова време.

Кога тој имаше околу десет па се до дванаесет години, Н.С. Сириак често си играше во школската капела. Во една прилика, раскажува тој: “Одеднаш осетив огромна смиреност, како се околу мене да го изгуби своето значење. Многу часови после тоа се осеќав многу смирено, и не бев ниту гладен, ниту жеден. Осеќав мир како никогаш порано. Сега, кога ќе помислам на тоа, мислам дека негде се споив со Бога, и за прв пат осетив Блаженство без да го разбирам концептот на Блаженство”.

“Како тинејџер верував во претходни животи, иако покрај фактот дека мојата религија го отфрла овој концепт. Понекогаш како во игра, ќе погледнев во одредена личност и ќе се обидев да замислам каква била во претходниот живот”.

3. Адолесценција и манекенство

Додека беше многу млад, Н.С. Сириак имаше проблеми со дислексија и таа до одредена мера влијаеше на неговото образование. На возраст од седум години беше заинтересиран да научи џудо. Н.С. Сириак во тоа беше одличен и на осумнаесет годишна возраст имаше освоено црн појас. Тој, исто така, учествувал во разни натпревари и меѓународни турнири. Како што израсна, иако почна да се бави со манекенство неговата потрага по Духовноста продолжи.

3-MKD-Modeling

Ова беа годините кога тој се оформуваше и преиспитуваше различни аспекти на животот. Тој продолжи да жонглира помеѓу световниот и духовниот живот. Н.С. Сириак сфати дека и двата го привлекуваат. Тој сподели: “Кога бев околу дваесет години, верував дека повеќе луѓе не се онакви каков што човечкиот род треба да биде, и дека можеме духовно да растеме. Забележав дека луѓето се толку обвиени во проблеми и болка. Меѓутоа, осеќав дека луѓето имаа сила да ја прекинат оваа состојба на очајување и да растат духовно. Сакав да најдам духовен учител. Ме привлекуваа Тибет и Индија, и дури размислував да станам тибетски монах”.

“Кога започнав со манекенството имав дваесет и три години и тогаш патував многу. Барав, но имав некое внатрешно чувство дека вистинското време допрва треба да дојде. Сретнав многу духовни групи, но брзо ќе сфатев дека тоа не се вистинските патеки за мене. Поголемиот дел од времето, единствена тема за која разговарав со другите луѓе беше Духовноста. Инаку немав желба да зборувам и повеќе сакав да ќутам”.

4-MKD-Modeling1

Многу пати можев интуитивно да осетам што другите луѓе имаат на ум, или за што размислуваат или работат во нивниот секојдневен живот. Незнам дали тоа беше мојата имагинација, но многу пати можев да осетам различни енергии за време на интеракција со различни луѓе. Меѓутоа, ми недостасуваше комплетно разбирање на духовната димензија, и така често ќе бев збунет од она што ќе го осетев. Доста често ќе се покажеше дека овие интуитивни чувства беа точни”.

5-MKD-PDada

“Во Април 1998-ма година, отидов во Токио, Јапонија, поради манекенски договор. Таму ја запознав Јоја, мојата идна сопруга. Кога се запознавме нашите погледи се пресретнаа и тогаш во тој момент осетив како да се споивме еден со друг. Порано, не ми се допаѓаа луѓето од модниот свет, па така се обидував да се држам настрана. Меѓутоа, кога ја запознав Јоја, за прв пат осетив дека некој е во можност да помине низ мојот ѕид и да ме разбере од внатре. Следниот ден отидов на прошетка во паркот. Таму ја видов Јоја која беше среќна и танцуваше сама. Со внатрешниот вид видов како одозгора се спушта жолта светлина и ја обвива со мали блескави честички”.

