Позитивниот ефект којшто произлегува од ракописот на Светец истражуван преку PIP-опрема и високо развиено шесто сетило

Нашите наоди

SSRF ја користеше оваа PIP-опрема за да ги истражи различните аспекти на духовната наука. Во овој пример, користевме PIP-опрема за да ја разбереме разликата во енергетските полиња околу духовно чисти предмети, како што е ракописот на Светец, наспроти ракописот на нормална личност. Исто така, ова го споредивме со духовното истражување на ракописот на Светец, спроведено преку високо развиено шесто сетило.

Препис на видеото

1. Вовед

Намаскар и добредојде.

Во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), ја истражуваме духовната димензија веќе 25 години и повеќе и за разлика од конвенционалните истражувања кои се засноваат на 5-те сетила, умот и интелектот, духовното истражување може да се направи со користење на шестото сетило. Преку високо развиено шесто сетило, стекнато преку духовна пракса, трагачите по Бога од SSRF се во можност да ја доживеат и да гледаат во духовната димензија и да ни кажат работи што нормален човек едноставно не може.

Неодамна со унапредувањата на биофидбек направите, SSRF веќе ги користи овие направи за да да ги истражи ефектите на различни стимули на нашите аури, нашите енергетски системи и чакри. Ова е од голема придобивка бидејќи помага да се физички одобрат и докажат истражувањата кои веќе ги имаме направено преку духовни средства. На пример имаше некои предмети (елементи) за кои веќе знаевме дека имаат исцелувачки својства само врз основа на шестото сетило. Еден таков случај е ракописот на духовно напреднато (развиено) лице, исто така, познато како Светец. Ве молиме погледнете го нашиот напис на нашата веб-страница каде опишавме детално кој е Светец. Кога ги замоливме трагачите да држат парче хартија со овој ракопис, во краток временски период драматичен и позитивен ефект се гледаше на мерењата дадени од биофидбек направата кои ги мереа нивните енергетски полиња и чакри. Ова, исто така, ја покажа важноста на духовна пракса како средство да се добие супер здравје каде едно лице може позитивно да влијае врз многу други само со Неговото присуство.

Една од машините која ја користевме е PIP (Polycontrast Interference Photography), што значи поликонтрастно подобрување на фотографија. Тоа е направа којашто користи технологија слична на Кирилијанова фотографија и може да ги истражува аспектите и промените на енергетското поле, односно аурата околу луѓето и предметите.

Бевме во можност да направиме многу истражувања со PIP машината со помош на Др. Тортон Стретер и Др. Анируда Ганди од Центарот за био-енергетски науки.

2. Природата на достапни информации од слики добиени од страна на PIP техниката

Следува приказ на еден таков пример, каде го тестиравме енергетското поле околу ракописот на лице на различни духовни нивоа. Се фокусиравме на тоа обидувајќи се да видиме споредба во позитивноста и негативноста емитирана од ракописот на една личност во зависност од духовното ниво. Ракописот на една личност е одраз на неговата духовна позитивност и негативност.

Позитивниот ефект кој прозилегува од ракописот на Светец истражуван преку PIP-опрема и високо развиено шесто сетило

Ова е еден пример на енергетското поле околу ракописот на лице кое се смета за просечен трагач кое врши редовна духовна пракса во SSRF центарот за истражување.

Во однос на боите и нивното толкување портокалова, црвена и виолетови нијанси укажуваат негативност, додека жолта и зелена означуваат позитивност.

Во оваа PIP слика, можете да воочите како зелената боја се шири во областа околу ковертот. Исто така, можете да го видите вишокот на зелена боја на масата , црвената и розова боја околу масата и жолтата и црвена боја на ковертот.

3. Ракописот на просечен човек во споредба со ракописот на Светец како што се гледа преку PIP

Општо земено ни се допаѓа нечиј ракопис онака како што изгледа добро, но за нас, добар значи дека секоја буква е напишана во правилен ред и начин. Овде, нашите очи ја гледаат убавината на буквите и на нашиот ум му се допаѓа, но со духовна пракса можеме подобро да ги согледаме суптилните вибрации поврзани со ракописот.

Таквото лице ќе го согледа ракописот на Светецот како добар без разлика колку и да е лош во изгледот. Ракописот на Светец ни дава искуство на Чаитанија и Божествена свесност.

Неговата Светост Др. Атавле е изворот на инспирација и за FHA и SSRF. На сличен начин беше направен експеримент со ракописот на Н. С. Др. Атавле.

