1_MKD_Salt-water-spiritual-remedy

1. Што е третман со солена вода?

Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) влијаат врз луѓето и предизвикуваат проблеми преку својата црна енергија. Црната енергија може да предизвикува разни проблеми како што се депресија, нејасно размислување и неисправна работа на органите, што доведува до понатамошни проблеми како зависностите, финансиски проблеми, болки во градите, итн.

Духовите ја пренесуваат својата црна енергија на луѓето и создаваат големи залихи во нивните тела. Тешко можеме да се ослободиме од таа црна енергија освен преку генералниот духовен лек како што е духовната пракса или поспецифичниот како што е третманот со солена вода.

Третманот со солена вода е едноставен, но моќен начин за сузбивање на штетната и невидлива црна енергија и нејзиното исфрлање од нашето тело. Правејќи го тоа, не ја трошиме нашата духовна пракса за спротивставување со црната енергија. Наместо тоа, таа може да биде искористена за остварување на нашиот духовен раст.

2. Кога треба да го користиме третманот со солена вода?

Секој од нас е под влијание од духовите до одреда мерка. Како резултат на тоа, сите ја имаме до некој степен акумулирано нивната црна енергија во нашето тело. За да ја отстраниме црната енергија од нашето тело, би требало секој ден да го правиме третманот со солена вода.

Третманот со солена вода посебно треба да го правиме кога ги имаме следните симптоми:

  • Летаргија
  • Намалена активност
  • Неспособност за размислување
  • Прекумерни мисли, посебно кога се негативни
  • Лутење, или било која друга екстремна емоција
  • Стрес
  • Било која форма на физичка болест

Кога ги чувствуваме горе наведените симптоми, се наоѓаме во физичко, емоционално, или духовно ослабена состојба. Во таквата ослабена состојба, духовите вршат влијание врз нас и влеваат повеќе црна енергија и ги активираат симптомите во уште поголема мерка.

Сликата што следува е суптилна слика на духот како предизвикува депресија кај лицето.

Кликнете овде за да ја прочитате целата анализа за случајот.

Исто така видете го написот – Зошто ставаме заштитна рамка?

Забелешка: Секој пат кога сме во ослабена состојба, се изложуваме на попречување, затоа што во таква состојба на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) им треба најмала количина на енергија за да делуваат врз нас.

Во случаите на сериозни проблеми, за подобри резултати, третманот со солена вода може да се повтори 2-3 пати дневно во интервали од 2-3 часа.

3. Што е потребно за третманот со солена вода?

4. Како се изведува третманот со солена вода?

4.1 Упатства – чекор по чекор

Подготовка:

  • Наполнете ја кантата (до половина) водата да ги покрие глуждовите. Додајте две супени лажици камена, или морска сол.
  • Молете се на Бога искрено и со вера, да ја отстрани црната енергија од вас. Исто така молете се за уништување на црната енергија на негативните енергии кои влијаат врз вас. Молитвата е важна состојка која ја поттикнува делотворноста на овој лек.

Лек:

  • Седете исправено со стапалата во солената вода. Држете растојание од 2-3 см помеѓу стапалата. Така црната енергија максимално излегува од нас за време на третманот. Ако стапалата се допираат, се создава препрека за излегувањето на црната енергија преку стапалата.
  • Држете ги стапалата во солената вода 10-15 минути.
  • Додека стапалата се во солената вода, пејте го Божјото Име според својата религија.

На крајот: 

  • После завршувањето на третманот молете са на Бога да направи заштитна обвивка околу вас.
  • Потоа фрлете ја водата во wc-шолјата и измијте ја кофата.
  • На крајот пејте го Божјото Име уште 2-3 минути.

4.2 Видео демонстрација на третманот со солена вода

Видеото се уште не е преведено на македонски јазик.

Јавување на ноќни мори пред објавувањето на продукцијата на видеото за SSRF

5. Кој е механизмот на делување на третманот со солена вода?

  1. Пеењето и молитвата го поттикнуваат исфрлањето и разградувањето на честичките од црна енергија насобрани во разни делови на нашето тело.
  2. Солената вода има способност за извлекување на црната енергија од телото.
  3. Излегувањето на црната енергија надвор, може да биде придружено со симптоми како проѕевање, подждригнување, вкочанетост на нозете, топлина во ушите и очите, итн. Понекогаш се јавува чувство на сува кожа на стапалата додека се во водата. Тоа е знак на излегување на црната енергија. Исто така е забележано понекогаш, после третманот со солена вода, водата да добие поцрнета боја, или добие непријатен мирис. Или понекогаш стане топла. Тоа е поради контактот со црните фреквенции кои излегуваат од телото.

6. Придобивки од овој третман

6.1 Што навистина се случува во суптилната димензија за време на третманот со солена вода?

Кога лицето кое е под влијание од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) правело третман со солена вода, трагачот по Вистината што има развиено шесто сетило (ESP), Мадура Бозле, ги има забележано следите ефекти од овој третман, на духот и неговата црна енергија.

3-MKD_Example-15-mins

6.2 Суптилна слика за отстранувањето на црната енергија

Ова е суптилна слика на ефектите од третманот со солена вода врз црната енергија на вештерката (четкин) од суптилниот свет (вид на негативна енергија) која ги предизвикала прекумерните сексуални мисли кај лицето кое го правело овој третман.

Прочитајте: Студија за случајот Духовен лек за прекумерни сексуални мисли

Исто така прочитајте: Зошто ставаме заштитни рамки?