Содржина
Кратко резиме: Научете алтернативни методи за готвење со користење на различни видови на шпорети како што се глинени или земјени шпорети и подгответе се за преживување за време на Третата светска војна и други итни случаи.
1. Вовед
Ова е уште една од нашата серија статии за тоа како да се подготвите за тешките времиња што претстојат. Преку истражувањата засновани на духовната наука, откривме дека во периодот помеѓу 2020 и 2023 година и најмалку три години потоа, светот ќе помине низ тежок, неповолен период на војна и природни катастрофи. Во овој период може да има прекини во снабдувањето со електрична енергија и гас а можеби нема да можеме да ги користиме и вообичаените методи за готвење на кои се потпираме. Оваа статија дава информации за алтернативните начини на готвење и различните видови шпорети како што се чулха (земјен шпорет) и други шпорети за готвење кои треба однапред да ги подготвиме за овие тешки времиња. Наведените опции се само општ водич и не се сеопфатни. Можеби ќе сакате да размислите за дополнителни техники за готвење и алтернативи за шпорет што се достапни и применливи во вашето место на живеење. Важно е да дејствувате сега, да започнете да инсталирате алтернативни опции за готвење и да ги испробате за да можете лесно да ги примените за време на вистинска потреба. Друга предност на овие методи е тоа што тие можат да бидат енергетски ефикасни и исплатливи. Намерата на пишувањето на оваа статија не е да се создаде паника, туку да ви помогне да се подготвите за да избегнете потешкотии подоцна, кога ќе дојдат тешки времиња.
2. Алтернативни методи за готвење на отворен простор
Ако живеете во куќа со двор и/или ако имате пристап до отворен или добро проветрен простор, можете да ги земете предвид следните алтернативни методи на готвење..
2A. Договорите изградба или купете традиционален шпорет или огниште (чулха)
Традиционален индиски шпорет (чулха)
Постојат различни видови традиционални земјени или глинени шпорети што може да се направат или купат. Најчесто може да се користат на отворено, но ако имате фарма или традиционална куќа која има оџак, тогаш може да се користат и во затворени простории. Ако временските услови во вашиот регион и во домот се поволни, може да размислите за користење на традиционален индиски земјен шпорет, познат како чулха, кој се загрева со користење на природни горива како што се брикетите од дрво или од кравји измет. За да избегнете загадување во затворен простор, размислете за купување на модел со „низок степен на чадење“.
2B.Шпорет од леано железо
Дури и ако немате шпорет или огниште во вашиот дом, набавете шпорет од цемент или леано железо и чувајте го подготвен за готвење во случај на итност.
Шпорет од леано железо
Шпорет од леано железо
Метален шпорет
Некои производители прават различни типови на печки што трошат помалку гориво, создаваат помалку чад, што се поедноставни и лесни за транспорт од едно до друго место. Некои печки можат да го насочат чадот кон оџакот. Можете да ги проучите овие опции и да купите модел што одговара на вашите потреби и што е достапен.
2C. Изработка на шпорет од тули
Готвење на шпорет направен од тули
Готвење на шпорет направен од големи камења
Во зависност од околностите и времето што го имате на располагање, во случај на итност, можете да направите и шпорет со спојување на тули или големи камења. Поставете го шпоретот така што ќе биде заштитен од директен ветер или ако е можно, заштитете го со некои контурни штитови или големи камења.
2D. Традиционална скара на дрво, гас или јаглен
Метална скара за готвење
Метална скара за готвење
Традиционалната скара на дрво или јаглен е уште еден вид на плоча за готвење што може да се користи за подготовка на оброци во отсуство на гас или електрична енергија.
2E. Вулкански печки
Вулканска печка
На пазарот има и понови типови на печки, како што се вулканските печки, кои се преносливи и можат да ги користат сите три вида гориво, односно дрво, гас и јаглен.
2F. Соларни печки и шпорети
Таквите шпорети ја користат топлината создадена од сончевата светлина за готвење на храната. Тие се добра опција во потоплите подрачја со повеќе сончева светлина. Постојат многу различни видови на соларни шпорети, како на пример:
Шпорет – соларна кутија
- Шпорет во форма на кутија – заштитена кутија покриена со стаклен или пластичен капак. Шпоретот ја користи акумулираната топлина од сончевата светлина за да ја зготви храната полека и рамномерно.
Параболичен соларен шпорет (заоблен колектор за сончева енергија)
-
- Параболични шпорети (со заоблен колектор) – рефлекторот ја фокусира сончевата светлина на мала област каде што храната може брзо да се зготви.
- Панелни шпорети – рефлектирачките панели ја насочуваат сончевата светлина врз сад за готвење покриен со друго тенџере или вреќа отпорна на топлина.
Различни модели на соларни шпорети се достапни комерцијално. На интернет се достапни и упатства за изработка на домашни соларни шпорети од едноставни материјали како стакло, алуминиумска фолија и картон. Меѓутоа, ако е можно, подобро е да купите модели на соларни шпорет што се продаваат.