Позитивниот ефект кој прозилегува од ракописот на Светец истражуван преку PIP-опрема и високо развиено шесто сетило

Сликата лево е PIP слика со ракописот на просечен трагач, а онаа од десната страна е со ракописот на Неговата Светост Др. Атавле. Сега, кога ќе ги споредиме двете слики:

1. PIP сликата со ракописот на Неговата Светост Др. Атавле покажува далеку повеќе позитивност со зелена боја, во околината околу предметот на масата. Сега споредено со другата слика, има многу помалку зелено на сликата со ракописот на просечниот трагач.

2. Покрај тоа, црвената и виолетовата се показатели на негативност и се гледаат во многу помал процент во сликата со ракописот на Н.С. Др. Атавле, но се гледа далеку повеќе во сликата со ракописот на просечниот трагач.

3. И на крај, како што можете да видите и во двете слики, жолтата боја која е показател за позитивност се гледа. Меѓутоа, портокаловата боја, која е негативна не се гледа во сликата на Неговата Светост Др. Атавле, но се гледа во сликата на просечниот трагач.

Сега е важно да се разбере дека мерењата добиени од направите како PIP не можат никогаш да бидат замена за она што може да се согледа преку нечие шесто сетило. Направите во најдобар случај може само да го измерат најматеријалниот или најгрубиот дел од духовната димензија. Визуелниот приказ и наодите добиени преку овој инструмент се само површен приказ на знаењето кое може да се стекне преку вистинско духовно искуство. Главната цел на овој експеримент и негово визуелно прикажување е да се покаже:

1.  Дека аурата е или енергетското поле околу едно лице е многу реална и може да се забележи до одреден степен.

2. И дека науката се обидува да го разбере човековото енергетско поле или аурата.

Аурата на Светец не е иста, како што ја прикажува било која направа создадена од човекот.

4. Како се гледа ракопис на Светец преку шесто сетило

Во модерната наука ние набљудуваме и анализираме и заклучуваме користејќи ги нашите 5 сетила, умот и интелектот во форма на зборови, допир, слика, вкус, мирис и емоции и мисли.

Меѓутоа, во духовното истражување засновано на духовната наука се служиме со суптилни звуци, суптилен допир, суптилни мириси, суптилни визии на светлина и вибрации и способноста да се нурнеме во Универзалниот Ум и Интелект.

Некои од нашите трагачи можат да гледаат во духовната димензија или духовниот свет, исто како што ние го гледаме физичкиот свет. Тие го цртаат она што го гледаат и овие се познати како цртежи засновани на суптилното знаење. Цртежите засновани на суптилното знаење се само сликовно претставување или илустрација на аспекти согледани на суптилно ниво поврзани со било кој предмет или настан.

Сега ова е цртеж заснован на суптилното знаење забележан на ракописот на Н. С. Др. Атавле. Можат да се видат многу суптилни вибрации на Чаитанија или Божествена свесност.

Позитивниот ефект кој прозилегува од ракописот на Светец истражуван преку PIP-опрема и високо развиено шесто сетило

1. Се гледа како тече Чаитанија или Божествена свесност во жолта боја од речениците.

2. Се гледа како духовна енергија Шакти протекува околу зборовите во речениците.

3. Кружни бранови од Чаитанија  се создаваат околу ракописот и се емитува. Чаитанија сега се емитува од четирите агли на хартијата и

4. Бранови Чаитанија исто така се емитуваат од зборовите во нагорна насока и розевите честички се Блаженство се емитуваат во околината.

Како што можете да видите, постои огромна разлика во она што може да се перципира (согледа, забележи) со направите и преку шесто сетило.

Слично на тоа, направивме споредбено истражување на енергетски полиња поврзано со човековите нокти, коса и слики од различни категории на трагачи.

5. Заклучок и клучни наоди

Преку овој експеримент ги заклучивме следниве наоди.

1. Овие експерименти само потврдија дека постои голема разлика помеѓу Светец и просечно лице кое врши духовна пракса, а камоли човек кој не врши било каква форма на духовна пракса.

2. Многу луѓе не веруваат во постоењето на Светци. Разбирањето на позитивноста со помош на PIP сликите, се надеваме дека ќе поттикне љубопитност кај луѓето да најдат и научат повеќе за оваа тема, и конечно сами да постигнат духовно ниво на Светец.

3. Духовна пракса е потребна, бидејќи преку неа може да се постигне ниво на Светец, при што позитивно се влијае на околината.

Се надеваме дека ова објаснување за суптилната аура ја разбуди вашата љубопитност за ова. За повеќе информации ве молиме да ја посетите нашата веб-страница.

Се надевам дека многу научивте од гледањето на ова видео, колку што и ние научивме создавајќи го.

Ви посакуваме се најдобро на вашиот духовен пат.

Намаскар