Ослободување од циклусот на раѓање и умирање

Ослободување од циклусот на раѓање и умирање

Според духовната наука, дефиницијата за ослободување значи дека, нема потреба повторно да се раѓаме затоа што судбината е доволно намалена.

Човекот повторно се раѓа од две причини. Првата причина, која изнесува 65%, е човекот да ја проживее среќата и несреќата според судбината, а втората, која изнесува 35%, е духовно да напредува за да доживее Блаженство.

Во просек, ако претпоставиме дека натрупаната сметка (а тоа се сите натрупани добри дела и гревови според законот на земање и давање) е константна – 100 единици, во еден живот 6 единици е проживеано како судбина. Според тоа, би изгледало можно човек да доживее ослободување после 16-17 животи. Но тоа не се случува затоа што, додека ги проживува овие 6 единици од судбината, просечен човек не врши никаква духовна пракса. Освен тоа, поради слободната волја натрупаната сметка се зголемува за 10 единици. Така во моментот на смртта натрупаната сметка изнесува 104 единици и лицето уште повеќе се заплеткува во циклусот на раѓање и умирање.

Сите би сакале да ги проживеат своите животи така да и во наредните неколку животи бидат многу среќни. Но целта на животот не е да имаме среќни наредни животи, туку да излеземе од циклусот на раѓање и умирање. Причината поради која сме родени е што уште не сме ги научиле лекциите кои требало да ги научиме. Како што мораме да ја повторуваме училишната година затоа што сме паднале по некој предмет, исто така мораме да се раѓаме постојано од почеток. Ослободувањето од ропството во бескрајниот циклус на раѓање се случува кога се потрудиме да вршиме духовна пракса и да го спознаеме Бога. Тоа е нај возвишената цел која човек може да ја има.

Во текот на духовната пракса, кога лицето го достигне духовното ниво од 60% тогаш повеќе не мора да се раѓа за да напредува понатаму.