2G. Шпорети на гас
Шпорет на гас
Шпоретите на гас може да се користат кога нема струја. Во повеќето случаи, тие мора да се користат на отворено, бидејќи произведуваат значителни количини на јаглерод моноксид или чад. Сепак, постои веројатност гасот да не биде достапен во случај на Трета светска војна.
Меѓутоа, во вашата земја или регион може да има шпорети на гас сертифицирани за внатрешна употреба, како што се шпоретите на гас што се напојуваат од резервоар за гас што е инсталиран на отворено. Некои од овие модели се специјално конфигурирани кога електричната енергија не е достапна и се палат со искра од батерија или на друг начин.
2H. Отворени огнови
Готвење на отворен оган
Готвење на отворен оган
Готвењето на отворен оган е уште една опција за готвење на отворено. Иако овој алтернативен начин на готвење може да изгледа едноставен и удобен, постојат многу безбедносни мерки на претпазливост што мора да се следат за да се осигура дека отворениот оган е ефикасен и безбедно одржуван.
- Користете суво дрво за да гори добро огнот и да не создава прекумерен чад.
- Запалете го огнот на камен или барем на гола земја.
- Заштитете го огнот од ветрот за да спречите ризик од пожар.
-
- На интернет се достапни инструкции за тоа како безбедно да се запали оган.
- Ако ја користите оваа алтернативна опција за готвење, користете опрема погодна за готвење на отворено, како што се котлиња и скари.
2I. Печка од тули или земја
Печка од земја
Ова може да биде добра опција за оние кои имаат алатки и средства да ги направат. На интернет може да се најдат инструкции за изработка на такви печки. Може да се купат и готови печки и комплети за нивна изградба.
Печка од тули на дрво или јаглен
2J. Шпорет на гас
Шпорет на гас
При краткотрајни прекини на струја, шпоретите на гас што користат плински боци, исто така, можат да бидат добра опција за готвење на отворено поради нивната лесна преносливост и ракување.
3. Алтернативни опции за готвење во затворен простор (на приземје / во соодветно проветрена просторија)
Следниве алтернативни методи за готвење се погодни за употреба на приземје (или на други соодветно проветрени места) од вашиот дом:
3A. Камин на дрво
Сад за готвење поставен над огнот во каминот
Каминот во затворена просторија може да се користи во итни случаи за готвење храна. На интернет има инструкции кои покажуваат различни начини за користење на каминот за готвење. На пример, реквизитите за готвење на отворено може да се користат и за готвење во затворен простор со закачување на котелот над огнот во каминот.
Влошки за готвење во камин
Има и комерцијално достапни влошки за камини, како и различни типови на плочи специјално направени за готвење во камин.
3B. Печки на дрва
Печките на дрва исто така се добра алтернатива за готвење кога нема гас и струја.
Печки на дрва
Печка на дрва
4. Алтернативни начини за готвење во затворен простор (за оние кои живеат во станови или домови со слаба вентилација)
Поради ризик од труење со чад и јаглерод моноксид, опциите за готвење во затворени простории се поограничени за жителите на станови, како и за оние кои живеат во домови со слаба вентилација.
4A. Индукциски шпорети

Индукциски шпорет за готвење во затворен простор
Ако имате постројка за соларна енергија, можете да се одлучите за индукциски шпорет што работи на сончева енергија. Достапен е и специјален сад за готвење со индукциска основа, компатибилен со индукцискиот шпорет, бидејќи обичните садови не можат да се користат за готвење на нив. Така, можете да купите и да чувате такви садови за готвење за време на итни случаи.
4B. Постројка за биогас
Постројка за биогас
Ако имате пристап до големо количество биоразградлив отпад, можете да размислите за инсталирање на постројка за биогас. Ако одгледувате добиток (крави, биволи, итн.), можете да инсталирате постројка за биогас што користи кравји измет за производство на биогас. Во некои земји, владата обезбедува субвенции, специјални попусти или ја плаќа целата сума за инсталирање на постројката за биогас. Ако е можно, размислете за инсталирање на мала постројка за биогас што може да работи на кој било органски отпад или отпад од храна, вклучително и гнила храна, како што е гнил леб, овошје, зеленчук, итн. Така ќе можете самите да го произведете гасот што ви е потребен за готвење. Важно е да се напомене дека печките кои согоруваат биогас се различни од конвенционалните печки кои согоруваат течен нафтен гас (ТНГ).
4C. Стерно
Едно од горивата за готвење во затворени простории во итни ситуации е стерно (гел на база на етанол). Неговата употреба е релативно безбедна и е безбеден за складирање во затворен простор. Стерно печките се достапни за купување, како и стерно лименки за еднократна употреба. Овие лименки, со тежина од околу 200 g, обезбедуваат пламен за готвење до два часа. Размислете за складирање на нерасиплива храна за која е потребно минимално време за готвење, како што се житарици, гранола, конзервирани супи, зеленчук и овошје
5. Други корисни совети за готвење за време на итни случаи
За да се подготвите за можна криза, практикувајте ги однапред избраните методи за готвење.
