Ефекти од молитвите – Духовно истражување со користење на Биофидбек направа – DDFAO

Препис на видеото

1. Вовед

Речиси повеќе од 25 години ја проучуваме духовната димензија. За разлика од вообичаените истражувања кои се изведуваат со користење на петте сетила, умот и интелектот, истражувањето засновано на духовната наука може да се направи само со помош на шестото сетило. По пат на развиено шесто сетило кое е последица само на духовната пракса, трагачите по Вистината се во состојба да ја почувствуваат и видат духовната димензија и ни го раскажат она што просечниот човек не може.

Во последно време почнавме да користиме биофидбек направи кои се доста усовршени, како би ги проучиле ефектите на различи влијанија на нашата аура, енергетскиот состав и чакрите (центри во телото преку кои тече духовна енергија). Ова е корисно, затоа што помогна да и на материјален план ги докажеме истражувањата кои од духовна страна веќе ги извршивме.

Еден од таквите уреди е и DDFAO (француска кратенка за “Компјутерско скенирање и функционална дијагностика“ кој го прави, опремата и компјутерските програми за снимање и функционалната дијагностика.

2. Како функционира DDFAO?

DDFAO се заснова на истиот принцип на кој се засноваат и EEG (електро-енцефалограм) и EKG (електро-кардиограм) направите, но не ја снима само активноста на мозокот и срцето туку ја снима електричната активност во целото тело и ја бележи како ESG (Електро Сомато Грам).

Опремата која DDFAO ја содржи е:

  • Направа за мерење во пластична кутија.
  • Шест електроди:
    • Две самолепливи електроди кои се ставаат на челото,
    • Две плочи за дланките
    • Две плочи за табаните
  • Компјутер кој работи со софтверот

Електродите се залепени на дланките, стапалата и челото, а потоа во телото се пушта многу слаба струја за да ја измери електричната активност на телото. После примената на разни алгоритми, резултатите графички се прикажуваат на компјутерот. Еден таков графички приказ ја претставува состојбата на нашите чакри. За чакрите ќе зборуваме малку подоцна во видео снимката.

3. Експеримент направен со користење на DDFAO-то

DDFAO го користевме за да направиме разни експерименти кои ни помагаат да го сфатиме духовното влијание на разните активности кои ги вршиме секојдневно, како и нивното влијание на нашите чакри и духовната пракса.

Секој ден се среќаваме со луѓето, зборуваме со пријателите и колегите но често не сме свесни колкаво духовно влијание тоа има врз нас. Со помош на DDFAO-то можеме да го покажеме ова влијание во зависност од духовната состојба на лицето со кое зборуваме. Исто така изработивме и бројни други студии кои го вклучуваат влијанието на вегетаријанската и не-вегетаријанската храна, влијанието на облеката која ја носиме, музиката што ја слушаме, алкохолот и овошните сокови што ги пиеме.

Кундалини чакрите се суптилни и невидливи центри кои ја одржуваат рамнотежата на суптилните енергии неопходни за функционирање на разни органи во човекот. Функционирањето на овие чакри влијае на функционирањето на органите кои се поврзани со одредена чакра.

Постојат седум главни чакри кои се подредени на рбетот.

Седумте главни чакри те. центри на енергија имаат различни карактеристики:

Горните четири чакри кои поаѓаат од регионот на срцето се:

  • Анахата чакра – која се однесува на копнежот
  • Вишуда чакра – која се однесува на световните и духовните емоции
  • Ајна чакра (помеѓу веѓите) – која се однесува на концентрацијата
  • Сахасрара чакра, на темето на главата – која се однесува на искуствата на Божјиот Принцип

Трите долни чакри те. чакрите пониско од нивото на папокот се:

  • Манипура чакра (на ниво на папокот) – која се однесува на она што сакаме или не сакаме
  • Свадиштана чакра – која се однесува на сексуалните желби
  • Муладара чакра – која се однесува на функциите за излачување

Гледаме дека горните четири чакри се однесуваат на духовниот раст, а долните три на световните желби, она што сакаме и/или не сакаме.

