Како можам да придонесам?

MKD-contribute

SSRF е воден од волонтери кои имаат заедничка цел да му служат на Бога и на општеството, како дел од нивната колективна духовна пракса. Уште кога SSRF го стартуваше овој веб-сајт, добиваме прашања од голем број на луѓе како и тие можат да придонесат во мисијата на SSRF.

Најдобрио начин да му се служи на Бога, е преку ширење на Духовноста и будење на општеството за нејзината важност.

За да се извлече најголема придобивка од служењето при Апсолутната Вистина (Сатсева), најдобро е тоа да се обавува на цврста база на индивидуална духовна пракса. Затоа, најдобриот начин на кој можете да почнете да придонесувате е самите да започнете духовна пракса. SSRF обезбеди препорачана духовна пракса која можете да ја започнете или да ја вклучите во вашата духовна рутина доколку веќе ја имате. Со тоа што ќе ги искусите придобивките на духовната пракса од прва рака и ќе има раскажете на другите за тоа, подобро можеме да му служиме на самото ширење на Духовноста.

Следниве се различните работи што можете да ги направите за да придонесете во SSRF и ширењето на Духовноста врз основа на некои заеднички карактеристики.


  • Се снаоѓам на интернетот и имам многу пријатели на кои и праќам е-мејл пораки/со дел сум поврзан преку онлајн група
    • Пратете е-маил на вашиот пријател: Доколку ви се допаднал или сте имале придобивка од било кој од нашите написи, пратете  го написот по е-маил на вашите пријатели или вашето семејство и споделете го тоа знаење со нив. Тие можат да имаат иста придобивка како и вие. Можете да го искористите нашиот линк “Испрати е-маил на пријател”.
    • Проследете нови написи и известувања за настани: Оние од вас кои се пријавиле за добивање на наши написи и известувања за настани, исто така можат да помогнат да се умножи ефектот од известувањата. Можете да го проследите известувањето во кругот на вашите пријатели и семејства, или во кругот на луѓе кои мислите дека би можеле да бидат заинтересирани за духовно истражување и знаење, односно кои се спремни да започнат духовна пракса.
    • Постирајте линкови во онлајн форуми: Можете да објавувате линкови од SSRF написи во различни онлајн форуми или во групи на истомисленици со кои се дружите. Исто така, можете и да им пратите е-маил. Во секој случај, немојте да им праќате несакана пошта (спам) и во секое време придружувајте се до правилата на онлајн форумот.
  • Имам своја веб-страница
    • Додајте линк: Доколку сте сопственик на сајт со слични интереси или теми и сакате духовното истражување и знаење да биде споделено на вашиот сајт, љубезно поставете го линкот на вашиот сајт и информирајте не за тоа. Можете да не контактирате преку опцијата “Пратете коментар“.
    • SSRF банери/реклами/натписи: Исто така, на вашиот сајт можете да поставите банер/реклама. Откако прво ќе не информирате за вашите намери ќе ви испратиме SSRF банер во бараните димензии. Можете да не контактирате преку опцијата “Пратете коментар“.
    • Истакнете напис на SSRF: Можете да истакнете некој од нашите написи на вашиот веб-сајт. Ве молиме да не известите нас за тоа и јасно истакнете дека написот е од веб-сајтот на SSRF и линкот води на нашата веб-страна. Можете да не контактирате преку опцијата “Пратете коментар“.
  • Трговец сум на мало
    • Држење залихи на SSRF мирисливи стапчиња: SSRF има уникатни мирисливи стапчиња кои можат да се користат за духовно исцелување. Сиот приход од продажбата на мирисливи стапчиња е насочен понатаму кон продолжување на нашето истражување. Доколку сакате да не контактирате за набавка на SSRF мирисливи стапчиња, ве молиме направете го тоа преку опцијата “Пратете коментар
  • Имам пристап до медиуми:
    • Публицирање/истакнување на SSRF преку печат/прес: Доколку сте уредник или новинар во печат, можете да обработите некои од духовните истражувања кој ги спроведовме. Исто така, обратете се на нашиот оддел за објавување.
    • Објавување на SSRF видео материјали: Ако сте предавач, наставник или волонтер во организација со слични интереси, добронамерник, оној кој одлучува или претставник на медиум кој има можност да го објавува уникатниот видео материјал на SSRF, ве молиме, љубезно контактирајте не преку опцијата “Пратете коментар“. Исто така, оваа опција можете да ја искористите за да добиете детали во врска со големата колекција на уникатни духовно истражувачки видеа, како и можноста за нивно објавување на вашиот сајт, блог, мрежа, локална ТВ-станица, кабелска, итн.
  • Доаѓам од организација на истомисленици:
    • Предавање во вашите простории: Мисијата на SSRF е да го сподели знаењето за духовната димензија со луѓето кои имаат интерес за тоа. Ако сте член на организација истомисленици и мислите дека предавањата на SSRF би биле корисни за вашите членови, љубезно пишете ни преку опцијата “Пратете коментар” и ние ќе бидеме повеќе од среќни да одржиме предавања во вашите простории.
  • Прилично добро ја проучив веб-страната на SSRF
    • Споделете го знаењето: Можете да им раскажете на вашите пријатели за концептите во Духовноста и важноста на духовна пракса. Исто така, ова ќе ви помогне подобро да го разберете она што се го проучувале.
    • Духовните принципи, исто така, можете да ги примените во пракса. Доколку имате било какви пречки во вашата духовна пракса, можете секогаш да побарате помош преку опцијата “Поставете прашање“.
  • Знам англиски, а течно зборувам и други јазици
    • Сатсева преведување: Преведувањето SSRF написи на други јазици, освен англискиот, им овозможува на интернет читателите ширум светот да имаат пристап до непроценливо знаење за Духовната наука. Доколку би сакале да ги понудите вашите вештини и услуги за преведување на било кои SSRF написи во вашиот мајчин јазик како француски, шпански, германски, мандарински, итн. љубезно контактирајте не преку опцијата “Пратете коментар“.
  • Живеам во област каде SSRF редовно одржува предавања и сатсанзи
    • Присуствување на сатсанзи: Посетувајте ги предавањата и сатсанзите редовно и поставувајте прашања. Ова ќе ви помогне да започнете или да го надополните своето духовно патување.
    • Организирање сатсанзи: Оние кои веќе присуствуваат може ќе сакаат да заземат учество во активностите попроактивно. Доколку сакате да го волонтирате вашето време, енергија и вештини во организирањето сатсанг или предавање, еве некои можности кои можете да изберете
      • Наоѓање и резервирање на простор (откако прво ќе се консултирате со SSRF)
      • Повикување или праќање на е-маил пошта на учесниците како потсетник за предавање.
      • Поздравување на присутните и делење материјали и прибирање на повратни информации.
      • Печатење на плакати и флаери
      • Делење плакати и флаери
      • Поставување и расчистување на простор
      • Контактирање весници и списанија за огласување
      • Контактирање медиуми за публицитет на предавањето
      • Превезување трагатели или изнајмување автомобил
      • Понудување опрема како што се лап-топ, проектор, платно (екран), итн.
      • Понудување безалкохолни пијалаци, вода и гризини за време на паузата, итн.

