Правила и услови за давање донации во SSRF

Во продолжение се наведени правилата и условите кои вие (донаторот) треба да ги прифатите пред да направите донација во SSRF. Доколку не ги прифаќате, ве молиме да не ја користите можноста за донирање во SSRF. Со тоа што го користите овој веб-сајт, вие исто така, се согласувате со Условите за користење на овој веб-сајт, како што е споменато во нашиот дел “Услови за користење” на SSRF почетната страница.

 1. Дефениции

 Донација  Донацијата направена од страна на донаторот
 Донатор  Лицето, фирмата или компанијата која има намера да направи или направила донација во SSRF
 SSRF  Зборот SSRF кога се користи во овој веб-сајт, стои за Spiritual Science Research Foundation INC (Фондација за истражување заснована на духовната наука), непрофитна организација регистрирана во Австралија кај Австралиската комисија за хартии од вредност и инвестици (ASIC) со ABN 49 119 742 291 и во Сооединетите Американски Држави, во државата Њу Џерси (број: 0400176958) и Фондацијата за истражување засновна на духовната наука регистрирана во Србија, со матичен број: 28825595 (споменати во овој документ под заеднички наслов “SSRF”.
SSRF корисник Било кое лице кое има активна SSRF корисничка сметка, обезбедена од страна на SSRF преку веб-сајтот.
SSRF веб-сајт тим Луѓето кои се директно вклучени во работењето и функционирањето на веб-страницата
Сајтот Веб-сајтот ssrf.org или spiritualresearchfoundation.org
Ние Кога се употребува зборот ‘ние’ на овој веб-сајт тој се однесува на Spiritual Science Research Foundation, како што е дефинирано горе под ‘SSRF’.
Веб-сајт Веб-сајтот ssrf.org или spiritualresearchfoundation.org
Вие Заинтересираниот SSRF корисник кој донира

2. Општи услови

2.1  Доколку сакате да донирате во SSRF, можете да се регистрирате како SSRF корисник или изберете да донирате без да направите регистрација.

2.2  Со донирањето во SSRF, вие гарантирате дека сте постари од 18 години.

2.3. SSRF прифаќа онлајн донации со кредтини картички преку систем за електронско плаќање.

2.4 Со правењето на оваа донација, вие гарантирате дека механизмот кој вие го користите (кредитна картичка или на друг начин), е во ваша сопственост или имате дозвола да го користите.

2.5 Предмет на овие услови, е износот на донацијата која донаторот ја дава во SSRF, кој е дефиниран од страна на донаторот пред да се направи донацијата.

2.6 По добивањето на средствата, SSRF се обврзвува да ги користи овие средства за целите и активностите на организацијата како што е наведено во Условите за корситење.

2.7 Вие донаторот, ветувате дека нема да барате било какви реципрочни услугу од SSRF, врз основа на вашата донација.

2.8 Ја цениме вашата одлука да донирате во SSRF. Еднаш откако ќе направите донација, неможете да барате делумно или целосно да ви ја вратиме.

3. Ослободување од даноци

3.1 SSRF во Сооединетите Американски Држави (САД) е непрофитна корпорација, ослободена од плаќање данок, член 501 (c) (3) од Законот за внатрешни приходи на Сооединетите Американски Држави. Донациите направени во американски долари (US Dollars) од страна на американските даночни обврзници се ослободени од данок, до целосен обем дозволен со закон.

4. Одрекување од одговорност

4.1 Под никакви околности, Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), нема да биде одговорна за било какви индиректни, случајни или консеквентни загуби или штети или загуби на профит од било каква природа, како последица на користењето или пристапот до, или неможноста за користење на веб-сајтот, а исто така и неовластен пристап до вашите податоци или промени во текот на нивниот пренос.

4.2 Ќе направите се што е можно за да го заштитиме овој сајт и сите интернет комуникации кои се одвиваат помеѓу нас и вас, но нема да биде одговорни за:

!. Било какви загуби кои настануваат затоа што вие не сте преземале разумни мерки на претпазливост, за да спречите пресретнување или мешање со било какви комуникации (вклучувајќи, без ограничувања) бидејќи не сте користеле и ажурирале системите за заштита на податоци (firewalls) и анти-вирусни програми на вашиот компијутер; или

!!. Било какви загуби кои произлегуваат од погрешно или неавторизирано користење на вашата кретидна или дебитна картичка или други методи на плаќање. Доколку дознаете за неодобреното користење на вашата картичка, или ако е изгубена или украдена, треба да ја известите банката која ви ја издала картичката.

4.3 Одговорноста за губитокот на било кој износ или проблем поврзан со трансферот на средставата, ќе бида ваша.

4.4 Доколку имате проблем со вашата донација, SSRF веб-сајт тимот ќе направи се што може да ви помогне, но ние не преземаме никаква одговорност во решавањето на проблемите поврзани со враќање или загуба на средства во текот на трансакација.

5. Приватност

Ве молиме погледнете ја нашата изјава за приватност.

Ги задржуваме правата да ги измениме или целосно промениме или било кој дел од горенаведените правила и услови.