Кога омилените предмети на преминатото лице ќе ги ставиме во ковчегот на преминатото лице за да бидат закопани заедно со него, можат да бидат под влијание на духовите на истиот начин како што е и телото. Овде се вклучува и облекување на преминатото лице во неговата омилена облека. Суптилните мантрици (моќни духови) можат да ги искористат овие предмети за црна магија. Исто така, бидејќи вибрациите на преминатото лице повеќе се наоѓаат во тие предмети, суптилното тело наместо да го продолжи своето понатамошното патување, повторно и повторно е привлечено кон ковчегот поради претходната поврзаност за омилените предмети, и на крај почнува да живее внатре во ковчегот.
Поради тоа што е врзано за Земјата, суптилното тело на преминатото лице станува плен на останатите тамасик суптилни тела кои се наоѓаат на гробиштата, а исто така и на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии. итн). Потпаѓа под нивна контрола и постанува медиум за нивните активности. Иако чинот на оставање нешто посебно во ковчегот може да се направи со најдобри намери, таквиот чин најчесто е штетен за суптилното тело на преминатото лице. Наместо да се одвои од регионот на Земјата, суптилното тело се заглавува во своите омилени предмети. Како што супитлното тело станува се повеќе врзано за Земјата, толку им е полесно на духовите да го контролираат и на тој начин тоа трпи незимерна тортура. Освен тоа што е фатено во стапица од духовите, тоа исто така, е заглевено во процесот на раѓање и умирање.
Поради оваа причина, најдобро е да не се става ништо во ковечегот, па дури ниту цвеќиња. Исто така, во случај на погребување, најдобро е да се облече телото на преминатото лице во бела и едноставна облека.