6-MKD-sadhana_thoughts

Врската помеѓу Јоја и Н.С. Сириак брзо се разви во духовен однос. Јоја има оштетен слух и говор, но кога Н.С. Сириак ја запозна, тоа воопшто не го трогна. Повеќето луѓе не би избрале животен партнер кој има некој вид на инвалидитет. Меѓутоа, Н.С. Сириак осеќаше дека овие надворешни ограничувања не беа важни, бидејќи можеше да осети дека Јоја е многу позитивна личност. Кога тој ја запозна и рече дека се сетил на Бетовен, кој беше еден од најпознатите и највлијателни композитори. Бетовен верувал дека би било подобро да бил глув, бидејќи така би можел да компонира подобра музика. Музика од Душата може да се создаде ако ја слушаме музиката од внатре. Така, Н.С. Сириак имал силно чувство дека глувоста на Јоја е всушност нејзина моќ. Поради нејзината неможност да слушне, таа беше повеќе поврзана со Божественоста и така, иако наизглед парадоксално, тоа никогаш не беше ограничување.

4. Започнување духовна пракса и доживување попречуваања од негативни енергии

Тој ден кога ја запознав Јоја беше многу важен момент за мене и го отвори патот за неговото вистинско духовно патување. Во февруари 1999-та година, Н.С. Сириак отпатува во Милано, Италија. Таму Тој и Јоја се сретнаа по втор пат. Н.С. Сириак се сеќава на таа средба: “Тоа утро, пред да се сретнам со нејзе, имав уникатно искуство. Додека се туширав бев среќен и пеев една песна. Одеднаш од мене излезе глас и ги повтори зборовите “Аве Марија” три пати. Стоев парализиран и целиот се наежив. Бев многу збунет, бидејќи осеќав дека јас тоа не го реков”.

7-MKD-p_dada-and_p_tai

“Тоа попладне ја запознав Јоја во нејзината агенција. Потоа, вечерта отидов со неа и нејзината мајка Драгана во нивниот стан каде повторно започнавме разговор за Духовноста. Во тоа време Драгана и Јоја веќе обавуваа духовна пракса, па така и мене ме запознаа со пеењето. Бев изненаден бидејќи се сетив на искуството дека претходно го имав пеано името на Богородица Марија, на француски јазик, тоа утро под тушот. Се сеќавам дека Драгана ми говореше за некои важни работи поврзани со Духовноста.  Осеќав како сето тоа што го говореше да ме удираше од внатре, и плачев во себе. Ја губев свеста за телото”.

“Веднаш започнав да пеам. Се сеќавам дека отидов на едно патување за неколку дена, а моето пеење се одвиваше цело време. Кога се вратив ја поканив Јоја и нејзината мајка на вечера во еден ресторан. Драгана седеше од мојата десна страна и како што одминуваше вечерта, стануваше се повознемирена бидејќи осеќаше дека околу мене имаше некој непријатен електрицитет кој ме опкружуваше. Се обиде да го допре моето рамо и беше оттурната како да доживеа удар од електрична енергија, и како од истиот да добила изгореници. Таа осети дека нешто чудно се случува. Потоа ја стави својата рака над моето чело на растојание од околу 10 см. Подоцна ми кажа дека незнае зошто ја стави нејзината рака над моето чело”.

“Сепак, во тој момент осетив необјаснив бес. Станав од масата и отидов во бањата. Бев толку лут што сакав да го скршам огледалото. Подоцна дознав дека бев под духовно влијание од суптилните тела на моите преминати предци. Ова необично искуство на бес ја поттикна мојата одлука да се борам против тие попречувања. [Забелешка од уредникот: Ова искуство е опишано во поранешна анализа на случај за Н.С. Сириак”.]

“Два до три дена по инцидентот во ресторанот, отидов со Јоја во нејзиниот дом. Драгана ми рече дека го прашала Н.С. Др. Атавле која е причината за мојот гнев и тоа што ми се случи. Тој одговорил дека причината за мојот гнев се попречувања од суптилните тела на моите преминати предци и дека треба да го пеам името на Божеството Дата за да го ублажам проблемот”.

