MKD_CS-GID

1. Мојата борба со растроениот родов идентитет во текот на детската возраст

Иаку сум родена како женско, од многу малечка возраст се чувствувам како да сум машко. Играв со играчки кои се наменети за момчиња и сакав моето тело да биде повеќе мускулесто и мажествено. Не ми се допаѓаше како изгледам и се чувствував депресивно. Ме пратија во училиште само за девојки, каде како што растев, се чувствував се повеќе депресивно и изолирано. До моментот кога бев во седмо одделение бев потполно изолирана, бидејќи не осеќав блискост со било кој од моите врсници.

До моментот кога влегов во моите тинејџерски години, се чувствував многу изолирано и фрустрирано. Мојата депресија се продлабочи и исто така почнав и дома лесно да го губам темпераментот. Се чувствував како да сум заробена во погрешно тело. Се прашував дали сум лезбејка. Се однесував и облекував како да сум машко.

До средината на дваесеттите години, слушнав за терминот ‘трансексуалност’ и ‘растројство на родовиот идентитет’ и веднаш почнав да се идентификувам со тоа. Почнав да го живеам мојот живот како машко. Почнав да се оддалечувам се повеќе од моето семејство, бидејќи повеќе од нив не можеа да го прифатат мојот начин на живот. Во оваа состојба ми беше тешко да најдам работа и живеев на работ на сиромаштија. Станував се повеќе нервозна, бидејќи се плашев дека луѓето ќе откријат дека имам женско тело

2. Мојот прв контакт со Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF).

Кога бев во Гоа на одмор, член на семејството ме однесе во посета на SSRF истражувачкиот центар и ашрамот во Гоа, Индија. Тоа беше првиот пат кога јас имав можност да посетам ашрам и можев да ги осетам високите нивоа на позитивност во животната средина. Подоцна дознав дека оваа позитивност се должи на високите нивоа на Божествена свесност (Чаитанија) која е присутна во духовно истражувачкиот центар и ашрам. Кога дојдов во SSRF истражувачкиот центар бев облечена како момче и инсистирав да бидам третирана како машко. Бидејќи земав некои лекови за хормоните, косата ми беше пуштена по лицето и лесно поминав како машко. Во духовно истражувачкиот центар сите беа многу љубезни и не ме осудуваа. Ми беше дозволено да останам, бидејќи изразив желба да растам духовно.

За време на мојот престој, учествував во сите редовни активности во духовно истражувачкиот центар. Исто така, учествував и во голем број на експерименти и истражувања засновани на духовната наука во ашрамот, како и експерименти во кои е користена био-фидбек опрема. На пример, учествував во еден експеримент каде беше испитуван меѓусебниот разговор помеѓу луѓето. Ме замолија да разговарам со еден човек, е подоцна ми кажаа дека тоа лице е Светец. Сепак, благодарение на тоа само што зборував со него, био-фидбек опремата покажала исцелувачки ефект на моите чакри. И јас со својата суптилна перцепција осеќав дека се случува исцелување.

Во текот на следните неколку недели во духовно истражувачкиот центар, почнав да забележувам дека ми се случуваат многу чудни работи кои никогаш порано не сум ги доживеала. На пример, не можев да ги склопам рацете да се помолам пред јадење. Сакав да станам и да ја напуштам масата, наместо да ја јадам храната која е послужена во мензата на духовно истражувачкиот центар. Моите мисли и процес на размислување беа толку замаглени што не можев да сфатам ниту едноставни нешта или да спуштам во пракса нешто што ни е кажано. Не можев да разберам зошто ми се случуваа такви работи. Полека со текот на времето, нежно ми соопштија дека сум опседната од негативна енергија. Бидејќи негативната енергија не можеше да ја толерира духовната позитивност во просториите на SSRF духовно истражувачкиот центар, ги создаваше сите овие препреки во мојот живот.

На почетокот не можев да ги разликувам мислите; дали тие доаѓаа од негативната енергија или тоа се мои сопствени мисли. Меѓутоа, како што продолжив со мојата духовна пракса, малку по малку, научив како да ги разликувам двата идентитета во мене – едниот беше личноста која не можеше да поднесе никаков духовно позитивен стимуланс, а другата беше трагач којшто се чувствуваше толку ослободено и среќно што е заедно со други трагачи.

