Дали сметката на земање и давање (карма) со преминатите предци се чисти ако ја пееме заштитната пеаница Шри Гурудев Дата

Да, пеењето на Светото Име на Богот Дата ја подмирува нашата сметка на земање и давање со нашите предци. Механизмот за тоа како ова функционира е дека преку пеењето на пеаницата се создава суптилна основна сатва компонента и се пренесува на суптилните тела на преминатите предци. Ова делува како механизам за подмирување и помага да се поништи сметката помеѓу лицето кое е под влијание и неговите преминати предци. Со порастот на основната суптилна сатва компонента, желбите на суптилните тела на преминатите предци кои се однесуваат на сметката на земање и давање со нивните потомци кои ја пеат оваа пеаница, се намалуваат. Меѓутоа, генерално желбите на суптилните тела на преминатите предци не се намалуваат. Заедно со ова, суптилните тела на преминатите предци исто така се здобиваат и со неопходната духовна помош да го продолжат своето патување во попозитивните под-региони. Квантитетот и квалитетот на нашето пеење ќе одлучи за тоа колку можеме да допринесеме за нивно натамошно патување.