1. Вовед во истражувањето за духовните продобивки од Тулси или Светиот босилек
Тулси (Ocimum tenuiflorum) Ocimum_tenuiflorum или Свет босилек се смета за најсвето од сите растенија. Растението се култивира (одгледува) за религиозни и медицински цели, и за неговите етерични масла. Широко е познат низ Јужна Азија како медицинско растение и најчесто се користи во Ајурведа. Ајурведа е систем на традиционална медицина основана на Индискиот потконтинент и е во форма на алтернативна медицина.
Истражување беше спроведно од страна на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), за да се види ефектот на Тулси растението врз околината. SSRF спроведе понатамошен тест, за да се види дали има било какво влијание врз околината поради Тулси растението зависно од тоа кој го наводнувал растението. Две Тулси растенија беа користени во експериментот.
- Тулси растение А: Ова Тулси растение беше наводнувано од страна на просечен човек.
- Тулси растение Б: Ова Тулси растение беше наводнувано од страна на Неговата Светост Др. Атавле, Светец со духовно ниво над 90%.
Духовното ниво на една личност може само да биде констатирано преку медиумот на (високо развиено) напреднато шесто сетило. Сепак, за да го истражи ефектот на Тулси растението врз околината, SSRF користеше два уреда, и тоа ResonantFieldImaging (RIF) – (уред – сензори за скенирање на телото, објект или на околината) и PolycontrastInterferencePhotography (PIP) – (уред – визуелен систем на скенирање на кој се гледа подвижна слика во реално време на енергетското поле на телото или (аура) на кој операторот може да дијагностицира и следи проблеми поврзани со био енергетското поле.).
2. Основни информации за растението Тулси и Светци
Просечното духовно ниво на една личност која не врши никаква духовно пракса во сегашната ера (Калијуга) е помеѓу 20 и 25%. Кога едно лице ќе започне духовна пракса и се труди постојано на дневна основа, неговото духовно ниво постопено се зголемува. Кога духовното ниво на едно лице достигне 70% лицето се смета за Светец. Духовно ниво од 100% значи дека лицето е целосно соединето со Божјиот Принцип.
Духовното ниво на една личност е исто така, функција од соодносот, односно процентот на трите суптилни компоненти од кои е составено едно лице. Колку е поголема Сатва компонентата, што претставува духовна чистота во едно лице, толку е повисоко духовното ниво на тоа лице. Поради високото ниво на сатвикот присутно во Светците, тие позитивно влијаат на се и секого со самото нивно присуство. Бидејќи, Н. С. Др. Атавле е Светец од највисоко ниво, забележано е дека многу објекти користени од Него, покажуваат видливи промени поради Божествената свесност која произлегува од Него. Прочитајте повеќе за феноменот на прогресивни промени кај предметите поради позитивната духовна енергија.
Преку духовно истражување SSRF, откри дека Тулси растението има највисоко ниво на Сатва компонента помеѓу растенијата. Во Октомври 2013 година Божествени честички се појавиа за неколку дена на секој лист од растениот Тулси кое Неговата Светост Др. Атавле го наводнуваше секој ден на Неговиот балкон. Ова се должи поради тоа што растението е изложено на Божествената свесност која произлегува од Него.
3. Анализи со употреба на уреди (сензори за скенирање на телото, објекти или околината)
Ако некој има високо развиено шесто сетило или способност за надсетилна перцепција, може лесно да ја согледа духовно чистата природа на Тулси растението наводнувано од страна на Неговата Светост Др. Атавле и позитивните вибрации кои што ги емитува. Биофидбек направата како што е RFI (Resonant Field Imaging) – (уред – сензори за скенирање на телото, објекти или на околината) и PIP (Polycontrast Interference Photography: видови на уреди, опрема за скренирање на телото, визуелен систем на скенирање) – (уред – визуелен систем на скенирање на кој се гледа подвижна слика во реално време на енергетското поле на телото или (аурата) на кој операторот може да дијагностицира и следи проблеми поврзани со био енергетското поле.) можат да ги отчитаат вибрациите околу еден објект и да ги прикажат во визуелна форма. Ова му дава можност на просечниот човек визуелно да ја види аурата или енергетското поле на еден објект и неговата околина.