После некое време ми беше откриено дека сум била опседната од машка силна негативна енергија (мантрик)  од 4-от регион на Пеколот.  Научив дека неговите мисли за машки идентитет уште од моето детство беа одговорни за создавање на родовото растројство во мојот ум. Ова беше причината зошто се чувствував како машко заробено во женско тело. Сфатив дека неговото присуство во мене се повеќе и повеќе растеше во текот на годините и дека тој од мојот живот направил свој. Тој преку мене ги задоволувал своите желби и на тој начин створил проблеми помеѓу мене и моето семејство.

3. Совети за надминување на растроениот родов идентитет и духовна пракса

Првично, бев советувана да го пеам Името Шри Гурудев Дата, а подоцна Ом Намо Багавате Васудеваја. Поради тежината на опседнатоста, советувано ми е да пеам четири часа дневно и заедно со тоа да применувам и други мерки за духовно исцелување. Духовните мерки коишто секојдневно ги применував беа третман со солена вода и пеење со нијас. Покрај тоа и духовно го прочистував домот со SSRF миризливи стапчиња и гомутра (кравја урина). Исто така, ми беше покажано како да присуствувам на сатсанзи преку Skype (скајп). Овде научив како да водам дневник на грешките кои ги правев и его манифестациите кои ги забележував кај себе. Исто така, ги бележев сите работи кои ги учев и опсервирав во врска со својот духовен напредок. Бев советувана да се молам пред сите активности како што се јадење, капење, возење, возење на велосипед до работа, активности на работа и средби со пријателите. Молитвата беше насочена кон тоа ентитетот кој ме опседнал да не може да искористи ниедна од овие активности за да го зголеми своето присуство.

4. Почетоците на промена

После неколку месеци, нападите на анксиозност коишто ме преплавуваа се намалија, а исто така, и гневот стивна. Почнав да излегувам од својот оклоп и да носам повеќе нормална облека. Моите физички движења станаа помалку крути, и мојот глас стана поженствен. Забележав дека мојот родов растроен идентитет се намалуваше се повеќе.

Еден ден, сфатив дека се чувствувам лесно, како да пловам и дека на моето лице има насмевка и смиреност. Тоа беше чувството на суперлативна среќа или Блаженство (Ананд)! Чувстував помалку приврзаност за нештата околу мене и тие не ме допираа толку многу. Од внатре, станав свесна за својот изглед. Ми беше се помалку страв како ќе гледаат на мене другите луѓе, поврзано со мојот пол, и помалку загрижена што тие ќе мислат за мене. Наместо да мислам на моите потреби и мојата загриженост, моите мисли беа насочени повеќе кон потребите на другите луѓе и размислување за тоа како да им послужам или како да им го разубавам денот. Исто така, бев во можност повеќе да се фокусирам од внатре на Божјото присуство.

По околу шест месеци, собрав храброст да ги прашам своите родители дали тие ќе ме прифатат да живеам во нивниот дом, повторно како дел од нивното семејство, и тие рекоа: “Да”. Подоцна ми кажаа дека истиот тој ден кога јас сум ги прашала да се вратам дома, пред тоа биле во храмот на Богослужба каде тие обично одат и дека свештеникот му рекол на татко ми “Ќерќа ти ќе се врати дома”. За нив тоа беше духовно искуство.

5. Моментална состојба

Животот со родителите стана многу смирен и сега сум во можност да носам женска облека по дома. Нова пресвртница во ова патување беше тоа што, пет години после започнувањето духовна пракса под водство на SSRF, минатата недела, за прв пат имав можност да носам формална облека од поженствена природа на интервју за работа и се чувствував сосема удобно. Мојот растроен родов идентитет практично исчезна. Почнувам да се осеќам среќно и опуштено во својот нов идентитет како жена и осеќам дека навистина уживам тоа што сум жена.

Сега се чувствувам поискрено и поотворено, бидејќи ја живеам својата вистинска природа, односно своето вистинско јас. Ова го велам со чувство на олеснување и благодарност кон Бога. Многу сум благодарна на SSRF, бидејќи сега се чувствувам пријатно во ова женско тело, и тоа што можам да го концентрирам својот труд на моето духовно патување. Избрав да ја споделам мојата приказна за да ги охрабрам другите да започнат или продолжат со својата духовна пракса. Навистина верувам дека редовната духовна пракса може да му помогне секому да го надмине растројството на родовиот идентитет и да најде траен лек за таквиот вид на проблеми.

Ќе завршам со тоа што изразувам огромна благодарност на Бога што ми даде решенија да го надминам моето растројство на родовиот идентитет, и да ја зголемам својата духовна пракса.

– Г-ца Ирина Роџерс, САД (Име на алијас за да се заштити приватноста на трагателката)