4. Проучување на ефектите од молитвите со користење на DDFAO Биофидбек направата

Користејќи ја DDFAO техниката, пробавме да го проучиме ефектот на разни аспекти на духовната пракса како што е пеење на Божјото Име, присуствување на статсанг, или Друштво на Вистината, или престој во друштво на Светци и слушање на Нивните предавања, служење на Бога или сатсева, изговарање молитви, на експерименталните причини со трагачите по Вистината.

4.1 Подготовка на експериментот за молитва

Во оваа видео снимка, со користење на Електро-соматографска техника на скенирање која ја користи DDFAO, ќе ги прикажеме перформансите на молитвата на различни чакри. Овие резултати беа достапни во форма на графикони и нумерички вредности. Користејќи ја оваа техника, ги означивме биолошките полиња на енергија кои се поврзани со седумте Кундалини чакри те. со центрите на енергија во телото на трагачите по Вистината, и бележејќи ги резултатите на седумте чакри на трагачите по Вистината пред и после на молитвата.

4.2 Искуства на трагачите по Вистината за време на изведувањето на експериментот за ефектот на молитвите

Госпоѓа Шравани Параб, трагач по Вистината во SSRF Ашрамот во Гоа, Индија која учествуваше во експериментот, зборува за својата состојба пред и после на молитвата.

Последните 10-12 дена чувствував големи попречувања од страна на негативните енергии. Мојата праншакти (витална енергија) значително се намали. Чуствував физички проблеми како што се болки во телото и главоболки. Бев и психички вознемирена, многу иритирана и добив суицидни (самоубиствени) мисли. Поради тоа се чувствував многу лошо. Исто така не бев во состојба да вршам сатсева. За време на овој период, бев скенирана со DDFAO-то.

После скенирањето, се молев на Неговата Светост Др. Атавле со големо чезнеење, “О Боже, јас не сум во состојба да се молам, да вршам пеење на Божјото Име, ниту да Ти служам на било кој начин. Те молам, Ти направи го се ова преку мене.“ Потоа малку легнав. Почуствував дека некој преку мене се моли и врши пеење. Тоа беше Неговата Светост Др. Атавле лично! Ова траеше следните три дена. После оваа молитва мојата состојба се подобри. Болките во телото исчезнаа. Мојата витална енергија се зголеми на 80-90%. Иритацијата потполно исчезна. После тоа, скенирањето (на DDFAO-то) е повторено.

Следнава презентација на квантитативна анализа и линиски дијаграми на био-енергетските полиња во телото кои се поврзани со седумте чакри, кои се добиени по пат на скенирање пред и после на молитвата.

Состојба на чакрите на госпоѓа Шравани Параб пред молитвата

Скенирањето пред молитвата е извршено во 12.33 часот попладне, а после молитвата во 17.31 часот попладне. Линиските графикони се следни:

На Y оската се означени нумерички вредности. Броевите под вредноста 0 на Y оската се негативни (минус), а оние над се позитивни (плус). Линиите од лево на десно се чакрите означени од 1 до 7, и тие со ред ја покажуваат состојбата на био-енергетските полиња на седумте чакри почнувајќи од Муладара чакра од левата до Сахасрара чакра на темето на главата од десна страна. Информациите кои се видат на дијаграмите се исто така прикажани во броеви.

Важноста на овие информации за Кундалини чакрите е дека овие седум чакри се центри на енергија и играат значајна улога во фино подесување на суптилните енергии кои го поттикнуваат суптилното тело. Овие чакри ја впиваат суптилната црна енергија како и позитивната енергија или Чаитанија (Божествена Свесност) од околината и ја пренесуваат во телото.

Да го погледнеме сега линискиот дијаграм кој ја покажува состојбата на чакрите на госпоѓата Шравани пред и после молитвата.

Состојба на чакрите на госпоѓа Шравани Параб после молитвата

Горниот дел на екранот прикажува линиски дијаграм состојба пред молитвата, а долниот дел ја прикажува состојбата после молитвата.

Ќе пробаме да ја објасниме состојбата на седумте чакри преку читањето од направата.

