Ефекти и придобивки од конзумирање вегетаријанска храна наспроти месо

Резиме: Многу компаративни истражувања се достпани за придобивките од вегетаријанската храна, наместо конзумирање месо. Овој напис ги расветлува ефектите и придобивките од конзумирање месо и вегетаријанска храна исклучливо на духовно ниво. Во овој напис го презентираме нашето истражување за ефектот од конзумирање месо и вегетаријансkа храна врз Кундалини чакрите на трагачи со и без попречувања од негативни енергии, користејќи ја Електро-соматографската техника, со помош на биофидбек машината DDFAO.

Главен истражувач: Др. Нандини Самант, МББС, ДПМ

За подобро да го разберете овој напис, ве молиме претходно прочитајте го нашиот напис Истражувања засновани на духовната наука со помош на електро-соматографска техника на скенирање.

1. Вовед

Од памтивек, се смета дека вегетаријанската храна е комплементарна на духовната пракса. Во овој експеримент ги проучувавме ефектите и придобивките од конзумирање вегетаријанска храна наспроти конзумирање месо, врз Кундалини чакрите на трагачи со и без попречувања од негативни енергии. Кундалини чакрите се центрите на суптилна енергија која е потребна за функционирањето на различните компоненети на физичкото тело, како и умот и интелектот.

2. Некои детали за експериментот

2.1 Временски период на експериментот

Од 4-ти јуни 2009 година, до 22-ри февруари 2009 година.

2.2 Старосна група на субјектите

Од 21 до 56 години

2.3 Методологија

Ве молиме погледнете ги деталите за методологијата во нашиот напис Истражувања засновани на духовната наука со помош на електро-соматографска техника на скенирање.

Во овој експеримент, по снимањето на почетното отчитување, субјеките прво беа изложени на конзумирање месо. Потоа се направени отчитувања во временски интервали од 1-4 часа, се додека отчитувањата не се израмнија со вредностите од почетното отчитување, а потоа експериментот беше заклучен.

После новото почетно отчитување, субјектите беа изложени на вегетаријанска храна и горенаведениот процес беше повторуван се додека отчитувањата не се израмнија со вредностите од почетното отчитување

3. Опсервации на ефектите од конзумирање месо наспроти вегетаријанска храна

Ефект од конзумирање месо и вегетаријанска храна

Име на трагачот

Активност на горните 4-ри чакри

Активност на долните 3 чакри

По конзумирање месо

По конзумирање вегетаријанска храна

По конзумирање месо

По конзумирање вегетаријанска храна

Трагачи без попречувања од негативни енергии

г-дин AM

Подобрена

Подобрена

Намалена

Намалена

г-дин КВ

Подобрена

Подобрена

Намалена

Намалена

г-дин МГ

Подобрена

Намалена

Намалена

Подобрена

г-дин MK

Подобрена

Подобрена

Намалена

Намалена

г-ѓа БП

Намалена

Намалена

Намалена

Намалена

Вкупно

Подобрена

4

3

0

1

Намалена

1

2

5

4

Трагачи кои имаат попречувања од негативни енергии

г-дин AK

Подобрена

Подобрена

Намалена

Подобрена

г-ѓа AM

Подобрена

Намалена

Намалена

Намалена

г-дин АнК

Подобрена

Намалена

Намалена

Намалена

г-ѓа КГ

Подобрена

Намалена

Подобрена

Подобрена

г-дин ДГ

Подобрена

Подобрена

Намалена

Намалена

Вкупно

Подобрена

5

2

1

2

Намалена

0

3

4

3

Времетраење на ефектот од конзумирање месо и вегетаријанска храна

Имиња на трагачите

Ефект од конзумирање месо

Ефект од конзумирање вегетаријанска храна

Трагачи без попречувања од негативни енергии

г-дин AM

18 часа и 18 минути

25 часа и 13 минути

г-дин КВ

26 часа и 56 минути

44 часа и 31 минути

г-дин МГ

6 часа и 22 минути

3 часа и 24 минути

г-дин МК

6 часа и 45 минути

2 часа и 45 минути

г-ѓа БП

4 часа и 15 min.

