Последиците од разговорот за покојникот и служењето храна после погребот – духовна перспектива

Според духовната наука, сите обичаи кои што се врзани за телото на преминатото лице, треба да се применуваат со цел да се овозможи помош на суптилното тело на покојникот на неговото понатамошно патување после смртта. Најдобро е да се избегнуваат активностите кои што можат да ја зголемат врзаноста на суптилното тело на преминатиот предок за неговиот минат живот на Земјата.

Во денешниот свет, одржувањето на погребните собири, претставува општо прифатено однесување пред и после погребот. Роднините и пријателите се собираат во домот на потесното семејство на преминатиот, за да го изразат своето почитување и да изразат сочувство по повод смртта. Редовно се служат храна и пијалоци, се разговара за животот на покојникот.

Гледано од духовна перспектива, ова може да биде многу штетно за луѓето кои што присуствуваат во сето ова, како и за самото суптилно тело на преминатиот.

1. Проблем: Разговорот за преминатото лице постојано го влече неговото суптилно тело назад во домот

Повеќето луѓе во денешно време претежно вибрираат со раѓа-тама  (раѓа – акција и страст; тама – инерција и незнаење) вибрации, со многу его,  желби и врзаност. Кога ќе починат лицата кои што се претежно раѓа-тама, нивните врзаности и желби можат да ги задржат нивните суптилни тела после смртта и поради тоа тие не можат да продолжат понатаму во животот после смртта.

Кога зборуваме за преминатото лице, основните суптилни раѓа-тама вибрации кои што се поврзани со тоа лице, се пренесуваат преку говорот. Поради тие вибрации, суптилното тело на преминатото лице е привлечено во тој простор и така таму се задржува. Тоа се случува врз основа на правилата на духовната наука кои што гласат: ’Зборот, допирот, формата, вкусот, мирисот и енергијата коегзистираат (делуваат и постојат заедно)’. Во овој случај зборот се однесува на името на преминатото лице, а формата на суптилното тело.

Разговорот за преминатото лице создава енергија која што е врзана за преминатиот, а таа го привлекува суптилното тело во тоа поле.

Кој е духовно исправниот начин на изразување почит кон скоро преминатиот?

Според претходно споменатиот принцип, во случај на изразување почит и жалење за преминатиот, треба да се води сметка за раѓа-тама компонентата која што веќе е присутна во просторот, да не се зголемува понатаму.

Ве молиме да го прочитате написот за – ’Трите основни суптилни компоненти на креацијата’,  каде што се дадени примери за активностите кои што ја зголемуваат раѓа-тама компонентата.

Би требало да се спречат сите активности, кои што го влечат суптилното тело на преминатиот предок кон регионот на Земјата. Затоа треба да ги избегнуваме големите собири, гласините, и/или подолгите разговори за преминатиот. Наместо разговорот за преминатиот, најдобро е да бидеме интровертни (во мир и тишина) после враќањето од погребот. Она што највеќе ќе му помогне на преминатиот, на неговото понатамошно патување и да го изолира од било какво штетно влијание е да се пее духовно заштитната пеаница Шри Гурудев Дата,  а може и тивко да ја пуштиме на некој музички уред.

2. Проблем: Веројатност од попречувања на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) за време на конзумирањето храна во домот на преминатиот

Сите работи, вклучувајќи ја и храната во домот на преминатиот, се загадени од влијанието на основната суптилна тама компонента, која што тогаш претежно ја исполнува атмосферата во просториите. Помеѓу останатото, конзумрањето на раѓа-тама загадената храна, ја зголемува можноста да духовите и создаваат проблеми на луѓето што ја јадат.

Духовна перспектива за конзумирањето храна во домот на скоро преминатото лице

Најдобро е да не се послужува храна во домот на преминатото лице, после враќањето од погребот. Не би требало да се подготвува храна ниту за домашните во тој дом до денот на погребот, или кремацијата. Роднините, комшиите, или пријателите можат да донесат храна за семејството на преминатиот. Храната треба да се јаде дури после кога е очистена со прскање на Света вода  (вода добиена од Свет пепел) и после молитвата на Бога за заштита. Најдобро е да се јаде во тишина без разговор, со постојано пеење на пеаницата за духовна заштита Шри Гурудев Дата.

Забелешка: За духовната мерка со Света вода можете да прочитате во написот – Духовно исцелување.