5A. Проверете дали сте добро снабдени со гориво за готвење, со компатибилни садови за готвење и прибор за избраниот начин на готвење во итни случаи. На пример, можете да ги складирате потребните количине од: суво дрво, јаглен, брикети од исушен кравји измет, брикети од биомаса, лушпи од ориз, струготини (или струготини од дрво), мелени лушпи од кикирики, сушени лушпи од сончоглед или семки од сончоглед итн. Брикетите од биомаса се достапни во продавниците во големите градови а може да се нарачаат и преку интернет.
5B. Колку и да е приоритетен изборот на шпоретот, треба да се внимава и на набавката и складирањето на дрвата, бидејќи во спротивно може да се соочите со недостиг од огревно дрво. За да се надмине овој период, потребно е да се спроведе одредена анализа. Во овој поглед, дрвените брикети се покорисни бидејќи имаат поголема калориска вредност (создаваат повеќе топлина а помалку светлина) од огревното дрво; дополнително, можат да се набават или направат во големини што ви одговараат, со што ќе ја зголемите густината на складирање, па ќе го оптимизирате искористувањето на просторот.
5C. Научете како да ја запалите традиционална глинена печка (чулха) и како да ја чистите секојдневно. Можете да почнете да готвите еден оброк дневно на традиционален шпорет бидејќи тоа ќе ви помогне во практична смисла да разберете што да правите и како да го правите тоа, какви безбедносни мерки да преземете, кое е потребното време за готвење итн.
5D. Вежбајте да готвите без модерни апарати кои се потпираат на електрична енергија. На пример, користете традиционален аван и толчник наместо електрична мелница. Користете традиционални прибор и за други потреби, за мелење на зрна и за правење на брашно, итн.
Традиционален прибор за готвење – аван и толчник
Традиционален прибор за мелење
Традиционален прибор за готвење
Традиционален начин на мелење
Традиционален начин на мелење
5E. Обидете се да готвите без работна плоча во кујната.
Готвење без работна плоча во кујна
Готвење без работна плоча во кујна
Готвење без работна плоча во кујна
5F. Чувајте неколку месеци или една година нерасиплива конзервирана храна (во зависност од достапноста на простор и капацитет), мешунки, житарки итн. за употреба за време на итни случаи. Овие животни намирници ќе бидат корисни кога храната и/или материјалите за готвење се дефицитарни. Можете исто така да се обидете да конзервирате свежо овошје и зеленчук користејќи го методот на конзервирање под притисок или во водена бања. Ако сте почетник, обратете се на Националниот центар за зачувување и безбедност на храната , за да ги добиете потребните инструкции за безбедно конзервирање на храна во домашни услови.
5G. Компаниите за снабдување со храна за итни случаи продаваат замрзната храна, плочки сува храна од резервите за итни случаи и готови оброци кои можете безбедно да ги чувате дома повеќе години.
5H. Ако има доволно сончева светлина во областа каде што живеете, обидете се да инсталирате соларни панели на покривот на вашата куќа или станбена зграда како алтернативен извор на енергија за готвење.
5I. Изборот на само еден алтернативен начин на готвење можеби не е доволен. Имањето повеќе алтернативни методи за готвење ќе се покаже непроценливо ако еден од нив не успее. Ви предлагаме да разгледате два или повеќе начини. Традиционалните печки на дрва, споменати во оваа статија, се една од најдобрите опции бидејќи работат независно од кој било друг фактор се додека имате на располагање суво дрво. Ако дрвото не е достапно, изберете ја опцијата што ви е најприфатлива.
5J. Со оглед на тоа што периодот помеѓу 2020 и 2023 година ќе се карактеризира со неповолни околности, може да биде потребно извесно време додека работите да се вратат во нормала во следните години. Значи, можеме да размислуваме да се подготвиме на таков начин што ќе можеме да го поминеме овој период и да ги имаме на располагање потребните алтернативи за подготовка на храна, бидејќи храната е основна животна потреба.
6. Заклучок
- Примената на овие алтернативни методи за готвење ќе ви помогне да бидете подготвени. Вклучувањето на овие методи во вашата дневна рутина за готвење ќе ви помогне лесно да преминете од конвенционалните методи на готвење (на кои сте навикнати) на овие алтернативи кога ќе дојдат полоши времиња.
- Со практикување на методите за готвење во итни случаи со различни типови на шпорети, ќе можете да видите што функционира, кои се проблемите со кои се соочувате и како можете да ги решите.
- Исто така, ќе можете да видите дали ви е потребна дополнителна опрема за непречено готвење за да ја купите навреме.