20 часа и 13 минути

Трагачи кои имаат попречувања од негативни енергии

г-дин АК

4 часа и 40 минути

21 часа и 20 минути

г-ѓа АМ

2 часа и 20 минути

31 часа и 10 минути

г-дин АнК

5 часа и 10 минути

3 часа и 16 минути

г-ѓа КГ

4 часа и 35 минути

20 часа и 15 минути

г-дин ДГ

22 часа и 45 минути

2 часа и 41 минути

Минимално и максимално траење на ефектот од конзумирање месо и вегетаријанска храна
Време Конзумирање месо Конзумирање вегетаријанска храна
Трагачи без попречувања од негативни енергии Минимално траење 4 часа и 15 min. 2 часа и 45 min.
Максимално траење 26 часа и 56 min. 4 часа и 31 min.
Трагачи кои имаат попречувања од негативни енергии Минимално траење 2 часа и 20 min. 2 часа и 41 min.
Максимално траење 22 часа и 45 min. 31 часа и 10 min.

Во продолжение следи резиме на нашите опсервации.

3.1 Ефектот од конзумирање месо врз активноста на Кундалини чакрите

3.1.1 Ефект врз активноста на горните четири чакри

  • 80% од трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување
  • 100% од трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување

3.1.2 Ефект врз активноста на долните три чакри

  • 0% од трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување
  • 20% од трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување

3.2 Ефектот од конзумирање вегетаријанска храна врз активноста на Кундалини чакрите

3.2.1 Ефект врз активноста на горните четири чакри

  • 60% од трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување
  • 40% од трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување

3.2.2 Ефект врз активноста на долните три чакри

  • 20% од трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување
  • 40% од трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување

3.3 Времетраење на ефектот од конзумирање месо врз активноста на Кундалини чакрите

3.3.1 Минимален период

  • 4 часа и 15 минути во случај на трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии
  • 2 часа и 20 минути во случај на трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии

3.3.2 Максимален период

  • 26 часа и 56 минути во случај на трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии
  • 22 часа и 45 минути во случај на трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии

3.4 Времетраење на ефектот од конзумирање вегетаријанска храна врз активноста на Кундалини чакрите

3.4.1 Минимален период

  • 2 часа и 45 минути во случај на трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии
  • 2 часа и 41 минута во случај на трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии

3.4.2 Максимален период

  • 44 часа и 31 минута во случај на трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии
  • 31 час и 10 минути во случај на трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии

4.1 Подобрување во активноста на горните четири чакри поради упивањето на Сатва компонентата од вегетаријанската храна, при што лицето станува сатвик

Прашање: После конзумирањето вегетаријанска храна, DDFAO отчитувањата на соодветните Кундалини чакри, укажуваа на подобрување во активноста на горните четири чакри во 3 од 5 случави, што е 60% од трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии, и во 2 од 5 случаи, што 40% од трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии. Која е вистинската причина на суптилно ниво која стои зад подобрувањата кај овие отчитувања.

Следува секција на суптилно знаење:

1. Вегетаријанската храна е сатвик.

Ве молиме погледнете го следниов цртеж заснован на суптилното знаење нацртан од страна на Г-ѓа Јоја Вале.

Ефекти и придобивки од конзумирање вегетаријанска храна наспроти месо

Контактот со сатвик вибрациите кои се емитуваат од вегетаријанската храна ги активираше петте витални енергии во телото и функционирањето на Четана (Оној аспкет на Божествената свесност кој го управува функционирањето на умот и телото) во телото се подобри. Како резултат на тоа, Сатва компонентата брзо се шири низ телата на овие трагачи.

