MKD-discomfort-chanting

Кога почнуваме со повторување (пеење) на Божјото Име според религијата на раѓање, или некое препорачано пеење, понекогаш чувствуваме физичка или ментална непријатност. Физичка непријатност се појавува во различни форми кои вклучуваат главоболки, или чувство на гадење, или чувство на “збрканост во главата“. Ментална непријатност се појавува како раздразливост или вознемиреност.

Ако чувствуваме непријатност, нема потреба од тревога, затоа што за тоа постои едноставно објаснување.

Кога пееме ние добиваме пристап до Божествената енергија на Името кое го повторуваме. Ова ја зголемува сатва компонентата (те. духовната чистота) во нас. Кај повеќето луѓе преовладува раѓа –тама (раѓа – акција и страст, тама – инерција и незнаење) компонента. Оваа раѓа – тама се судира со сатва компонентата и создава непријатност. Ако уште постојат негативни енергии или духови кои не мачат, тие почнуваат да чувствуваат непријатност со зголемување на позитивноста. Тоа е затоа што духовите претежно се составени од суптилната основна раѓа – тама компонента и не можат да ја поднесат суптилната основна сатва компонента. Постои суптилна недопирлива борба помеѓу позитивните вибрации на пеењето и негативните вибрации на духовите. Овој суптилен конфликт се рефлектира во некоја форма на физичка непријатност.

Ако непријатноста како што е главоболка е силна, најдобро е да престанеме со пеењето и да почнеме повторно кога главоболката престане.

Оваа непријатност може да потрае неколку недели додека телото не се прилагоди на новото ниво на чистота произлезено од Божјото Име кое го повторуваме. Затоа треба да истраеме во пеењето, затоа што овие непријатности не траат долго.