3.1 RFI (уред – сензори за скенирање на телото, објекти или на околината) отчитувањата
Мерење на: |
Отчитување |
Што значи: |
---|---|---|
Околината пред поставување на Тулси растението наводнувано од страна на просечен човек |
121.2 MHz |
Бојата на оваа фреквенција, според RFI-уредот е портокалова што укажува на присуство на Тама преовладувачки вибрации или духовно нечисти вибрации.Суптилната компонента Тама означува духовна загаденост и се однесува на духовното незнаење и инерција. |
Околината после поставување на Тулси растението наводнувано од страна на просечен човек |
121.2 MHz |
Неговата соодветна боја на RFI графиконот е портокалова и го означува притисокот и негативноста во околината. |
Околината на Тулси растението наводнувано од страна на Неговата Светост Др. Атавле |
125.0 MHz |
Неговата боја е златна и тоа значи повисоко ниво на позтивни вибрации. |
3.2 Отчитувањата на PIP-уредот
Со употреба на PIP-уредот (уред – визуелен систем на скенирање на кој се гледа подвижна слика во реално време на енергетското поле на телото или (аурата) на кој операторот може да дијагностицира и следи проблеми поврзани со вашето био енергетско поле) направивме три отчитувања и тоа:
- Околината без Тулси растение
- Околината со Тулси растение наводнувано од просечно лице
- Околината со Тулси растение наводнувано од страна на Н. С. Др. Атавле.
Ајде сега да ги разгледаме секоја од овие аури, кои ги прикажува PIP-уредот.
3.2.1 Околината без Тулси растение
Ова е една слика на аура од околината кога беше празна и немаше поставено Тулси растение. Како што може да се види на сликата подолу, главните бои кои се гледаат се портокалова и виолетова, кои укажуваат негативност. Зелената боја, што укажува на позитивност е отфрлена назад поради портокаловата боја. Ова беше основното отчитување на околината пред да го поставиме Тулси растението
3.2.2 Околината со Тулси растение наводнувано од страна на просечен човек – Тулси растение пример: А
Во следната фаза на тестирањето, Тулси растението наводнувано од страна на просчно лице, беше донесено во истата околина. Како што може да се види од дијаграмот подолу, постои значајна промена во аурата за време од пет минути. Негативно поврзаните бои се растуриле и бои кои се сметаат за позитивни како што се зелената и траги од светло сина претежно се гледаат. Ова покажува дека Тулси растението позитивно влијае врз околината.
Околината по Тулси растението наводнувано од страна на просечен човек и пред да биде поставено Тулси растението наводнувано од страна на Н. С. Др. Атавле.
3.2.3 Околината со Тулси растение наводнувано од страна на Н. С. Др. Атавле – Тулси растение пример: Б
Конечно нормалното Тулси растение беше отстрането и заменето со Тулси растението наводнувано од страна на Н. С. Др. Атавле. Како што може да се види од сликата на аурата прикажана подолу, постои значително зголемување во износот на светло сината боја. Светло сината боја према PIP-уредот се смета дури и за повеќе позитивна отколку зелена. Ова покажува дека, Тулси растението наводнувано од страна на Н. С. Др. Атавле беше далеку повеќе позитивно отколку обично Тулси растение.
3.2.4 Резиме на заклучоци и значење
Во овој експеримент, резултатие од биофидбек уредите само ги потврдуваат наодите добиени преку шесто сетило за духовната чистота на Тулси растението и огромната придобивка од самото присуство на Светец. Следниве се клучните точки утврдени со експериментот.
- Тулси растението е многу позитивно и позитивно влијае на околината за многу краток временски период.
- Со одгледување на Тулси растение во нечиј дом или градина, ќе има духовно исцелувачи ефект на околина од кој најмногу за возврат ќе придобијат луѓето кои живеат во тој дом.
- Ако некој врши духовна пракса, тогаш како што негово духовно ниво расте, тоа влијае позитивно на околината.
- Кога едно лице достигне духовно ниво на Светец, тогаш со самото Негово или Нејзино присуство, луѓето и објектите во непосредна близина се инфузирани (придобиваат, се под влијание, внесуваат, се здобиваат) со духовна позитивност.
Горенаведените скенирања и анализи се направени со помош на г-дин Сантош Јоши (Универзален истражувач на енергија, Мумбаи, Индија.)
SSRF апелира до научниците и експертите во оваа област да ни се придружат во проучувањето на различните необјаснети феномени во Духовно Научно Истражувачкиот Центар во Гоа, Индија