2. Бидејќи горните чакри се повеќе осетливи на Сатва компонентата од долните чакри, тие побрзо ја впиваат. Кај трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии, бидејќи не постои отпор кон овој процес на впивање, дојде до моментално зголемување на Сатва компонентата. Ова ги активираше горните чакри, што се одрази како подобрена активност во отчитувањата. Ова покажува колку е важно да се конзумира сатвик храна.

3. Во случај на трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии, намалената активност на чакрите пред конзумирањето вегетаријанска храна, се должеше на насобраната црна енергија. Сатва компонентата во вегетаријанската храна ја намали Раѓа-Тама ориентираната црна енергија во чакрите. Така, нивната активност се подобри

4.2 Активноста на долните три чакри се подобри по конзумирањето вегетаријанска храна кај трагачите кои следат Кармајога

Прашање: После конзумирањето вегетаријанска храна, во 1 од 5 случаи, што е 20% од трагачите кои немаат попречувања од негативните енергии, и во 2 од 5 случаи, што е 40% од трагачите кои имаат попречувања од негативните енергии се покажаа отчитувања кои укажуваат на подобрување во активноста на долните три чакри. Зошто се подобри активноста на долните 3 чакри?

Секција на суптилно знаење: Различни чакри се особено активни според природната склоност кон одредениот пат на духовна пракса на таа личност. Во случај на лицата со темпераменти посклони кон патот на аскетизам (Хатајога), патот на акција (Кармајога) и патот на пренесување духовна енергија (Шактипатјога), долните чакри се повеќе активни. Трагачите кои ги споменавме во претходното прашање спаѓаат во оваа категорија. Заради тоа, после конзумирањето вегетаријанска храна, како резултат на сатвик брановите впиени од неа, значајни промени беа забележани во тие чакри.

4.3 Објаснување на духовната наука за намалената активност на горните четири чакри забалежана во петото отчитување после конзумирањето вегетаријанска храна од страна на трагач кој нема попречувања од негативните енергии

Прашање: Кај трагачот без попречувања од негативни енергии г-дин КВ, после конзумирањето вегетаријанска храна и се додека отчитувањата не се израмнија со вредностите од почетното отчитување, беа добиени вкупно девет отчитувања. Сите овие отчитувања покажаа тренд на подобрена активност на горните четири чакри, освен петото отчитување каде активноста беше намалена. Која е причината за ваквата опсервација?

Секција на суптилно-знаење:

Како што трагачот имаше позитивни вибрации, високата Сатва компонента добиена од вегетаријанската храна беше асимилирана во неговото тело. Ова рефлектираше како константна подобрена активност на горните четири чакри. Ако на една чакра која е веќе сатвик, константно и се додава повеќе Сатва компонента, тогаш уште повисока Сатва компонента се емитува од неа. Тоа е она што се случи во овој случај кај трагачот. Со помош на дополнителната Сатва компонента добиена од вегетаријанската храна, неговите четири горни чакри покажаа подобрена активност.

Петото отчитување покажа намалена активност – Ако Сатва компонентата е брзо асимилирана во чакра, тогаш чакрата преоѓа во неманифестирана состојба која ги надминува трите основни суптилни компоненти (тригуну). Оттука, преоѓа од материјализирана (сагун) во нематеријализирана (ниргун) форма. Тоа е она што се случи кај овој трагач. Впивањето на Сатва компонентата добиена од вегетаријанската храна и оттука, надминувањето на компонентите од страна на горните четири чакри, беше забележано од страна на DDFAO уредот, како намалена активност.

Како што ефектот од Сатва компонентата добиена после конзумирањето вегетаријанска храна почна да опаѓа, повторно горните четири чакри преминаа од нематеријализирана во материјализирана состојба. Ова опремата за отчитување го рефлектираше како подобрена активност на горните четири чакри.

