Анализа на случајот – спонтано настанати согорувања и изгоренци кај луѓе

Забелешка: За подобро да ја разберете суштината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се испитуваат, особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки природни појави.

Ова е сведоштво на г-дин Вилас Кришна Наик од Синдудург, Индија (кој обавува духовна пракса под водство на Н.С. Др. Атавле). Тој бил жртва на негативните енергии кои се обиделе да го запалат.

На 1-ви април 2004-та година, отидов во кревет некаде околу еден часот по полноќ. Бев доста уморен и веднаш сум заспал. Некаде околу 03 : 30 часот, одеднаш се разбудив и моето будење беше проследено со кашлање и на телото осетив топлина. Така поспан, сфатив дека прекривачот со кој се покривав се запалил и дека сум опкружен од пламен. Веднаш скокнав и го фрлив прекривачот, а потоа се обидов да го изгасам оганот, со тоа што прскав вода врз прекривачот.

Не можев да сфатам како прекривачот се запалил, бидејќи во околината немаше ништо што би можело да предизвика пожар. Тоа е чудо што јас поминав без никаква повреда, па дури и без најмала изгореница.

Тимот за духовни истражувања: Во слајд презентацијата која следува се прикажани изгорени постелнини на различни трагачи. Овие случаи, доколку не би биле забележени на време, би можеле да се претворат во случаеви во кои луѓе спонтано се запалиле или загинале во пожар.