Закон на промената

Дали некогаш сте се запрашале зошто надоворешниот свет никогаш не може да ни овозможи трајна среќа?

Одговорот е: Надворешниот свет никогаш не е постојан – постои само едно нешто што е постојано во надворешниот свет, а тоа е ПРОМЕНА.

На пример: Можеби ја сакате новата работа туку што сте ја добиле, сметате дека ве збогатува, исполнува и стимулира. Но што се случува кога ќе поминат неколку години, работата почнува да се повторува или членовите на вашиот тим се променат и вие сега не уживате во друштвото на големиот број нови колеги? Надворешниот свет секогаш се менува – што значи дека во него неможе да се најде ниту трајна, ниту постојана среќа.

Затоа, ако сакаме трајна среќа, треба да инвестираме самите во она што е непроменливо и вечно. Душата (атма) во нас е непроменлива и вечна. Но ако ние самите инвестираме во нешто што, по својата природа е непостојано, таков и вид на среќа ќе добиеме – краткотрајна и непостојана среќа.