4.4 Објаснување на духовната наука за конзумирањето вегетаријанска храна како средство за духовно исцелување

Прашање: Кај трагачот кој има попречувања од негативните енергии, имаше значително намалување во активноста на горните четири чакри, додека долните три чакри не покажуваа големи промени во отчитувањата направени 9 часа и 35 минути после конзумирањето вегетаријанска храна. Која е причината за ваквата опсервација?

Секција на суптилно знаење:

Суптилните мантрици веќе имаа воспоставено негативни енергетски центри во горните чакри на овој трагач. Бидејќи вегетаријанската храна е Сатвик, ја зголеми Сатва компонентата во телото на трагачот. Ова го намали капацитетот на негативните енергетски центри во горните четири чакри. Ова се рефлектираше и беше забележано од DDFAO уредот како намалена активност на чакрите. Со други зборови, вегетаријанската храна делуваше како средство за духовно исцелување кое предизвика намалување во капацитетот на центрите во горните четири чакри, воспоставени од суптилни мантрици за да емитуваат вознемирувачка енергија.

Бидејќи суптилните мантрици имаат насоберено вознемирувачка енергија во центрите на горните четири чакри, Сатва компонентата во вегетаријанската храна беше употребена за да се бори против вознемирувачките вибрации во горните четири чакри и затоа, долните три чакри не покажаа никакви промени.

4.5 Објаснување на духовната наука за подобрената активност на горните четири чакри после конзумирањето месо од страна на трагачи кои имаат и кои немаат попречувања од негативни енергии

Прашање: После конзумирањето месо, во 4 од 5 случаи, што е 80% од трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии, и во сите 5 случаеви, што е 100% од трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии, покажаа подобрена активност на горните четири чакри. Која е причината што доведе до ова?

Секција на суптилно знаење: Во месото преовладува Тама компонентата.

Ве молиме погледнете го следниов цртеж заснован на суптилното знаење нацртан од страна на Г-ѓа Јоја Вале.

Ефекти и придобивки од конзумирање вегетаријанска храна наспроти месо

Горните чакри реагираат многу брзо на високите тамасик компоненти на позитивен или вознемирувачки начин.

  1. Кај трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии, активноста на горните четири чакри беше зголемена по конзумирањето месо. Тоа е затоа што тие се активираа во борбата против вознемирувачките вибрации кои се емитуваа од месото. Ова опремата го рефлектираше како зголемена активност.
  2. Кај трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии, после конзумирањето месо беше забележан истиот резултат, но причината зошто тоа се случи е сосема спротивна. Негативните енергетски центри создадени од страна на супериорните суптилни мантрици во горните чакри во телата на трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии, се активираа за да ја впијат Тама компонентата од месото. Ова опремата уште еднаш го рефлектираше како зголемена активност.

4.6 Ефектот на сатвик и тамасик супстанците на чакрите зависи од процентот на попречувања од негативни енергии

Прашање: На г-ѓа АМ која има попречувања од негативни енергии и требаа 2 часа и 20 минуту да се врати на почетното основно ниво после конзумирањето месо а и требаа 31 час и 10 минути да се врати на почетното основно ниво после конзумирањето вегетаријанска храна. г-дин ДГ, кој исто така има попречувања од негативни енергии му требаа 22 часа да се врати на почетното основно ниво после конзумирањето месо, а му требаа 2 часа и 41 минута да се врати на почетното основно ниво после конзумирањето вегетаријанска храна. Која е причината за ваквата разлика кој се гледа кај овие двајца трагачи кои имаат попречувања од негативни енергии.

Секција на суптилно знаење:

Ако процентот на вознемиреност е помал, ефектот на тамасик компонентите е одржлив за кратко време, а ефектот на сатвик супстанците е одржлив за подолго време. Таквата личност може да се бори со Тама компонентата во тамасик компонентите и може да ја задржи Сатва компонентата.

