Женски Гоблин

1. Вовед

Женскиот гоблин (Хадал) е на четврто место по хиерархија кај духовите во растечкиот редослед според нивната духовна сила. Нивната релативна духовна сила е 1000, во споредба со онаа на обичниот дух која е 1. Ве молиме прочитајте го написот “Видови на духови”. Околу 2% од светската популација е под влијание или опседната од овој вид на дух во сегашните времиња, и ќе биде така се до 2025 година. Со оглед на тоа дека мал процент од светксата популација е под влијание на овој вид на дух, дадовме само краток преглед на нивните основни карактеристики.

2. Цртеж заснован на суптилното знаење на женски гоблин

MKD_Hadal

Ве молиме имајте во предвид дека ова е само едно грубо упатство, бидејќи духовите можат да заземат било каква форма во зависност од она што се обидуваат да постигнат.

3. Основни карактеристики на женскиот гоблин

  • Шират силна миризба околу нив, како миризот на расипано јајце.
  • Генерално, тие влијаат на лице без да го запоседнат (оспеднат) него или неа, односно тие не влегуваат во телото на една личност.
  • Можат да направат било што да исчезне со помош на мантра.
  • Нивната главна задача е да обезбедат материјал потребен за обавување црна магија, на пример, коски, черепи, итн. за суптилните мантрици и нивните обреди со ископување тела на гробишта.
  • Женските гоблини работат за џакин, друг вид на дух.

4. Духовни мерки

  • Пеење на Божјото Име  според религијата на раѓање или по советот на Светец, е духовната мерка со која се добива ублажување од влијанието (нарушувањето) од женскиот гоблин (Хадал). Пеењето на Божјото Име треба да се обавува заедно со прогресивно повисоки ниова на духовна пракса како како што се, односно е поефикасно ако се комбинира со Престој во друштво на Вистината (Сатсанг)Служење на Вистината (Сатсева), итн.

Забелешка: духовното ниво на духовните исцелувач мора да биде најмалку 20% повеќе од духот што влијае или го запоседнало (опседнало) лицето тој или таа, кои се  обидуваат да се исцелат. Кога едно лице се третира со надворешни духовни мерки, лицето се чувтстува подобро за некое време, но за да се ослободи од ова влијание (вознемирување, нарушување), (кое, во многу случаи, не следи од многу претходни раѓања/животи) трајно, важно е да се практикува духовна пракса и да се генерира постојата и трајна позитивност најпрво во нас. Само тогаш е можно да се добие трајно излекување. Ако лицето го надополни надворешното духовно исцелување со пеење на Божјото Име за време на духовно исцелување, тогаш влијанието (вознемирувањето, нарушувањето) се надминува за пократко време.