“Ова беше едно од најважните духовни искуства во животот на Н.С. Сириак кое уште повеќе ја зацврсти неговата вера и ја подобри неговата духовна пракса. Подоцна во 2001-ва година, според советите на Н.С. Др. Атавле, Н.С. Сириак доби детални упатства за натамошно духовно исцелување од Н.С. Јоши Баба, Светец од Мумбаи, Индија”.

5. Прва посета на Индија и венчавање

8-MKD-AftermarrigeInIndia

Н.С. Сириак за прв пат ја посети Индија во 1999-та година. Сликовито се сеќава на тие денови: “Во декември 1999-та година, за прв пат отидов во Индија, заедно со Јоја и нејзината мајка Драгана. Претходно имавме прашано таму да се венчаваме.

9-MKD-Marriage

“На 25-ти декември 1999-та година, требаше да го поканам Н.С. Др. Атавле на нашата венчавка. Отидов во Неговата соба и се поклонив на Неговите Свети нозе. Целото мое тело почна да се тресе и кога Тој ја стави Својата рака на мојот грб, по неколку секунди, се стана како топка од светлина и неколку минути не можев ништо да видам. Н.С. Др. Атавле рече “Ти давам нов живот!”. После тоа бев преплавен од духовна емоција поради средбата со Н.С. Др. Атавле за прв пат, и почнав да плачам.

“Имавме неколку сатсанзи со Н.С. Др. Атавле, и никогаш не знаев колку долго тие траеа, а понекогаш не можев да разберам ниту за што станува збор. Понекогаш, поради попречувањата од суптилните тела на преминатите предци, не можев да гледам во Него или Неговата физичка форма ќе изгледаше замаглено”.

“Јоја и јас се венчавме според ведската традиција на 25-ти декември 1999-та година. Во текот на ведските обреди и двајцата имавме многу духовни искуства кои додатно го зацврстија нашето сознание дека нашиот однос беше духовен по природа. Сеќавањето дека нашиот брак е тука заради нашата духовна пракса, помогна да се види дека се што се случи поврзано со нашата венчавка се случи поради духовната пракса. Во многу ситуации ќе сфатев дека Јоја всушност многу ми помага во процесот на отстранување на егото и во  процесот отстранување недостаци на карактерот, бидејќи нејзината природа е потполно спротивна од мојата.

6. Враќање во Индија и исцелување преку Светци

10-MKD-Alandi_gate

“Во февруари 2001-ва година, Н.С. Сириак и Н.С. Јоја се вратија во Индија на шест месеци. Во тоа време, Н.С. Сириак се соочуваше се попречувања од кои ги предизвикуваа предците, и го мачеше силна стомачна болка која потполно ја одземаше сета негова енергија. Затоа Н.С. Др. Атавле го испрати Н.С. Сириак кај еден Светец, Н.С. Јоши Баба кој се занимаваше со отстранување на духовни попречувања.”

“Н.С. Јоши Баба ми даде една мантра на парче хартија да го свртам околу моето тело, а потоа да го изгорам, да го сочувам пепелот и да го изедам со малку масло и мед. Откако неколку пати го свртев парчето хартија околу моето тело, хартијата не сакаше да се запали. Тој ми напиша уште една мантра на парче хартија и ме замоли да ја држам во мала амајлија заврзана за црвен конец, кој потоа го врзав околу мојот стомак”.

Н.С. Јоши Баба не зборуваше на Англиски јазик, но во една прилика додека Тој зборуваше со друг човек, Н.С. Сириак чувствуваше како Тој да му зборува на Него велејќи: “Кога и да се соочуваш со некоја тешка ситуација или што и да ти се случи во животот, немој да се плашиш, само продолжи да пееш, бидејќи пеењето е најважно и само тоа останува”. “Овие зборови Н.С. Сириак добро ги запамти. Тој продолжи да ја носи амајлијата која му ја даде Н.С. Јоши Баба скоро 2 години”.

