Облеката и нејзиниот мирис – Како облеката може да биде под влијание од позитивните и негативните енергии

1. Вовед

Дали имате забележано дека облеката понекогаш има непријатен мирис иако е чиста? Дали имате забележано дека вашите лични предмети понекогаш се потешки од вообичаеното? Причината за тоа може да биде од духовна природа. 

Облеката и нашите лични работи се најблиску до нашето тело, затоа се во можност да ги привлечат суптилните вибрации кои што се емитуваат од нашето тело. Вообичаено е облеката после перењето да мириса пријатно и воглавном се трудиме да ја одржуваме чиста. И покрај тоа, понекогаш чувствуваме непријатен мирис од чистата облека или сме уморни додека ја носиме.

Од друга страна, во SSRF бевме сведоци дека позитивната енергија влијае врз облеката што ја носеа Светците или трагачите преку 60% духовно ниво.

Оваа појава не заинтересира да спроведеме понатамошни истражувања дека облеката може да биде под влијание од позитивните и негативните енергии. Во овој напис ќе споделиме некои случаи кога тие промени се случиа и ќе ја објасниме духовната наука која што стои зад тоа.

2. Духовни искуства за промените забележани на облеката

2.1 Физички видливи промени

Забелешка на уредникот: Пред читањето, ве молиме погледајте ги прикажаните слики и размислете што чувствувате.
Позитивни Негативни

1-MKD-hh-athavale-shirtКликнете на сликата за да ја видите зголемена

2-MKD-Nagnath-Mulje-VestКликнете на сликата за да ја видите зголемена

Облеката на Светецот: Оваа кошула е на Неговата Светост Др. Атавле со розова обоеност по неа. После истражувањето засновано на духовната наука, утврдено е дека розовата боја е манифестирање на Божествениот квалитет на љубовта без очекување на Неговата светост Др. Атавле Кога кошулата е изложена пред лицата кои се под влијание на негативните енергии доаѓа до духовно исцелување.

Облеката на трагачот: Во 2003. година, трагачот во SSRF г. Нагнат Муље, доживеа необично искуство, на поткошулата му се јавиа дамки од крв. Духовната анализа покажа како спонтаните дамки од крв беа создадени од влијанието на негативните енергии. После тоа, г. Нагнат доживеал напад од депресија затоа што негативните енергии го нападнале токму него. Тоа била и целта на негативните енергии да го вознемират ментално и предизвикаат пречки во духовната пракса.

Искуства: Ги прашавме читателите на SSRF страниците што чувствуваат додека ја гледаат оваа кошула, воглавном одговараа како чувствуваа леснотија од внатре, автоматски се јавило пеењето и пријатно се чувствувале додека ја гледале. Еве некои од нивните искуства:

  • „Гледајќи ја оваа кошула чувствувам мир и пријатност, можам долго време да ја гледам и чувствувам медитативна состојба – тоа укажува дека е позитивна.“

  • „Чувствувам дека тоа е едноставна љубов. Ми се допаѓа таа едноставност и љубовта што извира од неа како да извира од учителот.“

  • „Гледајќи ја сликата се концентрирав на својот Бог и почувствував трпнење на врвовите на прстите и како жолт лимон да се врти околу сликата.“

Нагнат зборува за своето искуство:„Им реков на трагачите дека чувствувам како грбот да ми гори. Кога го видоа мојот грб, видоа крвави дамки на поткошулата. Ја подигнаа поткошулата од грбот, но не видоа никакви рани на него кои би могле да ги предизвикаат тие дамки. После тоа пак ја спуштиа поткошулата. Додека ја набљудуваа и понатаму се јавуваа дамки од крв. Тогаш се случи нешто уште почудно, после 15 минути манифестираните дамки од крв стаа црни.“

2.2 Облеката и нејзиниот мирис – промени на облеката за суптилно ниво

Позитивни Негативни
Облека на трагачите: За време на суптилниот експеримент 2010. година, г-ѓа Авантика Диге од Бризбен, Австралија, забележала сатвик вибрации од облеката на својот сопруг, г. Атул Дигеа, кој во тоа време бил над 60% духовно ниво. (г. Атул Диге набрзо после тоа го достигнал нивото од 70%, односно Светост).

Облека на трагачите: Во 2010. година, спроведена е суптилна анализа на жолтата сари на трагателка која што е опседната од страна на негативните енергии. Со истражувањето засновано на духовната наука е заклучено дека облеката повеќе пати е нападната од страна на суптилен јасновидец (мантрик – моќна негативна енергија). Следуваат пишувани искуства од трагачите кои што го набљудувале сарито.

Искуство Почуствував чисти духовни вибрации од облеката. После мирисањето почнав подобро да се чувствувам и да добивам позитивни мисли. За разлика од сопствената облека која што ја помирисав пред малку, овој пат доживеав нешто многу смирувачко.“

Искуство Додека го држев сарито, чувствував силна топлина и зголемени попречувања. Многу трагачи со напредно шесто сетило можеа да го почувствуваат непријатниот мирис од сарито. Некои трагачи имаа силен притисок во главата, тежина во очите, рацете и нозете, иако беа оддалечени неколку метри од облеката.“

3. Духовната наука зад промените во мирисот на облеката поради влијанието од позитивните и негативните енергии

Како по правило дека зборот, допирот, формата, вкусот, мирисот и останатите поврзани енергии коегзистираат, облеката исто така ги привлекува суптилните својства од нашите тела. Поради Божествената свесност (Чаитанија) кај Светците, нивната облека и личните работи понекогаш емитуваат Божествен мирис. Исто така, тоа може да се случи кај трагачите кои што се над 60% духовно ниво, поради високата духовна емоција кон Бога.  

Таквите мириси што ги емитуваат Светците зрачат по потреба, односно – суптилниот мирис може да се појави или исчезне, можат да се појават разни мириси (на пример јасмин, сандаловина итн.) зависно од потребата. Бог го дава видот на суптилниот мирис кој што е потребен во тој момент. Божествениот мирис може да биде спасителски (тарак) или разурнувачки (марак). Воглавно мирисот на разурнување се разликува по својата острина и лутина.  

Меѓутоа, во денешно време, многу е поголема веројатноста просечното лице да доживее непријатен мирис од облеката и личните работи.

Во последните неколку години, дојде до зголемени активности на негативните енергии ширум светот. Никој не е поштеден од штетните последици, а негативните енергии се обидуваат да најдат што повеќе патеки за да создаваат проблеми на човештвото. Светците и трагачите кои што се вклучени во духовната пракса за придобивки на човештвото највеќе доживуваат попречувања од негативните енергии, но порано или подоцна сите ќе почнат да ги доживуваат.  

Еден од начините како негативните енергии ја шират црната енергија е по пат на облеката што ја носиме и личните работи што ги користиме. Така се впиваат негативните црни енергии. На пример, причина се за физичките тегоби, недостаток на виталната енергија, што е причина за умор, нејасни мисли, отежнато вршење на духовна пракса. 

4. Заклучок

Духовната димензија влијае на секој аспект од нашиот секојдневен живот. Преку овој напис добивме учење како облеката што ја носиме може да влијае врз нас на духовно ниво. Во нашиот нареден напис ќе ги споделиме практичните чекори што можеме да ги преземеме за духовно да ја прочистиме нашата облека и да ја заштитиме од влијанието на негативните енергии