Придобивки од пеењето – психолошки придобивки

Chanting – medical, psychological and spiritual benefits

1. Пеењето како терапија кај психолошките проблеми

Пеењето е корисно кај повеќето психијатриски болести. Всушност, повторувањето на Божјото Име можеби е една од најефикасните терапии во лечењето на опсесивно компулсивното пореметување. Пеењето е корисно кај повеќето болести.

2. Подсвесниот ум се прочистува преку пеењето

Енергијата која се шири од повторувањето на Божјото Име ги уништува импресиите во потсвесниот ум.

Како што сонцето ги уништува фекалиите и нивната смрдеа, така и енергијата којашто ја акумулираме повторувајќи го Божјото Име ги уништува нашите нечистотии во нас. – Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ

Потсвесниот ум преку пеењето се чисти на следниот начин.

2.1   Развивање на склоност кон пеењето и прочистување на потсвесниот ум

Според психологијата, повторувањето на Божјото Име е слично на некои ситуации во секојдневниот живот. Кога мајката го изговара или слушне името на својот син, доаѓа до појава на неколку емоции во нејзиниот потсвесен ум. На пример, мајчинската приврзаност, среќа, грижа, итн. Ова се случува затоа што сите тие емоции кои се во врска со името на објектот, во овој случај нејзиниот син, постојат во потсвесниот ум. Сеќавањето на тоа име или повикување на името постојано ги активира овие емоции. Ова е спонтана и многу моќна движечка сила во животот на мајката. Во некои случаи, токму поради оваа сила, мајката е подготвена да жртвува се за својот син.

Психолошкиот одговор на повторувањето на Божјото Име е исти. Кога го пееме Неговото Име, ни се појавува извесна емоција или сликата на Бога, свесно или несвесно. Така ние спонтано додека пееме ги доведуваме во врска и Божјите квалитети. Знаеме дека имаме придобивки од Божјата милост и повторувањето на Неговото Име е и начин да дојдеме до неа. Затоа се јавува духовна емоција (бав) во текот на пеењето на Името на Бога кое има одредени квалитети. Поради овие духовни емоции, прогресивно се зголемуваат емоциите од типот на почитување, љубов и преданост на Бога, страв од погрешни акции итн., додека од друга страна непожелните емоции се намалуваат. Така потсвесниот ум постепено се прочистува.

2.2   Намалување на импресиите

Додека се случува пеењето, потсвесниот ум не ги прифаќа импулсите кои му доаѓаат од центрите на потсвесниот ум, како што се центарот за желби, центарот за преференции и аверзија, центарот за карактеристики на темпераментот и центарот на интелектот. Кога ова повеќе време се повторува, постепено се намалуваат импресиите во овие центри и нашиот ум станува помирен.

2.3   Нови импресии не се развиваат

Се додека пееме, нови импресии не се создаваат во потсвесниот ум. Повторувањето на Божјото Име најверојатно е најдобриот начин да ги спречиме новите импресии да се создадат. Во состојбите на концентрација, медитација и самади состојба (свесна состојба во која сме соединети со Божјиот Принцип) импресиите во врска со другите ствари не се создаваат.

2.4   Отстранување на пречките со пеењето

Поради пеењето умот е помалку попречуван од надворешните збиднувања. Кога скитањето на умот се намали, желбите и свеста за телото кое не привлекува кон Големата Илузија (Маја) автоматски губи на моќност и сме во можност да се задлабочиме во пеењето. Наместо да ги задоволува желбите, умот е преокупиран со пеењето. Значи, желбите се намалуваат и на крајот во потполност се губат. Бидејќи желбите се суптилни по природа, потребни се суптилни средства (Божјото Име) како би се намалиле. Кога желбите значително ќе се намалат или веќе не постојат, тогаш можеме да останеме во Блаженство, кое нам ни дава внатрешно задоволство кое е далеку поголемо од задоволување на желбите кои доаѓаат од умот.

3. Пеењето ја зголемува интровертноста и интроспекцијата

Интровертноста и интроспекцијата се неопходни за да развиеме позитивни квалитети. И двата овие квалитети почнуваат да се развиваат преку процесот на повторување.

Пеењето во права смисла почнува тогаш кога се потрудиме да постанеме интровертни. Кога посакаме да следиме дали повторувањето на Божјото Име се случува во умот, мораме да се фокусираме на внатре, на пример да бидеме духовно интровертни.

Поради неговата својствена природа умот скита и е фокусиран на надворешните дразби и затоа не може да се задржи долго на пеењето. Оној момент кога тоа ќе го сфатиме треба да се потрудиме да го вратиме умот на пеење. Во текот на овој процес стануваме свесни на мислите или дефектите на личноста кои доведуваат до тоа умот да скита. Ова всушност е интроспекција.

4. Пеењето ја зголемува концентрацијата

Како потсвесниот ум се чисти во текот на пеењето, импулсите кои доаѓаат од потсвесниот во свесниот ум исто така се намалуваат и концентрацијата се зголемува. На овој начин, секоја активност што ја вршиме бидува завршена помирно, со повеќе концентрација и посовршено, и води кон поуспешен живот и духовен напредок.

Учењето се подобрило поради концентрацијата стекната со пеењето: ’Откако научив како се пее, си дојдов дома и почнав со пеење. Дури и кога вујко ми го вклучуваше телевизорот, не ми пречеше. Можев да се концентрирам на учењето без проблеми’. Гѓа Швета Дилип Партај, Мумбаи, Индија.

5. Пеењето го прочистува говорот

Кога во текот на денот зборуваме, ги зајакнуваме импресиите во врска со Големата Илузија (Маја) во нашиот потсвесен ум и умот станува нечист. Со оглед на тоа дека пеењето го прочистува нашиот потсвесен ум со Божествена енергија која тогаш се создава ова исто така доведува до прочистување на говорот.

6. Придобивки од пеењето слични на оние кои ги добиваме од тишината

Повторувањето на Божјото Име е еден од видовите на тишината. Затоа додека пееме се јавуваат следните психолошки придобивки од тишината:

А. Намалување на световните проблеми: Повеќето световни проблеми се јавуваат поради нашиот говор. Со оглед на тоа дека човек помалку зборува ако пее, природно доаѓа до избегнување на таквите проблеми.

Б. Избегнуваме да зборуваме лаги.

Ц. Контрола над шестте внатрешни непријатели: Шестте внатрешни непријатели се основните дефекти на карактерот кои не врзуваат за материјалниот свет и се одговорни за нашата несреќа. Тоа се: страст, гнев, гордост, завист, алчност и приврзаност. Кога емоциите како што е на пример гневот итн. не се манифестирани, постепено, благодарејќи на пеењето стекнуваме контрола над нив.

7. Заклучок – придобивки од пеењето

Наместо да живееме во стрес кој е толку присутен во денешно време, пеењето води кон живот без стрес кој за возврат води кон поголема продуктивност, способност да помагаме на другите и работиме со нив во мир, зголемена способност да ги сакаме другите, намалување на себичноста и духовниот раст.