Потоа, едно утро додека се туширал, Н.С. Сириак приметил дека амајлијата ја нема и не можел никаде да ја најде. После тоа, неговите стомачни болки исчезнаа. Негде во тоа време, Н.С. Јоши Баба го напушти Своето тело. Ова го зајакна чувството на Благодарност во Н.С. Сириак за се што Н.С. Др. Атавле и другите Светци направија за него.

7. Духовна пракса во Европа

По враќањето во Европа, Н.С. Сириак се трудеше да примени различни чекори на духовна пракса. Но предизвикот беше да се соочи со световните одговорности на женет човек, да се бори против духовните попречувања и истовремено да продолжи со духовна пракса. Во оваа фаза Н.С. Сириак ја жртвуваше својата удобност и понизно служеше на различни начини кои се наведени во продолжение. Тоа доведе до негов духовен раст.

“После 2004-та година, негативната енергија која ја мачеше Јоја, почна да се манифестира речиси секојдневно: “Понекогаш мораше со сета моја сила да ја прегрнам за да ја задржам силната негативна енергија (Мантрик) да не биде агресивна. Во текот на тој период, ќе останев во една позиција за еден час или повеќе, два до три пати на ден. Многу пати после манифестирањето на енергија бев многу уморен, а понекогаш ќе добиев и по некои мали повреди од борењето со негативната енергија во Јоја во текот на насилните манифестации”.

“Анастасија беше мала, можеби околу две години. Една вечер околу 19:00 часот, негативната енергија која ја мачеше Јоја, почна да се манифестира и морав да ја задржам. Беше време за вечера и Анастасија почна да плаче бидејќи беше гладна. Не можев да ја отпуштам Јоја од мојот стисок, за да ја послужам Анастасија. Почнав да му се молам на Н.С. Атавле и Бога за помош. Баш во тој момент, Анастасија отиде и самата го отвори фрижидерот. Тоа инаку никогаш го немаше направено бидејќи беше многу мала. Почна да јаде сендвич кој таа го најде во фрижидерот. Одвнатре осеќав благодарност”.

“Откако манифестациите ќе завршеа, Јоја ќе беше толку исцрпена што ќе мораше да спие или да лежи. И јас, исто така, се осеќав уморно по нејзините манифестации, но знаев дека морам да се откажам од одморот бидејќи требаше да пазам и на Анастасија и на Јоја. Многу пати осеќав како Бог ми дава енергија да ја издржам дневната рутина, бидејќи се будев околу пет или шест часот наутро да одам на работа, а во времето кога ќе се вратев од работа, негативната енергија во Јоја ќе почнеше да се манифестира. Понекогаш кога се осеќав добро можев и во текот на овие манифестации да останам стабилен и мирен, а после манифестацијата не бев толку погоден од нејзиното влијание. Во други ситуации не можев да останам стабилен и мирен бидејќи тогаш бев погоден”.

“Многу пати кога манифестацијата ќе беше силна, а ситуациите тешки, се молев со многу поголем интензитет, а манифестацијата ќе престанеше речиси веднаш. Сфатив дека треба да се трудам повеќе да се молам со поголема духовна емоција и искреност”.

“За неколку години, од 2003-та до 2007-ма година, имав полно работно време и не обавував многу сева. Воглавном се грижев за Јоја. Во 2007-ма година, Н.С. Др. Атавле ми рече да побарам работа која ќе бара помалку време, за да би можел да обавувам повеќе часови сева“.

