MKD-zombiewalk---landing-picture-for-article

Духовен ефект на зомби прошетката

За парадата зомби прошетка

Почнувајќи во 2000-та година, нов вид на социјален фестивал наречен зомби прошетка, почна да станува се повеќе популарен. Зомби прошетка е еден организиран јавен собир на луѓе кои се облекуваат како зомби. За прв пат започна во Калифорнија, САД, а потоа многу брзо се прошири и во други градови во САД, Канада, Австралија, Јужна Америка, Европа и некои Азиски земји.

Денес во многу градови се собираат и по десетици илјади луѓе облечени во гротескни костуми, каде секој се обидува да го засени другиот со подемонски изглед на својот костум. За да се дојдат што повеќе учесниците и да се зголеми популарноста на настанот се користат медиумите и интернетот. Тие комуницираат на начин кој е во согласност со однесувањето на зомби, кој вклучува гроткање, стенкање, нејасни звуци на оплакување. Возрасни и деца ентузијастично учествуваат во оваа активност. За разлика од Ноќта на Вештерките, зомби прошетките се одржуваат повеќе пати во текот на годината.

 

Главни карактеристики на негативноста поврзани со зомби прошетките

Поттикнувачите кои стојат зад овој социјален настан се суптилнте вештери (мантрици) од петиот регион на Пеколот.

Аспект на Зомби прошетката – во однос на: Возрасни активни учесници на фестивалот Деца активни учесници на фестивалот Луѓето што не учествуваат
Процент на зголемена раѓа-тама (духовна нечистота во животната средина) 40% 40% 30%
Процент на зголемена веројатност да дојде до демонско опседнување 50% 50% 30%
Времетраење на штетниот ефект 10 недели 10 недели 5 недели

На многу начини овој настан е полош од Ноќта на вештерките, бидејќи нивото на Тама компонента е поголемо поради костумите кои се многу поблиско до реалниот демонски изглед. Тоа е фестивал лишен од било што Божествено и исполнет само со негативност. Како последица, целата околина се исполнува со негативни вибрации, кои негативните енергии ги користат со цел да опседнат или влијаат врз луѓето. И двете групи учесници, како и невините посматрачи потпаѓаат под негативно влијание, а ефектот може да трае и до 10 недели. Повторното учество во вакви паради го зголемува ризикот учесниците да бидат опседнати од негативни енергии.

Вистинската цел на фестивалот е да се впие Божественост, затоа што во текот на вистинските фестивалски денови животната средина има зголемено ниво на Божествена свест. Негативни енергии од повисоко ниво се поттикнувачи на зомби прошетката, и тие се заслужни за нејзината широката популарност. Бидејќи овие активности се прифатени од луѓето, тоа на негативните енерги им олеснува да ги опседнат.

Постои правило дека слично привлекува слично. Така, луѓето кои имаат афинитет кон такви видови на демонски костуми (во кои преовладува Тама компонентата) генерално и во нив самите преовладува Тама компонентата. Таквите луѓе со поголема веројатност ќе бидат под влијаниа на негативните енергии или опседнати. Негативните енергии кои влијаат на овие лица им даваат мисли на луѓето, охрабрувајќи ги да учествуваат во овие активности.