MKD-name-to-chant
Најефективен пат кон духовниот напредок во денешно време е повторување (пеење) на Божјото Име според религијата на раѓање. Родени сме во религија која е најпогодна за почеток на нашето духовно патување. Ова е основата на духовната пракса. Повторување на Божјото Име според религијата во која сме родени исто така ни овозможува да ја надминеме судбината. Во суштина, духовната пракса ни помага и на овој свет и во светот во кој заминуваме после смртта.

Да погледнеме неколку примери на Божјото Име кое треба да го пееме, во зависност од религијата во која сме родени.

Кое Божјо Име треба да пеам?

Религија на раѓање Името на Богот што го пееме
Будизам Ом Манипадме хум, Намо Будаја.
Христијанство Римокатолици: Пресвета Маријо, Англиконци и други Христијански вероисповеди: Исусе Господе.
Хинду Име на семејното божество, треба да пее Шри Куладеваји Намаха.
Метода на повторување (пеење) на семејното божество: Шри треба да биде пред името на божеството, Името што следува потоа треба да биде во датив и треба да заврши со Намаха.
Например, ако семејното божество е:> Ганеш; ’Шри Ганешаја Намаха’ >Бавани; ’Баваниматаја Намаха
Ислам Ја Алах, Алах ху Акбар, Рахим, итн.
Ѓаинизам Навакар Мантра (Ом Намо Арихантаман).
Јудеизам Јехова, Јахве, Адонаи или едно од многуте Божји Имиња во Јудеизмот.
Сикизам Вахе Гуру, Шри Вахе Гуру, Сукмани Сахеб, Јапаји Сахеб.
Зороастризам Постојат 101 Имиња. На трагачот му се препорачува да го пее Името кое што одговара на бројот добиен во медитација.

Слушнета ја пеаницата за отстранување на проблемите предизвикани од суптилните тела на преминатите предци – Шри Гурдев Дата.

И универзалната пеаница која што е најпогодна за трагачите до 2025. година (во случај да не сте приврзаници на ниту една религија) Ом Намо Багавате Васудеваја.