“До крајот на 2007-ма година, се преселивме во нов град наречен Шартр, каде требаше да започнам нова работа, која ми оставаше повеќе слободно време. После два месеци, видов дека работата не оди толку добро, па решив да се откажам. Една вечер додека зборував со една трагателка од Србија, која случајно ме праша: “Зошто не дојдете во Србија?”. Кога го рече тоа, осетив Божествена свест и се запрашав зошто се осеќам така. Направив интроспекција по пат на интелектот за тоа дали е можно да се преселиме таму. По консултациите со Драгана која во тоа време беше во Белград, голем дел од нашиот мебел го продадовме и се спакувавме во еден автомобил и се превезовме низ Европа за да живееме во Белград. Главната цел на нашето преселување беше да бидеме помеѓу трагачи и да ја зголемиме нашата духовна пракса.

“До април 2008-ма година, бевме стационирани во Белград и почнав секојдневно да ја зголемувам мојата сева, од три до четири часа. Ми беше тешко да седам подолго време пред компјутерот. Во јануари 2009-та година, отидовме во Индија на годишна SSRF работилница. Тогаш Н.С. Др. Атавле не покани да останеме во ашрамот. Во јули 2009-та година, го дадовме нашиот преостанат мебел и нашиот автомобил на трагачи, и се преселивме во Индија само со три куфери. Од Париз се преселивме во Шартр со голем камион од дваесет и два кубика, па потоа од Шартр до Србија со автомобил полн со ствари, и конечно од Србија во Индија со само три куфери!”

Забелешка од уредникот: Во Духовноста постои изрека која вели дека вистинскиот духовен напредок се случува преку жртвување на умот, телото и интелектот и на крај се на Светите Нозе на Гуруто. Н.С. Сириак е пример за жртвување и послушност според советите на Гуруто.

8. Духовна пракса во Индија и духовен раст

11-MKD-ganga

Кога дојда во Индија, прво го посетија Варанаси, каде Н.С. Сириак имаше единствено духовно искуство. Тие беа на брегот на реката Ганг, и Н.С. Сириак седна таму и ги затвори очите за да направи суптилен експеримент. Бидејќи тоа беше неговата прва посета на Варанаси, не знаеше дека тоа е подрачје во кое се почитува Божеството Шива, и каде се наоѓа познатиот Каши Вишавант храм. За време на тој суптилен процес, полека неговиот ум се здобил со концентрација и тогаш можел да осети бранови од Божествената свесност (Чаитанија) кој доаѓаат од реката Ганг и се шират во животната средина. Понатаму тој раскажува: “По неколку секунди, видов огромна форма на Божеството Шива во длабока медитација. Се збунив бидејќи не знаев зошто го гледам Божеството Шива. Осетив дека енергијата на Божеството Шива е многу мирна и дека емитува мир (Шанти). Видов дека Принципот на Божеството Шива е многу активен и присутен во реката Ганг и во Варанаси. Исто така, сфатив дека и покрај тоа што реката Ганг е витален дел од Индија, таа е и извор на живот во Индија. Ако реката Ганг исчезне, и Индија ќе исчезне”.

Забелешка од уредникот: Ако странец може да ја разбере важноста на реката Ганг, зошто тогаш индијците не ја чуваат духовната чистота на реката Ганг и не се трудат да ја одржат чиста, и да го спречат нејзиното загадување.

 

 Овие слики ја прикажуваат трансформацијата која се случи во Н.С. Сириак, Н.С. Јоја и Анастасија, по нивниот четиригодишен престој во ашрамот.

Заминувањето во Индија беше еден вид голема промена за Н.С. Сириак, Н.С. Јоја и Анастасија. Прилагодувањето на потполно различна култура, начин на живот, храна, итн. беше тешко. Н.С. Сириак рече: “Кога дојдовме во Индија, беше првиот кога останавме подолго време. Обично поради обврски поврзани со работата останував само по две недели, а еднаш само останав месец дена во јануари 2009-та година. Во почетокот ми беше тешко секој ден да седам многу часови пред компјутерот  и да обавувам сева и после два месеца мојот ум почна да осеќа вознемиреност’.

