Духовно искуство на суптилен мирис и вкус на сандаловина при читањето написи поврзани со духовноста

MKD-MayaНеодамна бев подложена на интензивен Ајурведски третман. За време на третманот не бев во можност да разговарам со други трагачи по вистината од Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF) и пропуштив да бидам во нивно друштво на Вистината (сатсанг). Кога се осеќав малку подобро, го вклучив компјутерот и почнав да читам неколку написи на SSRF веб-сајтот. Читањето на написи на веб-страната ми даде можност да го задржам умот на духовноста и претставуваше еден вид на сатсанг. Додека го читав написот за основните причини за тешкотиите во животот, имав огромно чувство на благодарност за Божјиот Принцип на учењето т.е. Гуруто. Сфатив како исклучиво благодарение на Гуруто, добиваме пристап до ова духовно знаење, кое ни овозможува да разбереме и да се носиме со тешките ситуации во животот.

Како што осеќав огромна благодарност, почнав да го осеќам мирисот на сандаловина, и исто така, можев суптилно да ја вкусам. За тоа време немаше ниту запалено мирисливо стапче, ниту постоеше било што друго што би можело да го предизвика тој мирис. Речиси веднаш во истиот момент, солзи на духовна емоција ми потекоа, и доживеав возвишена форма на среќа, која траеше речиси половина час.

– Г-ѓа Маја Џаирам, Колорадо, Сад

Духовната наука зад ова искуство

Благодарение на Божјата благодат, добиваме духовни искуства. На тој начин Бог нас не уверува дека сме на вистинскиот пат. Тоа нас не охрабрува да истраеме во нашата духовна пракса. Духовните искуства доаѓаат во многу форми и можат да бидат поттикнати со нашето Богољубие, или кога во даден момент ни е потребна Негова поддршка.

Во случајот на Маја, кога таа осеќала огромно чувство на благодарност кон Бога, таа свесно го призна Неговото постоење во нејзиниот живот. Во истиот тој момент, Маја доживеала суптилен мирис и вкус на сандаловина. Маја го искусила овој суптилен мирис и вкус преку нејзините суптилни органи за мирис и вкус. Генерално, суптилно искуство на вкус е доста ретко. Тоа се случува кога ќе го согледаме Апсолутниот Елемент Вода, преку нашето шесто сетило (преку медумот на суптилниот сетилен орган за вкус).

Сето ова го зголеми нејзиното чувство на благодарност, кое за возврат во неа разбуди духовна емоција. Еден од начините на кои се манифестира духовна емоција, е во форма на ладни солзи придружени со чувство на Богољубие и мир.

Подетални информации за тоа како доживуваме искуство на суптилен мирис или вкус, ве молиме погледнете го написот шесто сетило перцепција преку петте суптилни сетилни органи.