Духовно искуство – чуден вкус на крв без постоење на било каква рана

1-MKD-YogeshСо духовноста ме запознаа трагачите на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), во 1997 година. Од тогаш практикувам духовна пракса под водство на SSRF. По занимање сум правник. Со цел да го следам својот духовен пат, во февруари 1998-ма година, се откажав од мојата професија и го посветив сето свое време кон служење на Бога преку SSRF. Од тогаш живеам во SSRF центарот (ашрам) во Индија, и ги нудам своето време и услуга за ширење на духовноста.

Денот на 2-ри декември 2004-та година, работев на одржување на батериите на инверторот кои и припаѓаат на SSRF, заедно со уште некои други трагачи. Додека ја поправав батеријата, одеднаш изненадно почнав да осеќам вкус на крв во грлото, иако на грлото немам никакви рани од каде би можела крвта да се појави. Тој чуден вкус на крв траеше речиси пет минути и предизвика кај мене вознемирувачко и непријатно чувство. Следната вечер околу 21 : 30 часот, седнав да го запишам непријатното искуство со цел да го документирам и предадам на SSRF-одделот за знаење за духовната димензија, како би го истражиле. Само што почнав да пишувам, осетив силен притисок во главата кој ми го отежнуваше размислувањето и пишувањето.

– Г-дин Јоѓеш Џалтаре

Духовната наука зад искуството

Вина Адкар, трагателка од одделот на SSRF за знаење за духовната димензија која има високо развиено шесто сетило (ЕСП), спроведе суптилно отчитување на горенаведениот инцидент. Таа сфати дека на Јоѓеш влијаел суптилен мантрик, еден вид на дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.), од шестото ниво на Пеколот. Целта на мантрикот била да го спречи Јоѓеш во обавувањето на неговата духовна пракса. Овој мантрик ширел црна енергија во грлото на Јоѓеш во обид да создаде обвивка од црна енергија околу неговиот ум и интелект. Тоа се манифестирало како вкус на крв. Суптилните мантрици делуваат на ваков начин, за да им создаваат проблеми на своите жртви. Манифестациите на ваквите влијаниа можат да бидат во вид на лош мирис или чуден вкус. Духовите ги оркестрираат ваквите манифестации со помош на петте Апсолутни космички елементи. Во овој случај т.е. за духовното искуство чуден вкус на крв, е употребен Апсолутниот космички елемент Вода.

Основното оружје кое мантриците или духовите го користат е црна енергија. Кога умот и интелектот на еден трагач ќе бидат зафатени со црна енергија, трагачот осеќа покачен притисок во главата и неговиот процес на размислување бива замаглен. Како последица на тоа, сите активности на трагачот стануваат забавени и тоа ги отежнува неговите напори во духовна пракса. Вина исто така дознала дека мантрикот ширел црна енергија и во атмосферата околу Јоѓеш.