13-MKD-Brithday

“Преселувањето во ашрамот беше голем чекор и не беше лесен како што мислевме бидејќи културата е различна. Во ашрамот живеат околу 300-та трагачи, постојат разни правила како и ограничувања во јазикот, а и храната е различна. По првите шест месеци осетив дека мојот ум се спротивставува на обидите да се прилагодам на ритамот според кој се обавува сева во ашрамот. Многу часови во текот на денот во ашрамот се обавува сева, секој ден и не постои ден за кој би можеле да кажеме нешто како “Денеска е недела, па ќе одморам”. Во нашиот претходен начин на живот, умот беше научен да обавува многу други активности, па и сега го сакаше своето слободно време или да остане во својата комфор зона”.

“Сега, кога ќе погледнам наназад, јасно можам да видам зошто Н.С. Др. Атавле не донесе во ашрамот, не одвои од се што имавме, ни помогна да се прилагодиме и ни даде способност да обавуваме сева во ашрамот. Сфатив дека можеби тоа е единствениот начин на кој можевме да обавуваме духовна пракса”.

Постепено Н.С. Сириак се прилагоди и вложи искрен труд да ја зголеми духовната пракса. Сите трагачи почнаа да осеќаат блискост кон него и за неколку години неговото духовно ниво се зголеми на 62%, а до 2012-та година беше 66%. Неговите сатсева одговорности, исто така, се зголемија. Во продолжение се наведени некои од квалитетите кои се забележани кај него додека се грижеше за SSRF одделението во ашрамот и SSRF активностите ширум светот.

14-MKD-Bhav_state

“Н.С. Сириак е толку полн со љубов. Тој е како постар брат на кој можам да му ги кажам сите мои проблеми и од кој можам да добијам помош во духовна пракса. Тој го има тој единствен квалитет; дури и кога ќе му поставев некои прашања додека беше зафатен, тој никогаш не ме игнорираше и се обидуваше да го реши мојот проблем. Тој секогаш ме уверуваше дека промената во мене ќе се случи и дека ќе напредувам во духовна пракса. Секогаш кога ќе ми објаснуваше некој дефект или ситуација, даваше свои лични примери кои доведуваа до тоа да се развие уште поголемо чувство на блискост кон него. Тој има многу духовна емоција”. – Г-ѓа Швета Кларк.

15-MKD-shibir

“Во секој сатсанг, во е-маил или директна комуникација, Н.С. Сириак им помага на трагачите охрабрувајќи ги да истраат и да прифатат ситуации или да научат нешто ново, на таков начин кој им кажува дека успехот во духовните подвизи им е загарантиран. Тоа и сама многу пати можев да го осетам и секој пат кога ќе ми требаше охрабрување знаев дека можам да го замолам Н.С. Сириак да ми помогне”. – Г-ѓа Драгана Кисловски

“Тој секогаш внимателно ги слуша трагачите и се обидува да им помогне. Тој обавува сева со желба и перфекција. Тој, исто така, се труди се да заврши на време”. – Н.С. Јоја Вале

16-MKD-Surrender

Дури и трагачи кои поминале одредено време со Н.С. Сириак надвор од ашрамот, го забележале неговото природно однесување и состојбата на поврзаност со Бога. некои примери на ова забележала Г-ѓа Бавини Кападиа, за време на неговиот престој во нејзиниот дом во Пуне во 2014-та година. “Ние имаме жена која доаѓа во нашата куќа да ни помогне околу чистењето. Понекогаш после појадокот, на подот под масата ќе најдеше некои трошки. Во тој момент Н.С. Сириак веднаш ќе ги исчистеше наместо да мисли “Тоа подоцна ќе го очисти таа жена”. Овде ја сфативме нашата грешка и од него научивме како треба да изгледа идеално однесување. Понекогаш татко ми одеше да купува. Кога ќе се вратеше Н.С. Сириак ќе ја отвореше вратата како член на семејството. Ќе ги земеше стварите од рацете на татко и ќе го прашаше: “Дали сте уморни?” и ќе му донесеше вода”.

