Ритуал со сол, семе од синап и суви лути пиперки

Што се ќе ви биде потребно за да го спроведете овој метод?

MKD_evil-eye-ritual-chilli

  • Колкав број на суви лути пиперки ќе се користат, зависи од јачината на нарушувањето со кое се соочува лицето. Табелата подолу покажува колку пиперки треба да се користат додека се спроведува ритуалот, зависно од јачината на нарушувањето со коешто се соочува лицето.
Јачина на нарушување Број на пиперки

Константна тежина на телото, трпнење, вкочанетост во екстремитетите, гадење

3

Немир, ненадејно потење, негативни мисли

5

Губење контрола на говор, ненадејно замаглување на видот, лачење на плунка, изговарање лоши зборови, самоубиствени мисли

7

Бессознание, манифестација на дух, мисли за убиство

9

Спроведување на ритуалот со сол, семе од синап и суви лути пиперки за отстранување на уроци

  • Чекор 1 : Молитва

    • Молитвата треба да ја изговри оној врз кој се спроведува методот, по искажувањето почит кон Богот Марути. ‘Нека уроците фрлени врз мене (треба да го каже своето име) бидат отстранети од мене и нека  (кажи го името на лицето кое го спроведува методот) не биде погодено од нив.

    • Оној кој го спроведува ритуалот треба да му се моли на Богот Марути за да спречи било какво влијание на негативните енергии.

  • Чекор 2 : Заземање на вашата позиција

Нека лицето кое е под влијание на негативна енергија и врз кое се спроведува методот, седне на ниска дрвена платформа со лицето свртено кон исток и со опуштени свиткани колена кон градите. Дланките треба да бидат свртени нагоре и треба да се постават на колената.2_performing-ritualЛицето кое го спроведува ритуалот треба да застане пред лицето кое е под влијание на негативните енергии. Во двете дланки земете онолку количество на семе од синап и крупна морска сол колку што можете да држите помеѓу прстите. Во врска со пиперките, ставете 1 во левата и 2 во десната дланка.

3_red-chilli
Потоа прекрстете ги дланките пред вашето тело. Дланките треба да бидат прекрстени како знакот за множење (X).

4_alum

Дланките треба да ги движите од главата до стапалата на лицето кое е под влијание, во спротивни насоки и потоа да допрат до земјата.

Рацете се прекрстени само на почетокот. Како што започнуваме со ритуалот треба да ги разделиме рацете и истовремено да ја движиме десната рака во насока на стрелките на часовникот од главата до стапалата,  а левата рака во спротивна насока на стрелките на часовникот од главата до стапалата.

По допирањето на земјата, почнуваме повторно како погоре те. ги разделуваме рацете и истовремено ја движиме десната рака во насока на стрелките на часовникот од главата до стапалата,  а левата рака во спротивна насока на стрелките на часовникот од главата до стапалата.

При спроведување на методот следново треба да се изговара: ‘Нека урокот фрлен на него од страна на посетители, духови, дрвја, минувачи, место, биде отстранет и нека тој биде заштитен од болести и повреди’.

Причината поради која ги движиме рацете и со нив ја допираме земјата: Со движењето на рацете како што е опишано, нарушувачките (негативни) вибрации прво се впиваат во супстанициите кои се користат во методот, а со допирање до земјата тие се вовлечени во земјата.
Колкав број на движења со рацете ќе употребиме зависи од степенот на нарушувањето. Претежно суптилните мантирици прават црна магија во непарни броеви, па оттука и рацете се движат непарен број пати.
  • Чекор 4 :

На крајот од ритуалот, сите содржини треба да се стават (фрлат, испразнат) врз жешка железна тава или жар.