Вовед во напади на неживи објекти од страна на негативните енергии

1-MKD-Goa-Ashram

Околу 2000-та година, SSRF центарот за истражувања засновани на духовната наука прими голем број необични фотографии од многу трагачи, како и други предмети кои одеднаш и необјасниво се промениле. Промените беа од типот на спонтано согорување, пукнатини, гребнатини, дамки, дупки и крвави дамки. Слични промени, исто така, се забележани и во некои простории на SSRF истражувачките центри и на лични предмети и во домовите на трагачите.

SSRF го дефинира како свет, кој неможе да се забележи по пат на петте сетила, умот и интелектот, како “суптилен свет” или “суптилна димензија”. Суптилниот свет се однесува не невидливите светови на ангелите, духовите, рајот, итн. кои можат да се набљудуваат единствено со помош на шестото сетило.

Во првите моменти кога започна да се манифестира оваа појава, трагачите беа збунети од овие шокантни промени, бидејќи за таквите промени не постоеше очигледен надворешен извор. Н.С. Др. Атавле веднаш појасни дека се работи за влијаниа на негативните енергии од духовната димензија и дека тоа е причината за ваквите промени. Од тој момент, продолживме да ги проучуваме со помош на развиено шесто сетило и биофидбек опрема.

До сега наидовме и проучивме илјадници такви бизарни и спонтани измени кај  неживи објекти кои се настанати без било какви надворешни причини. Во оваа секција во која спаѓа и овој напис, претставуваме еден мал дел од нашата колекција на предмети кои биле изложени на влијаниа од негативните енергии, како и духовната наука која стои зад некои избрани анализи на случаи. Причината за објавувањето на ова истражување е да го информираме општеството за постоењето на таквите  видови на феномени. Тоа исто така, може и да одговори на вашите прашања во врска со необјаснивите феномени кои можеби сте ги доживеале вие или вашето семејство.

Овде прикажаните влијаниа од моќните негативни енергии (мантрици) на неживи објекти се случиле исто така и на живи битиа. Ќе претставиме и истражување засновано на духовната наука за ваквите видови на влијаниа.

Некои истакнати карактеристики на ваквите видови на влијаниа од негативни енергии:

  • Можете да забележите дека многу од влијаниата прикажани овде се на фотографии од Н.С. Бахтараѓ Махараѓ и Неговиот ученик Н.С. Др. Атавле. Ова е затоа што тие се Светци кои се занимаваат со самашти садна (колективна духовна пракса), за разлика од некои други Светци кои се занимаваат со вјашти садна (духовна пракса за индивидуален раст). Како резултат на тоа, најголемиот број на попречувања од негативните енергии се случуваат на Н.С. Бахтараѓ Махараѓ или на Н.С. Др. Атавле. Исто така, интензитетот на попречувањата од моќните негативни енергии можат да го поднесат само Светци од повисоко ниво, како што се Н.С. Бахтараѓ Махараѓ или Н.С. Др. Атавле. Уште една причина е тоа што мантриците од 5-от и 6-от регион на Пеколот (Патал) не ја трошат својата енергија да би влијаеле на обични луѓе или на Светци кои не обавуваат самашти садна. Светците кои обавуваат самашти садна, се разликуваат од другите Светци, бидејќи им помагаат на сите да практикуваат духовност. Тие исто така, не ги трошат Божјите ресурси да би му помогнале на општеството на физичко и психолошко ниво преку донации, социјална работа, итн., туку помагаат чисто на духовно ниво. Ова е заради тоа што тие имаат свест дека сите проблеми со кои се соочуваме во животот имаат своја основа во духовната димензија.
  • Кога некој мантрик се обидува да нападне некоја фотографија од Н.С. Бахтараѓ Махараѓ или Н.С. Др. Атавле, тогаш целта е да се уништи Божествената свесност (Чаитанија) која се емитува од таа фотографија. Како резултат на тоа, мантриците значително ја намалуваат духовната придобивка којашто трагачите и општеството ја добиваат од таквите фотографии. Всушност, мантриците се обидуваат да го спречат понатамошното ширење на Чаитанија.
  • Исто така, ако веќе негативните енергии влијаеле на одредена слика, тогаш ефектот не само што ја зафаќа таа одредена слика, туку се пренесува и на сите слични фотографии во домовите на другите трагачи. Како последица на тоа, се намалува Божествената свесност (Чаитанија) која трагачите вообичаено ја добиваат.
  • Кога мантрикот ќе нападне одредена слика, нападот не се однесува на самата фотографија, туку и на лицето кое е на фотографијата. На пример, ако негативните енергии влијаат на фотографија од Н.С. Др. Атавле, тогаш Тој директно го чувствува тоа попречување. Ова се случува според духовниот принцип дека ’зборот, допирот, формата, мирисот и енергијата која со нив е поврзана коегзистираат’. Овој принцип се применува и во негативна смисла кога на некое лице се фрла црна енергија така што се користи негова слика. Сличен напад од страна на негативните енергии (како што е извршен на фотографијата на Светителот) на просечен човек, во повеќето случаеви би резултирало со смрт.
  • Мантриците ги напаѓаат трагачите за да им создадат пречки во нивната духовна пракса. Спротивно на тоа, кога едно просечно лице ќе доживее напад од страна на негативните енергии, тоа е воглавном за да го заплашат или да подмират одредена сметка на земање и давање. Во некои случаи тоа може да биде последица на црна магија која на нив ја фрлил некој познат.