Анализа на случајот – спонтано палење и горење на олтар

SSRF ги објавува овие анализи на случаите со намера да на своите читатели им овозможи насочување во врска со проблемите кои се јавуваат на физичко или психолошко ниво, а кои својата вистинска причина можат да ја имаат во духовната димензија. Кога коренот на проблемите е од духовна природа забележавме дека вклучувањето на мерките за духовно исцелување дава најдобри резултати. SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лечењето на физичките и психијатриските болести. На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своја проценка.

Забелешка: Со цел подобро да ја разберете позадината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се случуваат особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки натприродни појави.

1-MKD-Spontaneous-CombustionВо оваа анализа на случајот, опишуваме како олтар и сите слики од Божества кои биле поставени на него, спонтано изгореле. Овој настан е раскажан во зборовите на г-дин Сурендра Базме, трагач кој обавува редовна духовна пракса под водство на Неговата Светост Др. Атавле.

Овој настан се случи 2005-та година во текот на ноќта и тоа во сева кендрата во Карад. (Сева Кендра е место каде што заедно живеат трагачи со цел колективно да обавуваат служење на Бога и шират Духовност). Осеќавме зголемен суптилен притисок во сева кендрата. На подот, спонтано се појавиа крвави дамки. Подоцна таа ноќ, на горниот кат од сева кендрата, еден од трагачите г-дин Нагнат Мулје кој во тоа време обавуваше пеење на Божјото Име, осетил удар во лицето – шамар, иако немаше никој наоколу. Звукот на шамарот беше толку јак што сите отрчавме да видиме што се случува. На лицето на г-дин Нагнат видовме свежи трагови од рака. Со оглед на тоа дека осеќавме зголемени суптилни активности на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии) кои се обидуваат да ги попречат активностите во сева кендрата, одлучивме сите заедно да спиеме на долниот кат.

Таа ноќ немаше повеќе инциденти, но утрото видовме дим кој излегуваше од прозорците на просторијата за медитација. Побрзавме кон горниот кат со цел да испитаме што се случува и бевме шокирани од она што го видовме. Од секоја слика на Божество на олтарот, излегуваше пламен. Жолтото платно кое стоеше во позадина и кое на себе го имаше амблемот на Гуруто и ученикот, исто така беше во пламен. Се обидовме оганот да го изгасиме со вода, но не успеавме. Повремено оганот ќе стивнеше, но многу брзо пак ќе се разгореше. Дури откако помешавме Свет пепел (Вибутии Кравја урина (Гомутра) со вода и го пеевме Името на Божеството Шри Рам, а потоа ќе ја натопевме секоја слика со тоа што ќе ја нурневме во водата, оганот престануваше. Никој од нас не можеше да пронајде било какво објаснување за палењето, бидејќи не постоеше ништо што би можело да го предизвика.

Коментар на тимот за истражување засновано на духовната наука:

Уште една работа која не погоди беше тоа што секоја од сликите на одредено Божество беше запалена како некој или нешто, намерно да палел слика по слика. Тоа воопшто не изгледаше на нормален пожар каде што се гори подеднакво.

Следнава серија од слики го прикажува олтарот во Карад и сликите на Божествата кои беа запалени.

 

Околу овој напис е нацртана заштитна рамка која го содржи принципот на Шри со цел трагачите да не осетат било какви попречувања додека гледаат во сликите или го читаат претходно наведениот текст.