Истражување на вибрациите кои се емитуваат од пивото, кола пијалоците и овошните сокови

Резиме: Човештвото има огромна придобивка од духовната чистота која се создава кога луѓето водат духовно исправни животни стилови, и во тој случај влијанието на Раѓа и Тама основните суптилни компоненти (прекумерна активност и незнаење) на човекот е намалена. Животните стилови вклучуваат дневна рутина, исхрана, облекување, итн. Во Калијуга бројот на луѓе кои се држат до духовно чист/исправен начин на живот е се помал. Исклучок не е ниту изборот на пјалоци. Во овој напис дознаваме какви вибрации се емитуваат од пивото, кола пијалоците и овошните сокови. Од ова ќе ја сфатиме важноста да се изберат пијалоци кои ни донесуваат духовна придобивка.

1. Пиењето овошен сок е покорисно од пиењето алкохол и кола пијалоци

Ако излезете од домот и посакате да се напиете нешто, никош не земајте алкохол, бидејќи тоа е штетно за телото. Алкохолот создава топлина во телото. Можете само да замислите колку е штетен ефектот на алкохолот врз хипер-чувствителната кожа во стомакот. Алкохолот се апсорбира 4000 пати побрзо од шеќерот и солта. Исто така, со конзумирањето алкохол се создава грев. Не само лицето кое пие, туку и оние кои му купуваат пијалок на некој кој пие, исто така се здобиваат со грев.

Конзумирањето вештачки пијалоци како што се кола пијалоците и други газирани пијалоци се штетни за организмот. Во нив се меша одредена количина киселина, која предизвикува расипување на забите и слабеење на коските. Од нутриционистички аспект, во нив нема ниту тронка витамини или минерали. Тие пијалоци содржат шеќер, јаглеродна киселина и други хемикалии.

Ако излезете од домот и посакате да се напиете нешто, овошниот сок е најдобро решение. Духовно е чисто (сатвик) и корисно за здравјето. Не предизвикува никаква загуба и е духовно исправен избор.

2. Анализи направени со помош на биофидбек опрема

Доколку некој има натпросечно развиено шесто сетило, може лесно да ги согледа духовните вибрации, да согледа дали предметот е духовно корисен или не, и соодветно на тоа да донесе духовно исправна одлука во животот.

Некои видови на биофидбек опрема како што се RFI (Resonant Field Imaging) – (уред – сензори за скенирање на телото, објект или на околината) и PIP (Polycontrast Interference Photography: вид на опрема за био снимање) (уред – визуелен систем на скенирање на кој се гледа подвижна слика во реално време на енергетското поле на телото или (аурата) на кој операторот може да дијагностицира и следи проблеми поврзани со био енергетското поле.), можат да ги снимаат вибрациите околу еден предмет и да ги прикажат во визуелен формат. Ова на просечниот човек му дава можност визуелно да ја види аурата или енергетското поле околу предметот.

Клинкнете на овој линк за повеќе информации околу PIP-уредот и неговата употреба.

Во овој експеримент ги истраживме вибрациите кои се емитуваат од пивото, кола пијалоците и овошните сокови, користејќи научна биофидбек опрема.

Во RFI тестовите ги бележевме промените кои се случуваат поради некој предмет во околината; сепак, бидејќи енергијата во околината често се менува, беше неопходно најпрво да ја тестираме самата околина. Затоа, пред да ги тестираме пијалоците, на масата е поставена празна чаша и е направено основно почетно отчитување, и потоа чашата се полнеше со пијалоци и беа бележани резултатите од опсервацијата.

01_MKD_PIP_baseline-reading

2.1 RFI отчитување на пиво, кола пијалок и овошен сок

Пиво

Кола пијалок

Овошен сок

Пред: ‘RFI’ отчитување пред да биде ставен пијалокот во чашата (во Mhz)

684.46

Оваа фреквенција означува сина боја, што е позитивна енергија.

549.94

Оваа фреквенција означува жолта боја, што е позитивност и среќа.

638.69

Оваа фреквенција означува сина боја, што е јасна мисла, вистинитост и позитивност.

После: ‘RFI’ отчитување откако во чашата беше ставен пијалок (во Mhz)

725.36

Бојата на оваа фреквенција е виолетова. Поврзана е со интелектуален стрес. Ова значи дека поради алкохолот, околината која претходно имаше позитивна енергија, стана стресна.

462.221

Бојата на оваа фрекевенција е розова и означува атракицја и распиштоленост. Ова значи дека поради кола пијалокот, доброто ниво во атмосферата опадна и се претвори во духовно инфериорна.

684.41

Бојата на оваа фреквенција е сина и означува позитивна енергија. Поради овошниот сок, околината остана духовно позитивна.

2.2 PIP отчитување на пиво, кола пијалок и овошен сок

Пиво: Бојата на пивото во чашата е целосно црвена и означува вознемиреност. Околу стаклената чаша е видлив портокалов прстен. Портокаловата боја претставува вибрации на тензија. Бидејќи алкохолот ги асимилира вибрациите на стрес од околината, големината на портокаловиот прстен се намалува. Поради ова, портокаловиот прстен околу чашата со алкохол е помал отколку од оној околу чашата со кола пијалак. Зелениот прстен се оддалечува од чашата поради портокаловиот прстен. Жолта аура со златна нијанса означува присутност на високо ниво на универзални вибрации. Таквата боја не е видлива во аурата на пивото.

02_MKD_PIP_beer

Кола пијалок: Бојата на кола пијалокот е цревена до одреден степен, означува вознемиреност, а до одреден степен сина, што означува позитивност. Околу чашата се гледа портокалов прстен (кој означува тензија). Зелениот прстен (кој означува позитивна енергија) се оддалечува од чашата поради портокаловиот прстен. Жолт прстен до одреден степен е присутен во околината, како и жолта линија е малку видлива околу чашата.

03_MKD_PIP_cola

Овошен сок: Бојата на овошниот сок е целосно зелена, означувајќи позитивност и духовна чистота (сатвик). Во околината, процентот на портокаловиот прстен е намален поради позитивните вибрации на зелениот и жолтиот престен. Околу чашата е видлив зелен прстен. Исто така, во околината е присутен и голем жолт прстен.

04_MKD_PIP_juice-copy

Од горе наведената опсервација, станува јасно дека алкохолот и кола пијалоците привлекуваат негативни и стресни вибрации. Спротивно на тоа, овошниот сок привлекува вибрации на позитивност и духовна чистота (сатвик).

Горенаведените скенирања и анализи се направени со помош на г-дин Сантош Јоши (Универзален истражувач на енергија, Мумбаи, Индија.)

SSRF апелира до научниците и експертите во оваа област, кои би можеле да помогнат на оваа тема од научна перспектива.