9. Н.С. Сириак беше во друштво и на сатсанг со повеќе Светци

10. Духовен раст преку сатсева

Н.С. Сириак духовно напредна преку обавување сатсева. Тој објасни како се трудел да обавува сева без престанок.

“Кога започнав духовна пракса во 1999-та година, во текот на неколку години обавував многу малку сева поради моите и попречувањата кои ги доживуваше Јоја, а и поради работата и природата на мојот ум. Во тој момент сфатив дека сите овие години не се трудев околу тој аспект на духовна пракса. Се сетив дека во духовната пракса треба да го предадеме телото, умот, интелектот и имотот. Предавање на телото и богатството беше лесно, а сфатив дека умот и интелектот можеме да ги предадеме преку сева. Почнав многу повеќе труд да вложувам во сева и сфатив дека преку сева можам духовно да напредувам. Почнав да бидам посветен на сева, бидејќи таа ми помагаше да напредувам и да развивам Божествени квалитети и да ги надминам моите недостатоци на карактерот и егото. Колку повеќе обавував сева, толку повеќе осеќав поинаков вид на состојба, онаа состојба на духовна емоција и Блаженство”.

“Знаев дека несигурноста беше најголема препрека за мојот духовен напредок. Беше посебна препрека во духовната пракса за доброто на општеството. Ја користев секоја прилика да работам на оваа препрека, соочувајќи се со секоја ситуација или обидувајќи се да видам како можам да ја надминам несигурноста во таа ситуација. Се обидував да направам интроспекција за да видам кој е правилен начин да ги спроведам работите, како би требало да се однесувам и делувам, и што не треба да правам поради несигурност, така што мојот ум да биде подготвен да се соочи со ситуации. Искрено му се молев на Бога и Н.С. Др. Атавле, бидејќи осеќав дека тоа е нешто што јас не можам да го надминам. Земав и многу автосугестии”.

18-MKD-PDada

“Имав неколку духовни искуства кога започнав да обавувам духовна пракса за доброто на општеството (самашти садна). Додека држев едно предавање за време на една работилница за важноста на самашти духовната пракса, одеднаш осетив многу Блаженство. Искуството беше толку силно што ми даде реализација дека само преку самашти духовна пракса можеме да го осетиме таквиот вид на состојба. Почнав повеќе да се трудам да развивам квалитети со цел да можам да обавувам и учам самашти духовна пракса”.

“Неодамна, кога имавме духовен состанок да го планираме ширењето на Духовноста, за прв пат искусив силно чувство на мир. Тоа ми даде ентузијазам уште повеќе да обавувам духовна пракса за доброто на општеството. Исто како што и јас имав придобивки од знаењето кое ми го пренесе SSRF и од духовна пракса, и од тоа како сето тоа ни помогна да ја надминеме нашата несреќа и патење, и не доведе до среќа и Блаженство, осетив дека секој треба да има пристап до ова знаење, да го примени во својот живот и искуси”.

11. Достигнување Светост

19-MKD-Sainthood_2

Напредувањето до духовно ниво од 60% бара посветен труд. Н.С. Сириак ги помина сите препреки со желба и духовна емоција. Во продолжение го опишува трудот кој го вложи: “Во 2010-та година, беше прогласено дека една трагачка која јас ја знаев е на духовно ниво од 60%. Кога го видов тој момент на видео снимка, и како таа осети духовна емоција, како го осеќаше присуството на Н.С. Др. Атавле и благодарност, сето тоа длабоко ме погоди. Сфатив дека на духовното ниво од 60% гледав од погрешна гледна точка. Сакав да достигнам 60% од егото дека сакам да бидам на 60%, но духовното ниво од 60% не се однесуваше на бројката. Наместо тоа, се однесува на тоа колку некој го осеќа присуството на Н.С. Др. Атавле и Бога внатре во себе, и колку доживува духовна емоција и благодарност. Сфатив дека сите овие точки мене ми недостасуваат. Тој ден осетив дека сум потрошил многу години и почнав да се фокусирам на трудот што треба да го вложам”.