Ако процентот на вознемиреност е висок, Тама компонентата во тамсик компонентите се складира во телото, а Сатва компонентата во сатвик компонентите се користи за борба против вознемирувачката (негативна) енергија. Затоа, позитивниот ефект од сатвик компонентите е одржлив за пократко време. Затоа, во случајот на г-дин ДГ ефектот од вегетаријанската храна беше одржан за пократко време (2 часа и 41 минута). Бидејќи овој трагач има сериозни попречувања од негативните енергии, а сето тоа се должи на складираната Тама компонента од тамасик супстанците, негативниот ефект на месото беше одржан за подолг временски период (22 часа).

Г-ѓа АМ има помалку попречувања од негативни енергии, во споредба со г-дин ДГ. Затоа, негативниот ефект на месо беше одржан за пократок временски период. Во споредба со тоа, ефектот од вегетаријанската храна беше одржан многу подолго.

4.7 Времетраењето на ефектот од сатвик и тамасик компонентите зависи од присуството или отсуството на попречувања од негативните енергии и исто така од духовното ниво на личноста

Прашање: Во овој експеримент, на г-дин КВ му требаа 26 часа и 56 минути да се врати на почетното основно ниво после конзумирањето месо. На истиот трагач му требаа 44 часа и 31 минута да се врати на почетното основно ниво после конзумирањето вегетаријанска храна. На г-дин МК му требаа 6 часа и 45 минути да се врати на почетното основно ниво, после конзумирањето месо, а му требаа 2 часа и 25 минути да се врати на почетното основно ниво посе конзумирањето вегетаријанска храна. Која е причината за ваквата разлика која се гледа во времетрањето на стимулите кај овие двајца трагачи кои немаат попречувања од негативни енергии.

Секција на суптилно знаење:

  1. Времетраењето на ефектите од сатвик и тамасик компонентите на чакрите зависи од тоа дали трагачот има или нема попречувања од негативните енергии: Г-дин КВ нема попречувања од негативни енергии. Оттука, во него преовладува и повеќе Сатва компонентата. Затоа, сатвата која уште повеќе се зголеми после конзумирањето вегетаријанска храна, беше одржана за подолг временски период. Поради тоа што месото е тамасиск, доведе до намалување на неговата сатва до одреден степен. Меѓутоа, поради неговата правобитна сатвик природа, тој порано се врати на почетната основна состојба, споредено со онаа после конзумирањето вегетаријанска храна. Ова значи дека ефектот од сатвик компонентата беше одржан подолго од оној на тама компонентата.
  2. Времетраењето на ефектите од сатва и тама компонетите на чакрите исто така зависи и од духовното ниво: Широка варијација во времетрањето на ефектот од вегетаријанската храна и месо беше забележана во случајот на г-дин КВ; додека ефектот кај г-дин МК беше краткотраен. Ова е затоа што духовното ниво на г-дин МК е 62% додека духовното ниво на г-дин КВ е 51%. Еднаш откако духовното ниво на трагачот премине 60%, неговиот ум започнува да се разградува. Тогаш световните работи како што се јадењето и пиењето, облеката, итн., имаат ограничен ефект на умот. Оттука и времетраењето на нивниот ефект е исто така кратко.

4.8 Горните чакри претежно реагираат кај лицата кои функционираат на интелектуално ниво

Прашање: Три отчитувања од г-дин АнК кој има попречувања од негативните енергии,  земени 3 часа и 45 минути после конзумирањето месо покажаа значително зголемување во активноста на горните четири чакри. Последното отчитување земено после 5 часа и 10 минути покажа намалена активност. Која е причината за ваквата опсервација?

