Проучување на Духовноста

MKD-study

1. Зошто е важно да се проучува духовноста

Проучувањето на духовната наука е многу важно и неопходно, бидејќи тоа ќе ни помогне да ја разбереме важноста на обавувањето духовна пракса. Само кога интелектот е уверен за важноста на практикувањето духовна пракса (Духовност), можеме да правиме соодветни напори, редовоно да обавуваме духовна пракса.

2. Што треба да учиме?

  • Идеално би било да, книгите кои што ги читаме ни даваат јасни упатства, за напредување во духовна пракса. Насоките дадени во книгите треба да бидат во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса.
  • Кога станува збор за читање духовни текстови за нашиот духовен раст, пред се по можност треба да читаме текстови напишани од Светци или Гуруа – затоа што тие содржат Божествена свесност (Чаитанија). Ве молиме да обрнете внимание на SSRF дефиницијата за Светец и Гуру. Текстовите напишани од страна на Светците од највисоко ниво, содржат 100% Божествена свесност, во споредба со духовните текстови напишани од автори на ниско духовно ниво кои содржат 0-2% Божествена свесност. Па така, со читањето духовни книги од автори на ниско духовно ниво, во најдобар случај можеме да се здобиеме со некое знаење на ителектуално ниво. Но кога читаме духовни текстови напишани од Светци, дури и со самото читање добиваме Божествена свесност, што е целта на обавувањето духовна пракса.
  • Кога читаме Свети текстови, треба да бидеме внимателни да не го ограничуваме нашето разбирање на кратковиден секташки став. Туку треба да се обидеме нашиот став да го усогласиме со сеопфатната наука за Духовноста.
  • Светите Списи (текстови), често содржат преносно значење. Важно е да ги рабереме тие преносни значења и да ги примениме во пракса. Инаку, без разлика на тоа колку стотици пати ќе ги читаме Светите текстови, тоа ќе биде од мала корист за нашиот духовен раст. За да може да се разбере преносното знаење во некој Свет текст, потребно е високо духовно ниво. Нашето духовно ниво може нема да биде доволно за да го разбереме преносното значење на текстот, во согласност со Духовната наука и на соодветен начин тоа да можеме да примениме во пракса.

3. Како треба да учиме?

  • На почетокот треба да го прочитаме предговорот на духовниот текст, за да ја разбереме намерата на авторот или составот на текстот. Ова, исто така, ќе ни помогне во разбирањето на контекстот во кој авторот или составувачот ги објаснува духовните принципи.
  • На секој чекор, треба да се запрашаме дали сме го разбрале секој дел од текстот. Ако било која точка или дел од текстот не ни била јасна или не сме можеле да го разбереме, тогаш треба да го прашаме нашиот духовен водач, или оној кој го води сатсангот на кој ние присуствуваме.
  • Откако одреден дел од текстот ќе ни се разјасни, треба на некој да го објасниме со наши сопствени зборови. Објаснувањето концепт на друго лице со поттикнување тоа да поставува прашања, е добар начин да се знае колку добро сме го разбрале тој одреден концепт.
  • Потоа, треба да провериме, дали тоа што го учиме, некогаш сме го доживеале, а ако несме, да се запрашаме зошто несме. Ако несме доживеале одредена Вистина од Светиот текст, тоа значи дека треба прогресивно повеќе да обавуваме духовна пракса.
  • Треба да направиме одреден план, да примениме во пракса она што сме го разбрале, и од време на време да провериме дали постои напредок.
  • Од време на време треба да проучуваме ист текст. Ова е затоа што, со зголемувањето на нашето духовно ниво, се зголемува и способноста за разбирање на текстот, капацитетот да се примени во пракса, итн., се зголемува.

3.1 Колку долго треба да учиме?

Трагачи во почетна фаза: Во оваа фаза, треба да читаме ‘заради доброто на читањето’ со цел да развиеме некое верување во Духовноста и духовната пракса. Треба да ги читаме оние Свети текстови во кои има минимална разлика помеѓу буквалното и преносно значење или оние во кои таквата разлика воопшто не постои.

Подоцна, кога преку духовна пракса, ќе почнеме да добиваме духовни искуства, ова читање се покажува корисно за потврда на овие искуства. На пример, ако искусиме мирис на миризливо стапче, а тоа воопшто не е ни запалено покрај нас, нема да бидеме изненадени ниту пак за тоа ќе размислуваме многу, ако затоа веќе сме читале, и ќе сфатиме дека тоа е духовно искуство.

Трагачи во средна фаза: Во оваа фаза, учењето не е толку неопходно бидејќи сега имаме вера во Духовноста. Меѓутоа, ние се’уште немаме духовни искуства од повисоко ниво. Шри Шанкарачарија рекол дека, ‘Мрежата од зборови е голема шума која предизвикува умот да талка и создава конфузија’. Тоа значи дека претераното читање, исто така, може да резултира во конфузија. Доста често среќаваме луѓе заклучени (кои водат, длабоко се навлезени, широко ангажирани) во теолошки дебати и во мрежа од духовни зборови кои никогаш не искусиле возвишена духовна состојба, како Духовна емоција (Бав) или Блаженство. За луѓето кои се соочуват со овој вид на пречка, најдобро е, што повеќе да се фокусираат на практикување Духовност во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса.

4. Најважно

Ако истовремено со учењето не обавуваме и духовна пракса, постои ризик духовно да не напредуваме, поради стоверната гордост (суетност) стекната како резултат на незаситното читање на ист текст и знаењето добиено од него. Не постои замена за практикување Духовност, така да целото наше учење треба да биде насочено кон постигнување повисоки нивоа на духовна пракса.