Анализа на случајот – спонтана појава на крвави дамки на облека

SSRF ги објавува овие анализи на случаите со намера да на своите читатели им овозможи насочување во врска со проблемите кои се јавуваат на физичко или психолошко ниво, а кои својата вистинска причина можат да ја имаат во духовната димензија. Кога коренот на проблемите е од духовна природа забележавме дека вклучувањето на мерките за духовно исцелување дава најдобри резултати. SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лечењето на физичките и психијатриските болести. На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своја проценка

 

Забелешка: Со цел подобро да ја разберете позадината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се случуваат особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки натприродни појави.

 

1-MKD-Mr-Sangolkar

Овој инцидент се случи во март 2010-та година, а го доживеа г-дин Санголкар, трагач кој веќе многу години обавува духовна пракса под водство на Н.С. Др. Атавле. Единственоста на оваа анализа на случајот е појавата на голема количина крв, која спонтано се манифестирала без никаква рационална причина. Во продолжение е опишано што г-дин Санголкар доживеа таа ноќ.

Еден од трагачите во мојата област имаше многу ментални попречувања, а причината за ваквите попречувања беа негативните енергии. Тој дојде докај мене ноќта на 1-ви март 2010-та година, во 20:30 часот, да побара совет за неговата духовна пракса и како да ги надмине овие препреки. Непосредно пред тој да дојде, само што се вратив дома после цел ден поминат надвор и баш во тој момент се освежував пред спиење. Бидејќи добро го познавав трагачот, излегов од бањата на пешкир за да го поздравам. Седнавме во дневната соба и разговаравме за неговите проблеми. Мојата сопруга, која исто така обавува духовна пракса со мене, ни се приклучи во дискусијата. Откако на трагачот му помогнавме да ги види разните духовни перспективи за тоа како да ги надмине неговите ментални попречувања и подобри својата духовна пракса, изгледаше како малку да му олесна и беше помалку загрижен. Потоа, тој си замина дома, а тоа беше некаде околу 21:30 часот.

Станав од троседот и тргнав да се вратам во бањата за да се освежам. Одеднаш, мојата сопруга извика дека мојот пешкир има крвави дамки. Го соблеков пешкирот за да го погледнам и испитам, а потоа на свое изненадување видов дека и на мојата долна облека има дамки и дека премногу е извалкана. Не се сеќавам дека пешкирот имаше на него било каква крв кога го завиткав околу себе пред разговорот со трагачот, ниту пак се сеќавам дека сум видел било каква крв на долната облека пред да ја соблечам. Троседот на кој седев не покажуваше никакви знаци на било какви дамки од крв.

 

Одделението во SSRF за восприемање на духовната димензија, го сочинуваат трагачи коишто можат да ја набљудуваат суптилната димензија и цртаат слики од суптилниот свет (суптилни цртежи засновани на духовното знаење), како и да предлагаат духовни мерки за исцелување од негативните енергии. Некои од овие трагачи добиваат Божествено знаење, а некои се занимаваат и со Божествена уметност. Истражувањата во SSRF воглавном се спроведуваат во ова одделение.

Околу овој напис е нацртана рамка која го содржи принципот на Шри Кришна за да читателите не осетат било какви попречувања додека гледаат во фотографиите или ги читаат претходно наведените информации.

Нешто од внатре ми рече дека ова е суптилен напад од страна на негативните енергии. Се јавив во SSRF-одделот за знаење за духовната димензија и разговарав со г-ѓа Анѓели Гадгил, која всушност ме информираше дека баш во тоа време SSRF започна со поставување на содржина за таквите феномени на веб-страната. Со помош на развиено шесто сетило, таа потврди дека тоа било напад од страна на негативните енергии.

При интервјуто на г-дин Санголкар, тимот за истражување засновано на духовната наука, заедно со еден од докторите на SSRF, му поставија додатни прашања во врска со овој бизарен случај. Во текот на интервјуто добиени се следниве информации.

  • Г-дин Санголкар немаше историја на било какви медицински заболувања кои би можеле да го предизвикаат таквото крвавење. Тоа било прв пат тој да доживее нешто како ова.
  • Тој не осеќал никаква физичка непријатност, а камоли болка.
  • Неговите столици и движења на дебелото црево биле нормални на тој ден и немало никакви знаци на запек.
  • На неговата кожа немаше никакви оштетувања од каде би можела да се појави крв. Неговата кожа, исто така, не покажуваше никакви знаци на исушена крв.
  • Г-дин Санголкар имаше покачен шеќер во крвта и моментално земаше ајурведски лек за тоа. Не земаше никакви други лекови.
  • Г-дин Санголкар не заминал веднаш на доктор, бидејќи осетил дека се работи за суптилен напад кој имал цел да го заплаши и вознемири.