Контактирање на нашите преминати предци со помош на Уиѓа табела

Причини поради кои ова е штетно:

  1. Повеќето од медиумите немаат високо развиено шесто сетило (ESP),  ниту духовно ниво да го препознаат вистинскиот идентитет на духот со кој што зборуваат. Во повеќето случаи, наместо нашите предци  или нашите сакани, оној кој што всушност се јавува е дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.). Духовите можат да ја преземат контролата врз нашите предци, понекогаш извлекувајќи информации од нив, за  да не измамат како да всушност разговараме со нашиот предок. Ова се случува дури и ако преминатиот предок не сака да даде информации на духот. Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) исто така имаат способност да го парализираат умот на нашите предци, за да извлечат информации од нив. Понекогаш духовите намерно допуштаат предците да комуницираат, но ги присилуваат да даваат погрешни информации на нивните потомци, за да ги одведат на погрешен пат.
  2. Во речиси сите случаи, медиумите кои што се на ниско духовно ниво се опседнати од духовите, а за тоа воопшто да не се свесни. Повеќето од медиумите ова го работат за пари, или слава. Духовите ги користат овие желби на лицата кои што се медиуми за да ја зајакнат својата контрола врз нив. (Ве молиме прочитајте го написот – Кои луѓе се напаѓани од духовите или се избрани да бидат опседнати?)  За да остварат подлабоко и понатамошно влијание, духовите понекогаш им ја зголемуваат способноста на медиумите. Медиумот оваа зголемена способност ја покажува како знак на неговиот личен напредок, но ова е далеку од вистината. На крај духовите преку медиумите погрешно ги водат луѓето.
  3. Од друга страна, посредниците кои што имаат поголема духовна моќ, генерално имаат неколку духови под своја контрола. Ги користат овие духови за да добијат информации за луѓето кои што доаѓаат кај нив, затоа што тие луѓе имаат потреба да контактираат со преминатите предци кои што некогаш ги сакале.
  4. Понекогаш ќе слушнеме за ’духови шепнувачи’ како им помагаат на нашите преминати предци да поминат во следната димензија. Дух шепнувач е друг израз за посредникот, кој што помага во комуникацијата со душата на преминатиот. Доколку духот шепнувач не е на 70% духовно ниво, те. на ниво на Светец, не може да му помогне на било кое суптилно тело, да помине во повисоките нивоа на позитивните региони надвор од регионот на Земјата.
  5. Обидите да се комуницира со нашите преминати роднини, само го зголемува нивното чувство за врзаноста за нас и обратно. Преминатите предци можат да доживеат болка и жалење за нивните преживеани роднини и повторно да бидат привлечени кон регионот на Земјата (Булока). Ова им создава пречки во способноста на суптилните тела да се движат и напредуваат во животот после смртта.
  6. MKD_Ouija_BoardСамо лицето кое што е Светец (те. на духовно ниво над 70%), може точно да ја разбере информацијата од духовната димензија за преминатиот предок на некој. Тоа е во состојба да процени дали контактот е воспоставен со предокот, или некој дух се претставува наместо него. Во овој момент, постојат помалку од 10.000 од овие духовно возвишени луѓе, кои што живеат на Земјата. Тие генерално никогаш не им помагаат на луѓето да контактираат со нивните преминати предци.
  7. Во случај на Уиѓа табелата, постои само 10% шанси да се дојде во контакт со преминатиот предок. Од друга страна, пстои 90% шанси да се дојде во контакт со духот кој што се претставува наместо предокот. Уште поголема опасност е тоа што духот може да ја искористи Уиѓа табелата за да го опседне лицето.

Загубата на саканото лице може да биде трауматично искуство и човек може да има желба да контактира со него, за да види дали е добро. Најдобрата услуга која што можеме да им ја направиме на нашите преминати предци, е да вложиме труд да ги пуштиме да заминат. Ова е поради тоа за да можат да го продолжат своето патување во животот после смртта. Најдобриот начин да им покажеме дека ги сакаме, е да ги пуштиме да си заминат. Комуникацијата со преминатите нема никаква духовна вредност и само може да направи проблеми, како за предците, така и за потомците. Важно е и корисно да ја пренасочиме тагата поради загубата на саканите во вршење на духовна пракса и пеење на духовно заштитната пеаница Шри Гурудев Дата. Ова ќе ни помогне да се ослободиме од болката што ја чувствуваме, а ќе им помогне на саканите кои што се преминати во нивниот живот после смртта.