Спонтани палења и изгореници предизвикани од негативните енергии од повисоко ниво

1-MKD_Ad-Case-Study

1. Вовед во спонтани палења/изгореници настанати во SSRF

Ако некој на интернет во пребарувач ги напише зборовите ‘спонтани палења кај луѓе’, ќе наиде на голем број веб-страници кои се занимаваат со овој феномен. Исто така, постојат и голем број на теории кои се занимаваат со овој феномен. Научниците се скептични кога станува збор за овие феномени за кои не постои целосно и докажано рационално објаснување.

Во SSRF (Фондација за истражување засновано на духовната наука), се соочивме со неколку ситуации каде што слики од Божества и/или Светци, спонтано се запалиле, а трагачите доживуваа искуства – по будењето би увиделе дека постелнината им гори или би пронашле необјасниви изгореници на нивната облека и други ствари. Во SSRF се пријавени премногу такви слични случаи на изгорени слики или други изгореници од региони кои гледано географски се одделни, и затоа ваквите случувања не можеме да ги сметаме за случајност.

2-MKD_Example-Spontaneous-Combustion

Спроведовме истражување засновано на духовната наука на овој феномен и во овој напис претставуваме некои од наодите за тоа како и зошто овој феномен се случува.

2. Причините поради кои настанува спонтаното палење

  • Преку истражување засновано на духовната наука, откривме дека 80% од случаите на спонтано палење за кои се нема рационално објаснување се предизвикани од негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.).
  • Останатиот 1% од случаите може да имаат некое физичко објаснување.
  • Причините поради кои негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) го прават ова се објаснети во написот – Застрашувачки натприродни појави – Вовед.

3. Како помоќните духови од повисоко ниво предизвикуваат спонтано палење или изгореници

  • Помоќните духови од повисоко ниво како што се суптилните мантрици, предизвикуваат спонтано палење користејќи го Апсолутниот елемент Оган (Теѓтатва). Зголемено ниво на напади преку спонтани палења се случуваат кога мантриците го користат Апсолутниот елемент Воздух и Апсолутниот елемент Етер, заедно со Апсолутниот елемент Оган.
  • Потребна духовна моќ:
    • Минималната духовна моќ на суптилниот ентитет способен да предизвика спонтано палење (каде што целта е просечен човек) е мантрик од 3-от регион на Пеколот (Патал).
    • Кога целта е трагач по Вистината (на духовно ниво од 60%), минималната духовна моќ на суптилниот ентитет треба да биде мантрик од 4-от регион на Пеколот.
    • Кога целта е слика на Божество или Светец, минималната духовна моќ на суптилните ентитет треба да биде мантрик од 5-от регион на Пеколот.
    • Во случај кога целта е Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), бидејќи негативните енергии организирано делуваат за да ја дестабилизираат мисијата на Неговата Светост Др. Атавле, воглавном се вклучени помоќните духовни од повисоко ниво од 5-от и 6-от регион на Пеколот.
  • Времетраење на ваквите напади: Кога целта на ваквите напади е SSRF, преку истражување засновано на духовната наука откривме дека спонтаните палења предизвикани од негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн), траеа од 5 секунди до 3 минути.

3.1 Спотани изгореници/палења кај луѓето – истражување засновано на духовната наука

Многу пати е утврдено дека жртви на спонтано согорување/палење речиси целосно изгореле, додека нивната околина, а понекогаш и нивната облека останала неоштетена. Ова најчесто се случува во домот на жртвата. Докоторите и полициските инспектори понекогаш приметувале и сладок мирис на чад во просторијата каде што се случил инцидентот. Специфичност на овие јагленисани тела во фотографиите на спонтани изгореници/палења кај луѓе, е тоа што екстремитетите често остануваат недопрени. Иако торзото и главата биваат запалени до не-препознатливост, рацете, нозете и/или делови од нозете можат да останат неоштетени. Исто така, собата во која била жртвата покажува малку или никакви знаци на пожар, освен масни остатоци кои понекогаш можат да се пронајдат на мебелот и ѕидовите. Во ретки случаи, внатрешните органи на жртвата остануваат недопрени, додека надворешноста од телото изгорела. Осврнете се на: science.howstuffworks.com

Следуваат нашите наоди кои ги добивме преку истражување засновано на духовната наука врз основа на претходно наведените опсервации за феноменот на спонтани согорувања/палења кај луѓе.

  • Причината зошто жртвата (просечен човек) на спонтано палење не се обидува да се придвижи за да довикне помош или да го угаси оганот е поради тоа што негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) предизвикуваат парализирана состојба кај лицето и како последица на тоа неговиот ум и тело се парализирани и лицето паѓа во несвест.
  • Во повеќето случаи, лицата се живи додека горат, но не можат ништо да сторат околу тоа или да преземат нешто.
  • Мрсните остатоци на ѕидовите и мебелот се јавуваат поради тоа што:
    • Негативните енергии користат суптилна запалива течност за да предизвикаат спонтано палење (30%)
    • Остатоци кои настануваат како резултат на согорување на физичките и суптилните течности (50%)
    • Разно (20%)
  • Генерално, спонтаните палења не можат да се постигнат со црна магија, освен во случаи кога лицето е контролирано од помоќна негативна енергија, како што е суптилниот мантрик.

Во оваа под-секција на Застрашувачки натприродни појави во SSRF, објавивме неколку истражени случаи со цел да прикажеме различни примери за тоа како овој феномен на спонтано палење настанува.

3-MKD_Case-Study-Click-Here