Различни бои на лисјата на дрвото манго

Дрвото манго со две различни страни

1. Вовед во феноменот на дрвото манго со лисја со различна боја

Дали би очекувале едната половина од едно исто дрво да биде светлозелена, а другата темнозелена? Дали два дела од едно исто дрво можат да се однесуваат во исто време сосема поинаку и во целосен контраст еден во однос на друг?

Најверојатно вашиот одговор би бил негативен.

Меѓутоа, во април и мај 2019 година, токму тоа се случи со дрвото манго што се наоѓа пред влезната порта на Центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот во Гоа, Индија. Изненадувачки, страната свртена кон Ашрамот имаше свежи светлозелени лисја, додека другата страна имаше темнозелени лисја.

Поглед на дрвото манго од Центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот во Гоа, Индија

Гледајќи го дрвото манго од балконот на Ашрамот, разликата помеѓу двете страни на дрвото беше толку очигледна и интригантна што тимот за истражувања засновани на духовната наука одлучи да ја истражи причината за феноменот. Резултатите од истражувањето претставени во оваа статија заедно со фотографиите од дрвото манго (во секоја фаза) ја покажуваат јасната разлика помеѓу двете страни од дрвото.

2. Редослед на настаните

На 18 април 2019 година, лисјата на дрвото манго, што се наоѓа веднаш до Центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот во Гоа, Индија станаа црвеникаво-кафени.

Стари темни и слаби лисја од другата страна на дрвото манго

Ова е нормален дел од циклусот на дрвото манго на отфрлање на старите лисја и раст на нови. Појавата на црвеникаво-кафени лисја означува раст на нови лисја.

Подоцна, на 23 април 2019 година, бојата на лисјата на половината од дрвото манго свртени кон Центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот стана светло зелена (прикажано подолу). Во меѓувреме, бојата на лисјата од другата страна на дрвото остана темно зелена. Иако се работи за едно исто дрво, двете половини се однесуваа различно.

Лисјата од дрвото манго на задната страна останаа темни и слаби

3. Анализа на различните бои на лисјата од дрвото манго

Постојат некои потенцијални физички причини за таков феномен, како што се екстремни временски услови, премногу компактна почва, изложеност на хемикалии, слаба апсорпција на вода од корените и венеење предизвикано од еден вид габа позната како вертицилиум. Но според нашите сознанија, ниту една од овие потенцијални причини не беше присутна. По елиминирањето на сите можни физички причини за ова, тимот за истражувања засновани на духовната наука спроведе духовно истражување за да ја открие причината за овој феномен.

Тимот за истражувања засновани на духовната наука, за анализа на лисјата од дрвото манго, користеше скенер за аура и енергија, познат како Универзален термички скенер (UTS), во комбинација со напредното шесто сетило на своите трагачи.

3.1 Отчитувања со помош на скенер на аура и енергија

Анализирани се четири групи лисја, деталите се дадени подолу:

1. Од дрвото манго пред Ашрамот (видете ја сликата подолу),

1A. Темно зелени стари лисја (кои беа свртени спротивно од Ашрамот)

1B. Свежи зелени лисја (кои беа кон Ашрамот)

Примероци од лисја од дрвото манго земени пред Ашрамот за отчитување со UTS-от

Дополнително, за споредба, собравме лисја и од друго дрво манго што се наоѓа на неколку километри од Ашрамот.

2. Случајно избрано дрво манго на неколку километри од Ашрамот.

2A. Постари темнозелени лисја

2B. Млади светлозелени лисја

Двата примероци, 2А и 2Б, беа земени од исто дрво.

Универзален термички скенер (UTS) (познат и како Универзален скенер на аура)За отчитување на листовите се користеше Универзален термо скенер (UTS) (исто така познат како Универзален скенер на аура). UTS е инструмент развиен од д-р Манем Марти (поранешен нуклеарен научник) и се користи за мерење на суптилната енергија (позитивна и негативна) и аурата околу кој било објект (жив или нежив). Отчитувањата на UTS-от даваат податоци за негативната, позитивната и вкупната измерена аура околу објектот што се мери. Ве молиме погледнете ја статијата за – Методологија на отчитувањата на UTS (доаѓа наскоро), за да дознаете повеќе, за тоа како се земаат отчитувањата на UTS и за нивното значење.

