Духовен ефект од облеката направена од синтетичка ткаенина

1-MKD_Nylon

За подобро разбирање на овој напис, ве молиме да ги прочитате следните написи:

  1. Сатва, раѓа и тама – три основни суптилни компоненти во Универзумот
  2. Водич за живот на сатвик начин
  3. Како да се облекуваме – духовен ефект на облеката што ја носиме

1. Вовед во духовните ефекти на синтетичките ткаенини

Облаката направена од синтетички ткаенини стана незаменлив дел од модерната гардероба. Листата на нејзината намена е разновидна и ги вклучува женските хулахопки, долните делови од тренерките, спортската облека, чорапите, шорцевите и ветровките. Меѓутоа, секоја ткаенина има свои карактеристики и својства, не само на физичко туку и на духовно ниво. Кога ја носиме, суптилните духовни вибрации кои што се највеќе застапени во ткаенината ќе делуваат врз нас на духовно ниво.

Ако во материјалот најмногу е застапена сатва компонентата, тој ќе ни помогне на духовно ниво. Ако во него доминира тама компонентата, тоа ќе биде на наша штета на духовно ниво. Негативните ефекти на духовно ниво многу често доведуваат и до негативни ефекти на психолошко и физичко ниво. На пример, лицето може да почувствува вознемиреност на умот, мигрена или отежнато размислување.

Во овој напис ги истражуваме духовните својства на синтетичката ткаенина и нејзиниот ефект врз нас кога ја носиме.

2. Истражувањето засновано на духовната наука за облеката направена од синтетички материјал

Синтетичката ткаенина ја направил човекот и таа содржи хемикалии поради што нејзината способност да го привлекува Божествениот принцип во себе е ограничена. Поради тоа, во облеката направена од синтетички влакна преовладува раѓа-тама компонентата. Негативните енергии како што се духовите од духовната димензија ги привлекува се што е во основа раѓа-тама. Всушност, интензитетот на суптилните попречувања од страна на негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) врз луѓето кои што го користат овој вид на ткаенина е прилично висок.

Поради овој аспект, како и нејзините ограничени способности да прима и задржува позитивни вибрации, синтетичката ткаенина е едноставен медиум за негативните енергии кои што влијаат врз луѓето. На пример, негативната енергија полесно ќе ја попречуваат жената која што носи најлон чорапи.

3. Истражување засновано на духовната наука за својствата на синтетичката ткаенина од духовен агол

Во овој дел со вас ја споделуваме сликата заснована на духовното знаење која што ја нацрта г-ѓа Јоја Вале, која има многу развиено шесто сетило. Благодарејќи на Божјиот благослов и редовната духовна пракса за време на неколку години, Јоја има можност да ја забележува духовната димензија исто така како што ние можеме да ја видиме физичката димензија. Цртајќи ги овие слики кои што се засновани на духовното знаење, таа го споделува со нас својата единствена способност за перципирање на духовната димензија. Суптилната точност на нејзините цртежи пред објавувањето ги потврдува Неговата Светост Др. Атавле.

Точноста на нејзините цртежи е 80%, што е далеку над способноста на просечниот суптилен или видовит уметник.

2-MKD_subtle-picture-nylon

Во продолжение е објаснувањето за цртежот заедно со описот на искуството на Јоја.

  • Синтетичката ткаенина не е од сатвик природа. Текстурата на синтетичката ткаенина не е фина. Оваа ткаенина е направена од синтетички влакна. Поради тоа во неа се создаваат суптилни негативни енергии и се задржуваат околу ткаенината во активна форма.
  • Затоа ткаенината привлекува негативна енергија од околината.
  • Покрај честичките од негативна енергија, во синтетичката ткаенина постојат неколку видови негативни вибрации. Тие меѓусебно се мешаат и многу брзо стануваат активни и остануваат во таа активна форма. Затоа лицето кое носи синтетичка ткаенина станува вознемирено и збунето.
  • Кога синтетичката ткаенина хемиски се обработува за да добие разни бои или печатени слики, процентот на негативна енергија во неа расте за 1.5%.

Јоја подоцна опиша како се чувствувала додека го вршела суптилното читање на синтетичката ткаенина.

“Почувствував дека синтетичката ткаенина не е сатвик. Подоцна почна да ме боли главата само штом ќе ја земев ткаенината во рака и почувствував дека во неа доминира раѓа-тама. Се наежив и почувствував боцкање во раката”.

4. Клучни забелешки за носењето синтетичка облека

Земајќи го во предвид претходно наведеното, најдобро е избегнување на носење синтетички ткаенини, кои што човекот ги направил, што е можно повеќе. Материјалите како што се памукот, свилата и волната се природни и во нив повеќе е застапена сатва компонентата. Редовната духовна пракса и пеењето на Божјото Име ни помагаат да стекнеме заштитна духовна обвивка која ќе не заштитува од штетните елементи од духовната димензија. Редовната духовна пракса ни помага да стекнеме внатрешно разбирање за тоа што е сатвик, а што е тамасик. Еднаш кога ќе го стекнеме оваа разбирање ни станува многу полесно да се определиме за повеќе сатвик живот затоа што суштински го разбираме неговото значење.