Анализа на случајот – спонтана појава на изгореници во постелнина и весник

Забелешка: Со цел подобро да ја разберете позадината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се случуваат особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки натприродни појави.

WebОва е искуство на г-ѓа Теџал Патрикар која е водителка на телевизиска програма за духовни теми, која се подготвува со благословите на Неговата Светост Др. Атавле. 

Само што имав завршено со снимање на една од епизодите за духовната телевизиска програма во студиото на SSRF истражувачкиот центар во Рамнати, Гоа. Како што се приближуваше ноќта осеќав се поголем немир и имав многу негативни мисли. Таа вечер, одлучив порано да заминам на спиење. Во ашрамот спиеме на подот, така да си направив кревет и заминав да се освежам пред да заминам на спиење.

Кога се вратив, видов изгорена дупка на постелнината која беше со пречник од 2.5 сантиметри. Под постелнината како мерка за духовно исцелување обично држев весник во кој имаше фотографија од Н.С. Др. Атавле и Н.С. Дадаџи Ваишампајана. И таа ноќ весникот беше под чаршафот.

Web

На мое изненадување, изгорената дупка спонтано се појавила баш на она место каде го имав поставено весникот. Кога ја подигнав постелнината, видов дека изгорел и весникот. Дупката изгорела точно во пределот околу срцето на Н.С. Др. Атавле. Со други зборови целото подрачје околу Неговото срце беше изгорено. При отстранување на весникот, видов дека нагорел и мојот душек и тоа околу 2.5 сантиметри во длабочина. Бев прилично изненадена, бидејќи немаше ништо наоколу што би можело да предизвика таква изгореница.

Брзо ја променив постелнината, го свртев душекот од другата страна и се обидов да заспијам. Имав немирни мисли се додека не заспав. Утрото кога станав, иако умот ми беше посвеж од претходната ноќ, ме обзеде физичка слабост.

Коментар на тимот за истражување засновано на духовната наука: Доста често трагачите по Вистината осеќаат попречувања (на физичко и ментално ниво) пред да се случи самиот настан на спонтано горење, бидејќи нивното шесто сетило е осетливо на престојни непријатности.