Секција на суптилно знаење:

Овој трагач има умерени попречувања од негативните енергии. Горните четири чакри дејствуваат на ниво на интелектот. Долните три чакри се претежно поврзани со активностите поврзани со физичкото тело. Оттука, тие дејствуваат на ниво на умот. Ако лицето има сколност да функционира на интелектуално ниво, тогаш горните чакри реагираат на изложеност на било каков стимул. Во случај на овој трагач, тоа е она што се случи. Кога беше изложен на тама компонентата во месото, неговите четири горни чакри активно се обидуваа да се борат со Тама компонентата. Ова опремата го рефлектираше како зголемена активност. Како што времетраењето на оваа борба почна да се зголемува, ефектот од битката беше забележан по целото тело а горните, како и долните чакри стана неактивни.

4.9 Моментален одоговор на позитивните или вознемирувачките вибрации од страна на чакрите на трагачите кои немаат попречувања од негативните енергии и ефектот врз чакрите во соодветна пропорција

Прашање: После конзумирањето месо, кај одреден трагач првите пет отчитувања покажаа дека активноста на горните четири чакри значително се подобрила. Следните три отчитувања покажаа намалена активност, додека последните две отчитувања покажаа подобрена активност. Која е причината за ваквите подеми и падови во активноста на горните четири чакри кај овој трагач?

Секција на суптилно знаење:

Кај трагачите кои немаат попречувања од негативните енергии, процесот на поднесување напади од негативните енергии од атмосферата, како и процесот на впивање позитивни вибрации продолжува непрекинато да се одвива на начин кој е осетлив и предупредувачки.

Во случајот на овој трагач, после конзумирањето месо, активноста на горните четири чакри беше значително подобрена, со цел да се бори против Тама компонентата во таа храна, како што можеше да се види од првите пет отчитувања.

После тоа, чакрите се обидоа да ги уништат трагите од Тама компонентата преминувајќи во нематеријализирана форма, бидејќи оваа форма помоќна. Ова опремата го рефлектираше како намалена активност на чакрите. Ова може да се разбере од примерот на нематеријализираниот Врховен Бог кој е помоќен од материјализираните Божества.

Подоцна, како Тама компнентата беше целосно уништена, горните четири чакри се обидоа да ја повратат Сатва компонентата која ја изгубија во борбата. Ова се одрази како зголемена активност.

5. Заклучоци

5.1 Постојат две функционални групи на чакри

Горните четири чакри (Сахасрара, Ајна, Вишуда, Анахата) претежно се состојат од Апсолутниот Принцип Воздух (Вају-татва), и делуваат на ниргун-сагун ниво (повеќе ниргун отколку сагун), додека долните три чакри (Манипура, Свадиштана и  Муладара) претежно се состојат од Апсолутниот Принцип Оган (Теѓ-татва) и делуваат ни сагун-ниргун ниво (повеќе сагун отколку ниргун) ниво. Горните четири чакри раководат со активностите поврзани со интелектот, а долните три чакри функционираат воглавном на ниво на умот. Така седумте чакри се поделени во две групи – горни четири чакри и долни три чакри. Затоа, после консумирањето месо или вегетаријанска храна, обично имаат слични ефекти на чакрите во секоја група.

5.2 Ефектот на сатвата добиена после конзумирањето вегетаријанска храна

5.2.1 Активирање на Кундалини чакрите

  • Активирање на горните чакри: Горните чакри се повеќе осетливи на Сатва компонентата од долните чакри. Затоа, после конзумирањето вегетаријанска храна, поради сатвик вибрациите кои се емитуваат од вегетаријанската храна следуваше подобрување во активноста на горните четири чакри кај трагачите кои имаат и кои немаат попречувања од негативни енергии.
  • Активирање на долните чакри кај трагачите кој го следат духовниот пат на Акција или Кармајога: Кај трагачите кои имаат и кои немаат попречувања од негативни енергии и кои го следат духовниот пат на Акција или Кармајога, активноста на долните чакри беше подобрена после конзумирањето вегетаријанска храна.

