Насилни манифестации на демонска опседнатост

1. Вовед во насилни манифестации на демонска опседнатост

При насилни манифестации на демонска опседнатост, свеста на духот преовладува и делува насилно. При таквата насилна демонска опседнатост, манифестацијата би можела да резултира во следново:

  • Однесување кое ги нагласува главните особини на личноста. На пример, агресивна личност може да стане уште поагресивна.
  • Однесување кое е спротивно на карактерот на личноста или ситуацијата. Послушна и срамежлива личност може да прикаже некарактеристично агресивно однесување.
  • Понекогаш личноста може да прикаже надчовечка сила во моментите кога е насилно. Видовме ситуации во кои имаше потреба од повеќе луѓе за да можат да задржат кревка личност.

2. Видео на кое е прикажана насилна манифестација на демонска опседнатост

Во следново видео се прикажани два примера на насилни манифестации. Објаснувањата за двете видеа се дадени подолу.

Violent-demonic-possession12.1 Насилна манифестација на дух кој предизвикува гушење и нагли движења

  • За време на овој инцидент, лицето во ова видео веќе 4-5 години обавува духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, според советите на SSRF.
  • Веќе долги години ова лице е опседнато од дух. Меѓутоа, опседнатоста излезе на виделина после долго обавување духовна пракса. Причината за ова е затоа што ентитетот кој ја вознемируваше веќе неможеше да го поднесе сатвикот, кој што лицето го добиваше вршејќи секојдневна духовна пракса. До тогаш духот ја мачеше на пријатен начин, создавајќи и различни проблеми во животот.
  • Ова видео е снимено за време на рутинска сесија на духовно исцелување во SSRF ашрамот во Гоа, Индија. Кога духот беше присилен да се покаже, тој се обиде ја испалши и неа и исцелителите така што ја гушеше, влечеше и туркаше наоколу.

2.2 Насилна манифестација на дух од шестиот регион на Пеколот

Violent-demonic-possession2

За време на оваа манифестација, лицето во ова видео веќе 6 години обавува духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, според советите на SSRF.

  • Следеше суптилна битка во која духот активно се обидуваше да го нападне Неговата Светост Др. Атавле. Жестокоста на суптилната битка ние неможевме да ја согледаме. Методата која Неговата Светост Др.Атавле ја користи за борба против црната енергија на Мантрикот, е влез во медитативна состојба.
  • Како Мантрикот почна да ја губи битката се обидуваше физички да одвлекува внимание со цел да ја наруши медитативната состојба на Неговата Светост Др. Атавле.
  • Конечно по едночасовна битка, духот ја исцрпи својата црна енергија и се откажа.