Придобивките од духовна пракса

Развој на личноста

Со обаувањето духовна пракса нашата личност трајно се менува на подобро. Освен тоа што си помагаме да станеме повеќе позитивни, таа промена влијае, односно има позитивен домино ефект и на луѓето околу нас.

Многумина од нас можеби читале книги за само-подобрување, кои се обидуваат да не научат како да постигнеме позитивни промени во нашата личност. Иако таквите книги не мотивираат и едуцираат, дали тие навистина придонесуваат да се случат трајни промени на подобро во нас.

Неколку дена после читањето на книгата, може да доживееме една изменета состојба со свежа позитивна перспектива, но со текот на времето се враќаме на старото и остануваме исти какви што сме биле претходно.

Зошто се случува ова?

Да претпоставиме дека имаме природа која секогаш мисли (размислува) негативно и постојано имаме мрачен поглед на животот, тогаш како можеме да се промениме и да станеме ведри и весели?

MKD-Personality-Development--v2