5.2.2 Духовно исцелување на Кундалини чакрите

Кај трагачите кои имаат попречувања од негативните енергии, суптилните мантрици создаваат негативни енергетски центри во горните четири чакри. Па така, овие чакри функционираат врз основа на силата на црната енергија која е складирана во овие центри. После конзумирањето вегетаријанска храна, сатвата која е добиена од оваа храна ја намалува црната енергија во овие центри, а со тоа се намалува и нивната активност. Со други зборови, горните четири чакри подлежат на духовно исцелување, а со тоа и активноста на овие чакри е намалена.

5.2.3 Кундалини чакрите преоѓаат во нематеријализирана состојба после континуирано добивање на Сатва компонентата од вегетаријанската храна

После конзумирањето вегетаријанска храна кај трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии, сатвата добиена од оваа храна предизвикува подобрување во активноста на горните четири чакри. Кога Сатва компонентата е постојано достапна за време на оброкот, горните четири чакри постигнуваат нематеријализирана состојба, и на тој начин стануваат неактивни.

5.3 Штетниот ефект на Тама компонентата кој настанува после конзумирање месо

5.3.1 Горните четири чакри кај трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии се активираат за да се борат со ефектот на Тама компонентата кој настанува после конзумирање месо

Кај трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии, горните четири чакри се повеќе осетливи од долните три чакри. Затоа, тие се активираат за да се борат со ефектите на Тама компонентата кој настануваат после конзумирање месо. Подоцна, тие мораат да преминат во нематеријализирана форма за да се борат со основната Тама компонента. На крајот, треба повторно да се активираат за да ја повратат Сатва компонентата која е изгубена во оваа битка. Поради тоа настанува губиток на енергија во горните чакри.

5.3.2 Горните чакри кај трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии се актвираат за да ја упијат Тама компоненета која се добива од конзумирање месо

Кај трагачите кои имаат попречувања од негативните енергии, негативните енергетски центри во горните чакри создадени од суптилните мантрици се активираат за да ја впијат Тама компонентата од месото. Затоа, настанува зголемување во активноста на горните чакри.

5.4 Фактори кои го одлучуваат времетраењето на ефектите од конзумирање месо и вегетаријанска храна

5.4.1 Духовно ниво

Ако духовното ниво на лицето е помало од 60%, тогаш времетраењето на ефектот од сатвик и тамасик компонентите е продолжен. Кај лицата со духовно ниво над 60%, поради разградување на нивната ментална обвивка, постои минимален ефект на умот во врска со световните работи како што се: јадењето, пиењето, облеката, итн. Затоа, времетраењето на ефектите од сатвик и тамасик компонентите е кратко.

5.4.2 Тежината на попречувањата од негативните енергии

Кај трагачите кои имаат умерени попречувања од негативните енергии, ефектот на тамасик компонентите како што е месото кратко трае; додека ефектот на сатвик компонените како што е вегетаријанската храна, трае подолог временски период. Кај трагачите кои имаат сериозни попречувања од негативните енергии, ефектот на тамасик компонентите како што е месото, трае подолго, бидејќи Тама компонентата се складира; додека пак Сатва компонентата во сатвик компонетите се користи за борба против негативните енергии, ефектот на сатвик компонените како што е вегетаријанската храна, трае пократко време.

6. Клучни работи кои ги научивме

  • Консумирањето вегетаријанска храна е многу поволна за оптимално функционирање на телото, умот и интелектот. Имајќи го тоа на ум, можеме да се обидеме да го намалиме консумирањето месо, и да го зголемиме внесот на вегетаријанска храна.
  • Обавувањето духовна пракса за да се постигне духовно ниво од 60% е важно затоа што после постигнувањето на ова ниво, и сатвик, и тамсик компонените имаат послаб ефект врз лицето.
  • Обавувањето духовна пракса на дневна основа, исто така не штити од попречувањата на негативните енергии. Попречувањата на негативните енергии како последица имаат продолжен ефект на тамасик компонентите, а намален ефект на сатвик компонентите.