1. Вовед во придобивките од Сатсанот

Престој во друштво на вистината – Сатсанг е важен аспект на духовна пракса во духовното патување на еден трагач. Ова е особено важно на почетокот од нечие духовно патување кога Духовноста се уште не станала составен дел од нашиот живот. За трагачите кои се по искусни во духовна пракса, Сатсангот е прилика да му служат на Бога и на другите трагачи, споделувајќи ги нивните духовни искуства со нив и помагајќи им на останатите трагачи во нивната духовна пракса.

Во секој од жолто обоените делови подолу, споделивме некои духовни искуства на трагачитие за тоа како им помогнал престојот во друштвото на вистината – Сатсанг.

Набрзо, по венчавањето се преселив во САД. Само еден месец по преселувањето ја започнав својата духовна пракса, пеење на Божјото Име. Еднаш во САД, се обидов да го пеам Божјото Име и настојував во тоа да духовната пракса стане дел од мојот секојдневен живот, но тоа не ми успеваше. Така да, речиси една година не обавував духовна пракса. Дури тогаш, откако почнав да присуствувам на сатсанзите, повторно и пак почнав редовно да го пеам Божјото Име и да применувам сето она што сум го научила за да напредувам духовно. – С.К, САД

2. Одговори на прашањата за Духовноста

2-benefits-of-satsang-clarification-of-doubtsКога еден трагач по Вистината ја проучува духовната наука, тој или таа може да се сретнат со нови животни концепти и учења. Овие нови концепти можат да доведат до зголемување на прашања во умот на еден трагач, како што се, “Како практично да го применам овој духовен принцип” или “Како да ги надминам препреките во својата духовна пракса.” Ваквите видови на прашања се сосема природни за учениците на Духовноста и важно е дека таквите прашања или сомнежи се одговорени навремено, за да може слободно и непречно да продолжи нечија духовна пракса.

Кога Сатсангот е спроведуван од страна на трагач кој има желба за ширење на Духовноста, љубов кон другите и духовна емоција, тој или таа, полесно ќе можат да пристапат до мислите на Бога и одговорат на прашањата за Духовноста и духовна пракса на сеопфатен начин. Заедно со ова, целата група на трагачи кои присуствуваат на сатсангот имаат прилика да научат која перспектива треба да ја усвојат и применат кога сами ќе добијат слични, или ќе се соочат со истите прашања за Духовноста. Ако овие прашања кои предизвикуваат сомнежи не бидат благовремно одговорени, можат да закочат или успорат нечии напори а во некои случаи можат и целосно да ја попречат нечија духовна пракса.

За време на престој во друштво на вистината – Сатсанг некои трагачи беа пријатно изненадени, кога во текот на сатсангот ќе ги добиеја одговорите на прашања кои ги имаа на ум, без да го поставеа прашањето. Заради тоа што трагачот се труди да присуствува на сатсангот, Бог му помага на трагачот со тоа што му дава одговори на прашањата, кои веќе некое време постојат во неговиот или нејзиниот ум.

3. Престој во друштво на вистината – Сатсанг помага да ги наполниме нашите ‘духовни батерии’

Според духовната наука, целиот унверзум е составен од 3 основни суптилни компоненети – Сатва, Раѓа, Тама. Сатва е компонентата која претставува духовна чистота и знаење; Раѓа претставува акција и страст, додека Тама претставува незнаење и инерција. Суптилните вибрации кои се емитуваат од се што е створено зависат од основната суптилна компонента во кое преовладува и се состои тоа нешто.

Во денешниот свет луѓето се повеќе фокусирани на материјализмот, а помалку на Духовноста. Кога во општеството преовладува помал фокус на Духовноста, во околината почнува да се акумулира (зголемува) духовна нечистотија. Оваа појава е позната како духовно загадување, и значи дека дошло до пораст на основните суптилни Раѓа и Тама во општеството и околината. Ова духовно загадување ја осиромашува (намалува) нашата духовна енергија и до крајот на неделата, имаме чувство дека нашите ‘духовни батерии’ се испразнети. Поради ова се чувствуваме исцрпено и дури ни е и тешко да размислуваме за духовна пракса. Ова може да доведе до губење на ентузијазмот да истраеме во нашата духовна пракса.

