1-MKD-dowsing-with-pendulum

Во овој напис, со вас ќе го споделиме духовното истражување засновано на духовната наука кое го спроведовме на тема радиестезија. Во SSRF бевме заинтригирани од различните верувања и тврдења за радиестезистите, за она што високот како алатка за радиестезија може да направи. Ова доведе да ние спроведеме наше сопствено истражување. Ова студија е сеуште во прелиминарна фаза на разбирање на овој систем на претскажување. Меѓутоа, во оваа серија на видеа, презентации и написи, со вас ќе споделиме некои од првичните наоди. Овие наоди се засновани на набљудувања и анализи на експериментот, како на физичко така и преку високо развиено шесто сетило.

Dowsing-pendulum-p1-thumb1 дел – Духовно истражување за радиестезија со употреба на методот со висок

Многу од нас, веројатно експериментирале со радиестезија, но никогаш не помислувале на разните фактори кои може да се вклучат, кога ги добиваме нашите одговори. Во оваа видео снимка, дискутираме за движењето на високот во случај кога се користи на духовно просечно лице и на лице коа е опседнато од демонски негативни енергии.