      Сето ова е познато како сатсева или служење на Апсолутната Вистина. За да научите повеќе во врска со важноста и значењето на служењето на Вистината, ве молиме прочитајте ја нашата кратка секција која се однесува на сатсева.

  • Имам пристап до сала која може бесплатно да се користи за предавања
    • Држење предавања и сатсанзи: Ве молиме информирајте не доколку би сакале да го понудите својот простор и ние тоа ќе го евидентираме во случај доколку одржуваме предавања во вашата област.
  • Сакам да купам сатвик подарок за своите сакани
    • Навикнати сме да ги даруваме другите луѓе за нивните родендени, годишнини, дипломирања, посебни денови или само како израз на љубов која ја осеќаме кон нив. Повеќето од нас би сакале да подарат нешто уникатно и значајно. Дарувањето SSRF мирисливи стапчиња придонесува за следново:
      • Создава пријатна атмосфера во домот
      • Се зголемува позитивната енергија во просториите
      • Пријатни мириси кој активираат одреден Божествен Принцип
      • Се отстранува негативната енергија која го попречува лицето и домот
      • Се добива одлична вредност за потрошените пари
  • Сакам да донирам
    • Искористете ја опцијата Донирајте: Фондацијата за истражување засновано на духовната наука е непрофитна организација чија мисија е да му служи на човештвото, и која има одредени трошоци при овој процес. Овие трошоци се покриени од прилозите дадени од трагачите кои обавуваат духовна пракса, добронамерниците и волонтерите. Доколку сакате да донирате за оваа мисија, љубезно користете ја иконата “Донирајте” на нашата почетна страница и следете ги упатствата (Овде дадовме три причини за донирање од нашиот блог)
    • Спонзорирајте настан: SSRF месечно организира повеќе од 30 бесплатни предавања и духовни средби ширум светот. Трагачите на SSRF придонесуваат вложувајќи го своето време, енергија, вештини и финансии за да ги организираат овие настани. Доколку би сакале да спонзорирате SSRF настан (од нашата листа на страницата за настани) во било кој град, ве молиме контактирајте не преку опцијата “Пратете коментар“.
  • Ми помогна обавувањето на духовна пракса препорачана од SSRF
    • Вашите искуства: Ве молиме да ни кажете како препорачаната духовна пракса и духовно исцелувачки методи на SSRF ви помогнаа вам или вашите најблиски. Би било од корист за пошироката заедница ако тоа можеме да го објавиме како истражување на вашиот случај или духовни искуства. За таа цел, бележете ги вашите искуства и споделете ги со нас преку опцијата “Пратете коментар“. Пред да ги објавиме, ќе ја побараме вашата дозвола. Дури и ако не сакате да се објават, сепак би сакале да знаеме дали сте имале некоја придобивка. Доколку ви треба било какво појаснување за искусеното, ве молиме не двоумете се да побарате помош од нас преку опцијата “Поставете прашање“,
  • Поседувам специфични вештини за реставрирање музејски предмети и видео монтажа
    • Посветете го вашето време и вештини за зачувување на духовно непроценливи предмети: Помогнете да се зачуваат уникатните предмети кои ги покажуваат и позитивните и негативните аспекти на духовната димензија од било какво влошување на нивната состојба со цел да им се овозможи и осигури на идните генерации да ги проучуваат овие предмети и бидат дел од ова духовно истражување.
    • Видео монтажа: Помогнете да се направи каталог и уредат бесценети снимки од духовни истражувања, кои се собирани во текот на еден период повеќе од 10 години.
    • Целосни детали можат да се најдат во нашиот напис чување на знаењето за духовната димензија.