Кога присуствуваме на Састанг, ние сме изложени на повисоки нивоа на духовна позитивност. Животната средина се исполнува со Божествена свеснсот и суптилната компонента која преовладува е Сатва. Ова духовна позитивност може уште повеќе да се зголеми кога духовното ниво на трагачите кои присуствуваат на Сатсангот е повиско и ако трагачите покрај ставот на учење имаат и духовна емоција. Понекогаш, позитивните енергии и Божествата со Нивното суптилно присуство на Састангот, ги благословуваат трагачите.

После напорната работа недела, тргачот може да биде физички, ментално и духовно исцрпен. Меѓутоа, благодарение на Божествената свесност и сатвикот (духовна чистота) присутна на Сатсангот, трагачот кој е пристуен се исполнува со духовна позитивност и добива ентузијазам да продолжи и да истрае во неговата или нејзината духовна пракса.

Сите оние кои се собрани околу камперски оган се здобиваат со неговата топлина. Исто така, сите оние кои присуствуваат на Сатсанг духовно се хранат со духовните искуства на другите трагачи. Исто како што воздухот е неопходен за да може оганот да гори, Сатсангот е неопходен да ни даде охрабрубање да продолжиме со нашата духовна пракса.

Од работа дојдов многу изморена и не бев расположена да се уклучам на Скајп (Skype) и да присустувам на Сатсанг со други трагачи на SSRF; само сакав да бидам сама. Мојот сопруг сепак инсистираше да присустувам. Многу колебливо се согласив да присустувам на Сатсангот. За време на Сатсангот бев замолена да споделам духовно искуство кое го доживеав пред една недела. Додека го споделував духовното искуство мојата духовна емоција се разбуди. Очите ми се исполнија со солзи на духовна емоција и благодарност. После тоа се чувствував многу лесно и изгледаше како во еден момент да исчезна целиот замор собран во текот на денот. – Р.Г, Европа

3.1 Сатсанзи преку телефон или интернет

3_1-benefits-of-satsang-skypeПозитивната енергија на Сатсангот не зависи од тоа сите да се наоѓаат во ист физички простор. Дури и ако некој присустува на Сатсанг преку телефон или интернет, може да се здобие со Божјата енергија. Ако трагачите кои присустуваат на Сатсангот имаат духовна емоција, тогаш Божјата енергија на Сатсангот ќе биде многу поголема.

Фондацијата за истражување заснована на духовната наука спроведува Skype (Скајп) Сатсанзи преку интернет за трагачи ширум светот. И покрај тоа што тргачите се собираат од различни континенти на онлајн Сатсанг преку интернет тие на Сатсангот можат да ја доживеат Божествената свесност како и блискоста и заедништвото со другите присутни трагачи.

Кога се приклучив на Skype (Скајп) Сатсангот за Северна Америка, видов дека не познавам ниту еден од присутните. На почетокот само молчев и ги слушав останатите. Водителката која го водеше Сатсангот беше толку топла и пријателски настроена и константно се обидуваше да стигне до мене и до другите трагачи, бев допрена. Кога другите трагачи почнаа слободно да ги споделуваат своите препреки во духовна пракса, осетив дека можам да се идентификувам со нив. Јас, исто така, споделив едно од моите искуства кои ги доживеав кога започнав со пеење на Божјото Име. Кога дојдовме до крајот на Сатсангот, осеќав како да го познавам секој учесник, и дека нас Духовноста сите не поврзува. Бев благодарна на Бога што ми го даде ова искуство, бидејќи такви искуства, обично во световниот живот немам. – Кристи Леунг, Канада

4. Преку Састсанг добиваме мотивација да истраеме на нашето духовно патување

4-benefits-of-satsang-spiritual-experiencesКога сме истрајни во нашата духовна пракса, почнуваме да добиваме духовни искуства. Трагачите за време на Сатсангот ги споделуваат своите духовни искуства. Покрај споделувањето на нашите духовни искуства, ние сфаќаме и кое е нивното духовно значење. Духовните искуства се Божји дарови кои го мотивират трагачот да истрае на овој пат. Размислувањето за сопствените духовни искуства или слушање за искуствата на другите ја зголемува нашата вера во духовна пракса.