  • Како што можете да видите во табелата, Муладара чакра пред молитвата била -1 а после молитвата -29.
  • Свадиштана чакра пред молитвата била -2 а после молитвата -23.
  • Манипура чакра пред молитвата била +2 а после молитвата -21
  • Анахата чакра пред молитвата била +1 а после молитвата се зголемила на +14.
  • Вишуда чакра пред молитвата била -29 а после молитвата -3.
  • Ајна чакра пред молитвата била -44 а после молитвата се зголемила на -11.
  • Сахасрара чакра пред молитвата била -19 а после молитвата +6.

Табелата на екранот ја покажува разликата на состојбите на сите седум чакри пред и после молитвата.

Како што можете да видите, постои јасна разлика во читањето пред и после молитвата кое госпоѓа Параб го почувствувала.
Овде прикажавме само еден пример на ефектот од интензивна молитва на едно лице.

5. Клучни забелешки во овој експеримент

  • Очигледно е дека четирите чакри на горните делови на телото, Сахасрара чакра, Ајна чакра, Вишуда чакра и Анахата чакра, се поактивни после молитвата. Активиранјето на овие чакри ја подобрува духовната пракса, затоа што тие се однесуваат на учењето и концентрацијата.
  • Чакрите во нижите делови на телото – Манипура чакра, Свадиштана чакра и Муладара чакра помалку се активни после молитвата.

Во овој случај, намалувањето на активноста на долните чакри е во суштина позитивен знак. Овие центри се поврзани со се што сакаме и што не сакаме и со чезнеењето во световна смисла. Кога лицето врши духовна пракса, интензитетот на она што сакаме и не сакаме се намалува, а со тоа и чезнеењето на лицето, кое инаку троши многу ментална енергија. Лицето полесно се фокусира на духовната пракса и само е потрошена онаа количина на енергија које е неопходна за работа на органите која тие чакри ги потпомагаат. Како што можете да видите, кај госпоѓа Параб постои јасна разлика во читањето пред и после молитвата. Горните чакри станале поактивни, додека долните чакри станале помалку активни, или неактивни.

5.1 Објаснување засновано на духовната наука во врска со добиените резултати

Да ја погледнеме сега духовната наука зад разликите во добиените резултати. Горните чакри се поврзани со духовната пракса и со сатва компонентата, додека долните чакри три чакри се поврзани со Големата Илузија, или Маја и каде преовладува раѓа-тама компонентата. За да разберате повеќе за сатва, раѓа и тама, ве молиме да го прочитате написот ’Што се три суптилни компоненти сатва, раѓа и тама.

Чакрите имаат 90% влијание на умот и само 10% влијание на физичкото тело, со тоа дури и ако долните чакри станат помалку активни, или неактивни, а нивното влијание е воглавно на умот – раѓа-тама мисли, или мисли ’сакам – не сакам’ се намалуваат и конечно исчезнуваат кога лицето достигне повисоко духовно ниво. Поради тоа горните чакри можат да вршат повеќе задачи, или повеќе духовна пракса на подобар начин. Како горните чакри стануваат се поактивни преку духовната пракса, до толку сатва компонентата се повеќе се зголемува. Ние овде прикажавме само еден пример од ефектите од интензивната молитва на едно лице.

6. Заклучок

Сега да ги погледнеме клучните откритиа во овој експеримент:

  • Јасно е дека четирите чакри во горните делови на телото – Сахасрара чакра, Ајна чакра, Вишуда чакра и Анахата чакра, стануваат поактивни после молитвата. Активноста на овие чакри ја зајакнува духовната пракса, затоа што се однесува на учењето и концентрацијата.
  • Чакрите во долните делови на телото – Манипура чакра, Свадиштана чакра и Муладара чакра стануваат помалку активни после молитвата.

Лицето полесно се фокусира на духовната пракса и се троши само онаа количина на енергија којашто е неопходна за одржување на органите кои таа чакра ги потпомага.

Се надеваме дека доволно научивте од ова видео кое е само зачеток на истражувањето на разни можности за експериментирање кои можат да се изведат за да се подобри нашата општа состојба како и духовната пракса, да ја сфатиме вистинската цел на нашиот живот, а тоа е Богоспознание.