Вовед во истражување засновано на духовната наука за употребата на висок

Главен истражувач: Др. Нандини Самант, МББС, ДПМ

1. Вовед

Радиестезија воглавном значи тражење/барање со помош на едноставни рачни алатки или инструменти. Инструментите се прачка во форма на буквата Y, две прачки во форма на буквата L и висок.

01-MKD_Pendulum-01

Радиестезистите веруваат дека со користење на тие инструменти можат да пронајдат ствари, коишто инаку се сокриени или непознати. Радиестезијата низ историјата воглавном се користела на подземни води. Меѓутоа, освен за пронаоѓање на вода и минерали се користела и за други цели.

На пример, радиестезистите веруваат дека со помош на високот можат да одговорат со „да“ или „не“ на поставените прашања за животот на лицето, во зависност од движењето на високот. Со помош на високот се одговара на разни прашања поврзани со меѓучовечките односи, инвестициите, исправноста на одредни работи, па дури и прашања за иднината.

2. Како одлучивме да ја користиме радиестезијата со употреба на висок како алатка за духовно истражување

2.1 Извештаи од трагачите за нивните искуства со радиестезијата

Некои трагачи во SSRF практикуваат радиестезија со користење на висок. За време на експериментирањето на сликата на Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ (инспирација на SSRF), мирисливите стапчиња на SSRF, итн., забележано е дека високот се движи во насока на стрелките на часовникот, те. во позитивна насока. За време на експериментирањата на негативните предмети, како предметите под влијание на негативните енергии, високот се движи обратно од стрелките на часовникот, те. во негативна насока. Трагачите своите активности ги поделија со нас. Сфативме дека со помош на високот можеме да ја измериме духовната позитивност или негативност и заклучивме дека радиестезијата може да се користи за докажување на недопирливите духовни димензии во светот.

2.2 Обавестување на одделението на SSRF за знаењето за духовната димензија за сигурноста на радестезијата со употреба на висок

Ги прашавме трагачите со развиено шесто сетило од одделението за знаење на духовната димензија за изјавите на радиестезистите. Тие ни одговорија дека фаќањето на суптилните вибрации и движењето е важна карактеристика на високот, и дека радестезијата со употреба на висок навистина е сигурна метода за предвидување, се додека се постапува во согласност со основните принципи кои го вклучуваат следното:

  • Радиестезистот мора да биде најмалку на 60% духовно ниво,
  • Не смее да биде под влијание на негативните енергии.

Комплетноста на овие услови може да се утврди само со развиено шесто сетило. Одлучивме да спроведеме наше истражување со помош на високот, за да ја утврдиме позитивноста или негативноса во сатвик предметите или луѓето, како и во предметите и луѓето коишто не се сатвик.

3. Природа на нашето истражување

Направивме голем број на експерименти, користејќи висок како радиестезиска алатка.

3.1 Како нашето истражуавње се разликуваше од нормалната радиестезија

  • Наспроти просечниот радиестезист, којшто бара нешто конкретно, како на пример: минерали, подземни води или одговори на прашања за меѓучовечките односи, инвестициите, итн., ние се обидовме да ги истражиме основните принципи поврзани со радиестезијата, како и да ги истражиме, веќе порано наведените, основните принципи поврзани со суптилниот свет и духовната димензија.
    • За да го постигнеме тоа, истраживме разни варијабли, како што се да речеме, влијание од присутноста или отсутноста на негативните енергии кај радиестезистите, влијание од големината на предметот којшто се истражува со високот, карактеристики на предметите коишто ги користеле Светци, верски предмети и верски текстови. Меревме и разни категории на трагачи, како што се “просечни трагачи“, те. трагачи помеѓу 20 и 30% духовно ниво, трагачи под влијание на негативните енергии, трагачи без влијание на негативните енергии, трагачи со духовна емоција, итн.

3.2 Посебност на истражувањето – информации добиени од одделението на духовната димензија

Трагачите со развиено шесто сетило од одделението за знаењето на духовната димензија, беа присутни за време на експериментите и извршија суптилна анализа на значајните случувања во експериментите.

02-MKD_Pendulum-02

Читањата и забелешките добиени од експериментите ги покажавме на трагачите од одделението во SSRF за познавање на духовната димензија и им поставуваме прашања во врска со суптилните причини за таквите забелешки. На овој начин, информациите добиени од видливото отчитување беше надополнето со знаењето добиено со помош на развиеното шесто сетило. Ова ја комплетираше сликата и ни даде појасна идеја за она што се случува во духовната димензија.

4. Методологија

4.1 Зошто избравме метален висок којшто виси на метално ланче

03-MKD_Pendulum-03

За нашето истражување избравме метален висок, затоа што металите се добри проводници на енергијата. Металот е највеќе сатвик материјал од редот на разни видови на материјали од коишто се прават висоците, вклучувајќи ги и кристалите. Поради тоа е најчувствителен. Наместо конец, којшто се користи често, а е слаб проводник на енергијата, користевме метално ланче.

4.2 Зошто користевме всушност таква форма на висок

Помеѓу многуте геометриски форми, формата на обратен триаголник е нај чувствителна за впивање на енергијата. Самиот врв на високот работи на исти принцип. Поради тоа избравме таква форма на висок.

4.3 Зошто избравме високот да го држи некое лице (радиестезист)

Во почетната фаза, пред да тргнеме во проучување, експериментиравме користејќи го високот, којшто беше закачен на дрвена закачалка. Позитивните и негативните предмети ги стававме под високот, меѓутоа соодветното движење на високот беше многу слабо за правење забелешки. На моменти едвај можеше да се види насоката не неговото движење, затоа што дрвото е слаб проводник на енергијата.

Човечкото тело е добар проводник на енергијата, поради што избравме радиестезист. Бидејќи тој може да ја спроведува енергијата, јасно можат да се видат движењата коишто ги создава високот и лесно е да се забележат.

4.4 Зошто избравме духовно позитивно лице да го држи високот

Во сите наши експерименти, освен ако природата на експериментот не е поинаква, користевме лица на духовно ниво над 60% и без влијание на негативните енергии. Високата духовна позитивност на лицето зрачи кон надвор и преоѓа на високот, што овозможува висока чувствителност на високот на вибрациите коишто ги емитуваат предметите или лицата коишто се испитуваат.

Ако негативноста на лицето или предметот коишто се испитуваат по пат на висок е висока, тогаш негативноста ќе помине преку високот и ќе му нанесе штета на радиестезистот. Помалку е веројатно дека тоа ќе се случи на лице на духовно ниво над 60%, затоа што неговата духовна позитивност ќе се спротивстави на негативноста на лицето или предметот.

5. Уникатни наоди од истражувањето

Во текот на ова истражување, информациите од одделението на SSRF за познавањето на духовната димензија, поврзани со разни набљудувања во експериментот, открија вистинско богатство на знаење, засновано на основните принципи коишто претходно ги споменавме, како за радиестезијата така и за разните тестирани големини. На пример:

  • Кога духовно просечно лице, односно, лице на 20-30% духовно ниво го држи високот, тој е помалку чувствителен на фаќањето на суптилните вибрации. Меѓутоа, кога лице со развиено духовно ниво (над 60%) го држи високот, суптилната чувствителност на високот расте поради духовната позитивност на лицето.
  • Обемот на кружното движење на високот во позитивна или негативна насока исклучително е резултат на вибрациите на лицето или предметот и чувствителноста на високот поради духовното ниво на радиестезистот.

Повеќе детали за ова истражување засновано на духовното знаење, ќе поделиме на нашите читатели во неколку написи, од коишто, секој е посветен на еден експеримент.