Поклонувањето како начин на поздравување – Духовна перспектива

 Поклонувањето како начин на поздравување – Духовна перспектива

1.  Вовед

Во светот постојат разни култури и обичаи, па поради тоа не траба да не зачудуваат и разните начини на меѓусебно поздравување. Во некои култури и земји, посебно во Јапониа, постои обичај за меѓусебно поздравување со поклонување. Овој напис е еден од серијата написи за поздравување и во него ќе го прикажеме истражување за поклонувањето како форма на меѓусебно поздравување.

2. Опис на поклонувањето како начин на поздравување

Поздравот со поклонување се врши така што две лица стојат едно спроти друго и под одреден агол на своите тела се наклонуваат едено кон друго.

Како начин на поздравување (посебно во Јапонија, Кореа, Тајван и Виетнам), класичниот наклон започнува од половината, со исправен грб, со рацете доближени до телото (кај мажите), односно склопени пред телото (кај жените), со поглед насочен надолу. Класичното поклонување, може да биде поделено во три главни типа: неформално, формално и многу формално. Неформалното поклонување подразбира наклон под агол од приближно петнаесет степени, додека оние по формалните наклони се до триесет степени. Нај формалните наклони се уште подлабоки и поинтензивни. (Ref: Wikipedia)

Точноста на цртежот е заснована на духовното знаење и е искажана во проценти. Вистинитоста на цртежот ја провери со високо развиено шесто сетило Неговата Светост Др. Атавле, отстранувајќи ги можните неточности. Суптилното знаење е надвор од опсегот на петте сетила, умот и интелектот. Затоа на пример во цртежот со 80% точност е содржано високо ниво на вистинитост, во споредба со можностите на просечниот човек кој што воопшто не може по пат на шестото сетило да ја забележи духовната димензија.

3. Духовна перспектива на поздравувањето со поклонување

Еден од нашите трагачи со развиено шесто сетило, г-ѓа Јоја Вале, нацрта цртеж заснован на духовното знаење кој прикажува, што се случува кога се поздравува на овој начин. Цртежот го провери Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле по пат на високо развиено шесто сетило и потврди дека цртежот е точен 80%.

Цртежот што следува ги прикажува деталите на суптилните аспекти, кои што се случуваат за време на поклонувањето како начин на поздравување. Видете го написот за чакрите за подобро разбирање на цртежот.

3-MKD-Japanese-Bowing

Кога две лица се поздравуваат со поклонување, околу нив се создава заштитна обвивка од Божествена Енергија. Просторот помеѓу нив исто така се исполнува со честички од Божествена Енергија која што се емитува. Обвивката од Енергијата на Создавање која што го забрзува ширењето на Духовноста се создава блиску до нивните тела, и емитува честички од таа енергија во просторот помеѓу нив.

Како што денес повеќето луѓе не вршат духовна пракса, одредена количина од црна енергија во суптилна форма, ги покрива нивните тела и воглавно е постојано присутна. Со ваквиот начин на поздравување, без физички контакт, намалена е можноста на пренос на црна енергија од едното лице на другото.

Иако во овој случај лицата не се допираат, поради многубројните мисли, недостатоците на карактерот и емоциите, кои што ги имаат во своите умови, интелектот и егото, суптилните прстени од суптилна енергија на ниво на Ајна и Сахасрара чакра, почнуваат да емитуваат замаглени бранови од црна енергија, заедно со честичките од црна енергија во форма на мисли. Тоа се случува затоа што учесниците во таквиот начин на поздравување, во тој момент не се во единство со Бога, туку се во меѓусебна комуникација еден со друг на ниво на мисли и емоции.

Овој начин на поздравување не поседува Божествена Свесност (Чаитанија), затоа што не постои единство со Бога, меѓутоа, честички од Божествена Енергија (Шакти) се емитува од двете лица.

3.1 Духовни придобивки од поклонувањето како начин на поздравување

  • Црна енергија не се пренесува помеѓу луѓето кои што се поклонуваат.

  • Луѓето кои што се поздравуваат на овој начин, одредено време се опкружени со Божествена Енергија.

  • Таквиот поздрав воедно ја подобрува енергијата на Создавање, што придонесува за забрзување на мисијата за ширење на Духовноста. Тоа е поволно за лицата кои што го користат овој начин на поздравување.

  • Овој начин на поздравување е искажување на почитување кон лицето кое што го поздравуваме, и придонесува за намалување на егото. Количината на намалување на егото зависи од духовната емоција (Бав) на лицето кое што го практикува овој начин на поздравување.

3.2 Духовни недостатоци на поклонувањето

  • Нема мисли за Бога, ниту единство со Бога.
  • Се манифестира како физички напорен и формален поздрав.
  • Црна енергија во форма на мисли и емоции се разменува помеѓу двајца луѓе кои што учествуваат во овој начин на поздравување.

4. Заклучок

Колку и да е ваквиот поздрав, можеби подобар од некои други начини на поздравување, како што се гушкањето, бакнувањето и ракувањето, од духовна перспектива, поклонувањето како начин на поздравување, не придонесува за зголемување на сатва компонентата (чистота и знаење) и со самото тоа не помага во духовниот раст, како кога се поздравуваме со намаскар.