Како се одвива пеењето на Божјото Име – метода на пренасочување


Ако го погледнеме цртежот, гледаме преграда која се наоѓа помеѓу свесниот ум и потсвесниот ум. Оваа преграда има некои посебни задачи. Таа не дозволува на свесниот ум да дознае кои тајни се заклучени во потсвесниот ум. И покрај тоа овој слој е порозен и дозволува во едем момент да помине само една мисла од потсвесниот во свесниот ум. Мислата која помине е најсилната мисла. Така импресиите од потсвесниот ум брзо го погодуваат свесниот ум една по друга и се враќаат да го зајакнат центарот од кој потекнале. Пеењето (повторувањето) ги отстранува неправилните импресии од потсвесниот ум. Оваа метода, позната како метода на пренасочување, помага да имаме придобивки од пеењето.

Меѓутоа, кога центарот на Богољубие постане посилен, како што е прикажано на цртежот, по пат на духовна пракса со пеење, тогаш таа станува најмоќната мисла која го погаѓа свесниот ум. Секој пат кога Божјото Име го погоди свесниот ум, преградата се затвара и не дозволува ниту една друга импресија да навлезе. Кога мислата која од потсвесниот ум проба да влезе во свесниот ум, а налета на преградата која не и дозволува да помине, таа мисла тогаш биде пренасочена како на цртежот.

Така во овој процес другите импресии и центри бидат игнорирани. Со постојано игнорирање останатите центри се намалуваат додека не престанат да постојат. Ова е вториот ефективен начин на кој центарот на Богољубие го чисти потсвесниот ум.