Постојат 4 видови на отчитувања на UTS кои се опишани во табелата подолу :

Тип на отчитувања на UTS Опис
IR и UV Отчитувањата на негативната енергија се од 2 типа и се означени со IR (инфрацрвена) и UV (ултравиолетова). IR означува послаба форма на негативни вибрации, додека UV означува поинтензивна форма на негативни вибрации.
PA Ова означува позитивна аура.
MA Ова ја означува вкупната измерена аура која е специфична за субјектот што се мери.

Истражувачкиот тим интензивно го користел овој инструмент, т.е. направени се околу 10.000 отчитувања на објекти во период од 5 години, и забележано е дека се прилично точни и дека се совпаѓаат со отчитувањата добиени преку шестото сетило.

Во следната табела, се наведени отчитувањата добиени преку UTS за 4-те примероци од лисја.

UTS отчитувања на примероци од листови од две различни дрвја манго

Фусноти:

  1. Рацете на UTS треба да се отворат до 180° за да се измери растојанието на која било дадена аура. При мерењето по критериумот Тип 2 – негативен UV краците се отвориле само до 60° па не е снимена негативна UV аура во метри, но тоа сепак укажува на одредено ниво на UV негативност.

Клучни опсервации

  • Од горната табела, може да се забележи дека свежите зелени лисја од дрвото манго свртени кон Ашрамот имале исклучително висока позитивна аура (6,23 метри) во споредба со нормалното дрво манго на неколку километри од Ашрамот. Дури и измерената аура од 9,81 метри е извонредно висока и укажува на тоа дека лисјата имаат високо ниво на позитивна енергија.
  • За темно зелените лисја од другата страна на истото дрво манго (т.е. што не е свртена кон Ашрамот) се забележани негативни отчитувања. Од 4-те примероци, само за нив се забележани негативни отчитувања.

Ова доведува до прашањето зошто отчитувањата на страната на дрвото манго свртена кон Ашрамот биле толку позитивни, додека отчитувањата на другата страна на дрвото биле негативни.

Отчитувањата на аурата и енергијата од скенерите на аура и енергија, како што е UTS, можат да укажат но не можат да дадат дефинитивен одговор за тоа што се случува на духовно ниво. Одговорите на овие прашања можат да се добијат преку на напредното шесто сетило. Некои од членовите на тимот за духовно истражување поседуваат напредно шесто сетило и одговорите добиени преку ова сетило се наоѓаат подолу.

3.2 Наоди и анализи преку напредното шесто сетило

Многу експерименти (спроведени со помош на скенери за аура и енергија и напредно шесто сетило) покажаа дека Центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот имаат извонредно високо ниво на позитивна енергија. На пример, од над 650 примероци почва и вода собрани од целиот свет (до јуни 2019 година), примероците од Ашрамот како најпозитивни се покажаа и се истакнуваа на листата од најдобрите 10 примероци на почва и вода ширум светот .

Причината за ова е првенствено големиот број светци и трагачи кои живеат во Ашрамот и практикуваат духовност според универзалните принципи. Ашрамот стана светилник за ширење на духовноста низ целиот свет и како резултат на тоа привлекува и емитува Божествена енергија и Божествена свесност (Чаитанија). Знаменитата духовна работа и истражување што се одвиваат овде го отвораат патот за воспоставување на „Новата ера на духовно будење“ што ќе започне во 2024 година.

Сè што е во близина на просториите на Ашрамот е допрено од оваа духовна позитивност. Во споредба со другите видови дрвја, дрвјата манго имаат поголема способност да апсорбираат позитивна енергија, така што дрвото манго пред Ашрамот не е исклучок. Поради изложеноста на високо ниво на позитивна енергија од Ашрамот, лисјата на дрвото манго станаа свежи и светлозелени. Изобилството на позитивна енергија од Ашрамот апсорбирана од дрвото манго е причина за позитивното отчитување со UTS.

