Доживување суптилен мирис од обвивка на чоколадна бонбона која ја допре Неговата Светост Др. Атавле

1-MKD-Sean

Во 2005 година, го посетив ашрамот на Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF) во Индија.

Таму, имав привилегија да го запознам Неговата Светост Др. Атавле. По разговорот Неговата Светост Др. Атавле ми понуди чоколадни бонбони, и Тој исто така зема една за себе. Сфаќајќи го духовниот принцип дека настанува пренос на Божествена свесност (Чаитанија), секогаш кога Светец ќе допре било кој предмет, ја сочував за себе обвивката од бонбоната, бидејќи Неговата Светост Др. Атавле ја допре. Внимателно обвивката ја здиплив и ја ставив во џебот. Неговата Светост Др. Атавле ја згужва обвивката од Неговата бонбона во мало топче, па ја побарав да ми ја даде. И двете обвивки внимателно ги чував во ќеса со затварач, добро знаејќи за јачината на секоја обвивка.

Подоцна во октомври 2005 година, се вратив во Австралија, каде што во моментов живеев. Ќесата со затворачот ја држев во собата на олтарот. На 26-ти декември, тројца трагачи од SSRF дојдоа кај мене со цел да ми помогнат во развојот на интернет страницата на SSRF, кој тоа го обавуваа како нивно Служење на Бога (сатсева). 

Ашрам е место каде престојуваат трагачи за Бога, или каде работат заедно како служба на Бога, како дел од нивната духовна пракса. Притоа тие се обидуваат да ги надминат своите лични дефекти, его и да развијат Божествени квалитети со цел да ги применат во пракса различните аспекти на функционирање на едно Божествено Кралство.

После целодневното работење на веб-страната се одмаравме во дневната соба и разговаравме за настаните од тој ден. Добив мисла како би можеле да направат суптилен експеримент, така што би го тестирале своето шесто сетило на обвивката на чоколадната бонбона, и така да проверат дали можат да осетат Божествена свесност. Го отворив затварачот на ќесата од олтарот и во истиот момент осетив силен мирис кој излегуваше од ќесата. Сите присутни трагачи можеа да го осетат Божествениот мирис на јасмин и сандалово дрво, бидејќи беше доста интензивен.

– Шон Кларк, Мелбурн, Австралија

Sweet-Wrappers

Обвивките од бонбоните кои што ги допре Неговата Светост Др. Атавле

Духовната наука зад ова духовно искуство

Од каде потекнува тој мирис?

Секогаш кога Светец или духовно возвишено лице ќе допре било кој предмет, настанува трансфер на Божествена свесност (Чаитанија) од Светецот на тој предмет. Суптилниот мирис од обвивките на бонбоните се емитувал поради пренесената Божествена свесност на нив од Неговата Светост Др. Атавле. 

Како може да се согледа овој суптилен мирис?

Божествената свесност може да биде согледана од трагачите кои имаат развиено и активирано шесто сетило преку било кој од нивните суптилни сетилни органи, суптилниот ум или суптилниот интелект. Во текот на развојот шестото сетило, бидејќи суптилните сетилни органи се најгруби, тие и најрано се развиваат. Меѓу суптилните сетилни органи, сетилото за мирис е најгрубо, затоа тоа и прво се развива.