Poojya dada

“Се трудев да зголемам на сева, да го зголемам бројот на молитвите, и се обидував се да сторам на еден посовршен начин. Осетив дека Бог ми помага, и дека мојата искреност растеше во споредба со порано”.

“Следниве се главните начини преку кои се трудев да се променам:

  • Се обидував да бидам посериозен во врска со отстранувањето на недостатоците на карактерот. Не го слушав умот и многу пати се обидував да одам против умот. На пример, ако се случеше да направам некои грешки, а умот се обидуваше да даде некое оправдување, се обидував тоа да го запрам и да видам поради кои дефекти настанала грешката. Друг пример е тоа што кога имав неколку различни севи, вклучувајќи и тоа да правам извештаи или табели, во тој момент кога умот ќе ми кажеше “Оваа табела е тешка, ќе го направам прво другиот извештај”, ќе го направев спротивното од тоа што умот ми говореше да направам. Еднаш седев и обавував сева два часа или повеќе и ми дојде мисла да направам пауза и нешто да каснам, но потоа друга мисла ме поттурна да останам и да обавувам сева. Тоа беше како Божјата рака да ме држеше да седам и продолжам со сева.
  • За отстранување на егото се трудев да не ги кријам моите реакции пред другите трагачи и наместо тоа отворено да ги кажам. Се трудев да не ја штитам сликата за себе пред другите.
  • Се казнував како на пример да се пробудам во 05:30 часот наутро и да обавувам сева. Бев строг кон себе и осеќав покајание и за мали грешки. Имам дефекти на брзање и нетрпеливост и пишувам мејлови со правописни грешки. Соодветно се казнував и за таквите видови на мали грешки.
  • Многу пати ќе се разбудев многу рано наутро и ќе започнев да обавувам сева, а ќе отидев на спиење околу полноќ. Умот ми говореше “Мора да си уморен бидејќи се пробуди рано, а сега е толку касно па подобро да одиш во кревет”, а потоа другата мисла ќе ми дојдеше и ќе ми речеше да видам како се осеќам сега, а да не го слушам умот. Често ќе сфатев дека не сум физички уморен и тогаш после тоа ќе останев буден.
  • Во текот на тоа време, осеќав дека тој налет на сериозност и енергија не доаѓаа од мене. туку дека некоја силна енергија ми го даде тој фокус во споредба со мојата вообичаена состојба. И осетив дека Бога ми ја дава сета таа енергија и сериозност, и дека сето ова се случи благодарение на Неговата Милост”.

21-MKD-Sainthood_3

Н.С. Сириак се присеќа дека неговата внатрешна љубов кон Бога, поставила важен темел за неговиот личен развој, и дека духовната пракса му помогна да ја унапреди понатаму.

“Уште додека бев мал, имав чувство дека треба да им помагам на другите и да им давам менталната поддршка. Се обидував се да согледам од позитивна перспектива дека се што се случува е за нешто добро. Кога бев мал, мајка ми ме научи дека другите се поважни од мене, и дека има повеќе среќа во среќата на другите, отколку во сопствената среќа. Во минатото, имав очекувања и осеќав дека треба да бидам добар кон оние кои се добри спрема мене. Со духовна пракса почнав да се трудам да видам како другите се осеќаат, да ги разберам, и сфатив дека скоро секој носи некое бреме или патење, и дека на секој му е потребно внимание и помош. Искрено се трудев да ги намалам дефектите како што се осудување и очекувања, и се обидував да осетам повеќе блискост со сите”.

Се молиме на нозете на Гуруто да научиме од овој напис и да можеме да ја зголемиме нашата духовна пракса.