Кај кого се буди духовна емоција?

Како што веќе видовме во поранешните написи во оваа серија, духовна емоција (Бав) е состојба на доживување на Божјото присуство секаде, во себе, во другите како и во неживите творби во Универзумот. И ако тоа многумина го разбираат на интелектуално ниво, доста е тешко да се доживее во реалноста. Уште поважно, за повеќето е многу тешко да се живее според тоа разбирање во секој момент во секојдневниот живот.

Една од најважните причини за неспособноста на повеќето луѓе да ја доживеат духовната емоција е ниското духовно ниво на просечниот човек. Имајте предвид дека под ’просечен човек’ мислиме на човек кој е духовно просечен. Во овој световен живот тој човек може да биде милијардер, претседател на држава или славна личност од светот на забавата. Најчестото духовно ниво кај луѓето во светот во сегашниот момент е 20%, додека кај Светците кои го достигнале Конечното Избавување (Мокша) е 100%. За духовната пракса, која се врши само врз основа на духовната емоција, се случува лесно, духовното ниво на трагачот мора да биде најмалку 50%. Слично на тоа, за да се пробуди духовната емоција, преку духовната пракса, најниското духовно ниво кое за тоа е потребно е 50%. За достигнување на тоа ниво, потребно е да го повторуваме (пееме) Божјото Име, да присуствуваме во друштво на вистината (Сатсанг) и ги понудиме своите услуги за ширење на Духовноста (Сатсева), непрекинато. Дури и после будењето на духовната емоција, за таа да се одржи потребно е да вршиме духовна пракса. Ве молиме погледнете го нашиот напис: ‘Компоненти на духовната емоција’.

За сериозните трагачи по Вистината важен е фактот да бидат внимателни на чисто надворешните манифестации на духовните емоции. Ве молиме видете го написот ’Видови и манифестации на духовните емоции’. Важно е да ја измериме нашата духовна емоција со мерило за да бидеме способни да го живееме секојдневниот живот. На пример, некој може да доживее духовна емоција во форма на ладни солзи кога посетува свети места, кај сеќавањето на духовниот учител (Гуруто) или преку духовно искуство. Меѓутоа вистинскиот тест за духовната емоција би бил да се види Божјата рака која не потпира дури и кога поминуваме преку тешкотиите во нашиот живот. Во тој случај кога сме го направиле целиот можен труд, ќе бидеме способни активно да ја предадеме ситуацијата на Божјите нозе. Друга проверка е да го погледнеме својот став и однесувањето со другите, посебно со оние кои постапуваат негативно со нас. Ако можеме да бидеме свесни за Божјиот Принцип во нив и додека се соочуваме со нив, тогаш тоа е сигурен тест за нашата духовна емоција.