На другата половина од дрвото, свртено на спротивната страна од Ашрамот со стари темнозелени лисја, е отчитана негативна вибрација со UTS. Зошто е тоа така?

Во периодот од 1999 до 2023 година, светот е среде сè поинтензивна суптилна битка помеѓу силите на доброто наспроти силите на злото . Повисокото ниво на негативни енергии ја зголемува духовната нечистотија (Раџа-Тама) во околината. Ашрамот е постојано цел на напад од негативните енергии на повисоко ниво, кои се обидуваат да го попречат ширењето на духовноста. Дрвото манго е чувствително на таквите промени и на него негативно влијаат ненормално високите зголемувања на духовната нечистотија (Раџа-Тама) во околината. Како резултат на тоа, страната на дрвото манго свртена спротивно од Ашрамот подлегна на суптилните негативни напади и лисјата добија темна нијанса. Негативниот напад беше регистриран од UTS уредот кој забележа негативни отчитувања од лисјата што се наоѓаат од спротивната страна на Ашрамот.

Феноменот на различно однесување на двете страни на дрвото манго е микрокосмос на поголемата суптилна битка што се одвива во духовната димензија и на Земјата. Нападот од страна на негативните енергии беше ограничен само на едната половина од дрвото. Другата половина беше заштитена поради изложеноста на високо позитивните вибрации емитувани од Ашрамот.

3.3 Суптилна слика на дрвото манго

 Г-ѓа Јоја Вале – суптилен уметникБожественото знаење може да се прими и во визуелен формат. Трагачите кои добиваат знаење на таков начин се познати како уметници за суптилно цртање. Тие можат визуелно да го перципираат суптилниот процес за време на експеримент или ситуација и да го нацртаат она што го гледаат и чувствуваат. Овие цртежи се налик на духовни рендгенски снимки и на просечниот човек му обезбедуваат неспоредлив визуелен поглед во духовната димензија.

Г-ѓа Јоја Вале, уметник за суптилно цртање, е трагач кој добива божествено знаење во визуелен формат. Нејзините суптилни анализи на настаните поврзани со дрвото манго во непосредната близина на Ашрамот се прикажани на суптилните слики подолу.

Страната на дрвото манго свртена кон Ашрамот е изложена на високо позитивни вибрации, а тоа е очигледно од суптилната слика подолу.

Суптилно влијание на вибрациите од Ашрамот во страната од дрвото манго свртена кон Ашрамот која изгледа позелено и поживо (прочитајте ги точките по следниот редослед - 1,1А,2,2А,3,3А)

Од друга страна, страната на дрвото манго свртена спротивно од Ашрамот е изложена на континуиран проток на негативна енергија и овој процес е прикажан на сликата подолу.

Суптилно влијание на околината на страната на дрвото што е спротивно од Ашрамот (За да го разберете процесот, прочитајте ги точките по следниот редослед -1,1А,1Б,2,2А)

4. Заклучни забелешки и размислувања

За искусен набљудувач, Ашрамот поседува ниво на позитивна енергија што е тешко да се најде на кое било друго место во светот. Затоа светците кои го посетуваат Центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот велат дека ова место е тиратстан (свето место достојно за аџилак). Дрвото манго пред Ашрамот е жив пример за тоа како природата (флората и фауната) може да ја препознае духовната позитивност и да реагира на неа со цветање. За жал, луѓето денес не можат да препознаат духовната позитивност, па многу минувачи не би ни погледнале во насоката на Ашрамот. Ова нè доведува до прашањето – ако растенијата можат да ја разберат духовната позитивност, зошто луѓето не можат?

Со обавување на редовна духовна пракса, секој може да развие способност да ги почувствува доминантните суптилни вибрации на некое место – добри, неутрални или лоши. Многу е важно да се развие и да се има оваа способност затоа што таа нè предупредува и нè штити од одење на места со негативни вибрации, без оглед на тоа колку се визуелно привлечни. Од друга страна, оваа способност му овозможува на човекот да ја разбере вистинската вредност на местата како што се Центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот во Гоа, и оттука, станува важен прв чекор кон стекнувањето на огромна корист од таквите места.