 

thumb-rainbowЕднаш бев мошне депресивна, бидејќи чувствував дека мојата духовна пракса не одеше баш добро. Искрено се помолив на Бога да ми помогне и да биде со мене. Во тој момент слушнав глас како ми говори, “Јас сум секогаш со тебе.” Потоа му се обратив на Бога, “Сакам да те видам” Потоа Тој ми рече, “Само погледни преку прозорецот и веднаш ќе ме видиш. Погледнав преку прозорецот и чекав, но ништо не видов. Потоа повторно истото Го прашав, а Бог ми одговори дека Неговата форма полека ќе почне да се појавува. Потоа, одеднаш од никаде се појави двојно виножито. Тоа ја пробуди мојата духовна емоција која после тоа долго траеше. Дури и денес кога ќе помислам на тоа духовно искуство, се чувствувам сигурно и спокојно.

Кога го споделував ова духовно искуство со трагачите за време на Сатсанг во Мелбурн, сите осетивме како нашата духовна емоција се буди и сите имавме чувство на мир и сигурност дека Бог ги слуша нашите молитви. – Швета Кларк, Мелбурн, Австралија

За да оствариме придобивки во Духовноста во форма на духовен напредок, единствната валута е “вера”. Да се изразиме метафорично, валутата во САД е американскиот долар, додека во Европската Унија тоа е еврото. За да купиме нешто во САД, од корист ќе ни бидат само американските долари. Слично на тоа, за да направиме духовен напредок, неопходна е силна вера. Обично, ние веруваме во нашата банковна состојба, бидејќи од сметката можеме да повлечеме пари, согласно нашите потреби. Исто како ова, кога станува збор за Духовноста и духовниот напредок, треба да имаме уште поголема вера во Бога и духовна пракса.

5. Развивање сочуство и лубов кон другите

5-benefits-of-satsang-expansivnessЗа време и во Сатсанг, едно лице развива чувство на блискост кон другите трагачи. За разлика од световните односи, односот помеѓу трагачите има иста фокусна точка, а тоа е духовниот раст. Поради тоа е присутно помало очекување и повеќе внимание се посветува на меѓусебно помагање и учење еден од друг. Сатсанзите стануваат платформа за негување и развивање на ваков вид на позитивни односи. Подоцна, помеѓу трагачите се развива љубов без очекување, уште позната како Прити на Санскрит јазик. Дури во подоцнежна фаза, лицето е во состојба да осети, и доживува љубов без очекување за целото човештво.

Студирам менаџмент и послдените три ипол години обавувам духовна пракса според советите на фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF). Многу сум среќен, бидејќи неделниот Сатсанг ми помогна многу. Пред да почнам да доаѓам на Сатсанзите, бев многу емотивен и им завидував на другите. Од кога почнав да присустувам на Сатсанзите, чувстувам дека сакам да ја споделам сечија среќа и тага, а сакам и да ги пофалам луѓето кои се успешни во своите области. Неодамна, мојот пријател ме праша како успевам да мислам за другите, дури и кога се сум во тешка ситуација. Тогаш сфатив дека толку многу сум се променил благодарение на Сатзанзите – Престој во друштво на вистината и духовната пракса.

6. Резиме

Духовноста е наука за искуство. За да можат трагачите на најдобар начин да ги сфатат придобивките од Сатсангот, најдобро е да обратат внимание на својата духовна пракса и на тоа како тие се чувстуваат пред и после Сатсанг. Со редовно присустување на Сатсанг, стануваме посилни во својата духовна пракса. Како резултат на тоа, ние исто така, стануваме посилни и убедени дека треба да го спознаеме Бога, бидејќи тоа е главната духовна цел на животот.

Фондацијата за истражување заснована на духовната наука одржува Сатсанзи, ширум светот, водени од тргачи кои практикуваат Духовност на дневна основна. За да видите кога и во колку часот се одржуваат Сатсанзите, ве молиме постете ја нашата страница Календар на настани.

MKD-Calendar