Отстранување на недостатоците на карактерот како духовна пракса

1. Вовед во процесот на отстранување на недостатоците на личноста како духовна пракса

Постои изрека дека умот е одговорен за човечкото врзување (во циклусот на раѓање и умирање или среќа-несреќа) и избавување (од циклусот на раѓање и умирање, или добивање на духовно искуство на Блаженство и Мир кои се над среќата и несреќата). Недостатоците на личноста (маани или дефекти) на некоја личност се одговорни за несреќата, како што се нејзините квалитети (доблести) одговорни за среќата или задоволството. Квалитетите или недостатоците кои ги гледаме во поединецот се рефлексија на квалитетите и недостатоците во неговиот потсвесен ум.
За да живееме среќен живот, а и за ефективна духовна пракса, многу е важно личните недостатоци на поединецот да бидат уништени, а доблестите спроведени и развиени. Човековите лични недостатоци претставуваат најголема бариера во постигнувањето и доживувањето на среќа и задоволство. Тие исто така се главна пречка во трудот да се дојде до Бога, те. во нечија духовна пракса. Што повеќе има недостатоци на личноста, има и повеќе грешки во индивидуалната и колективната духовна пракса, а што повеќе има грешки човекот е се подалеку од Бога. Значи, за да се избегне ова, многу е важно да ги отстраниме личните недостатоци (мааните или дефектите).

2. Што е личност?

Кога при вршењето на некои активности ист вид на импресии излегуваат од потсвесниот ум, тоа тогаш го нарекуваме нечија личност. Накратко, личноста ја означува природата на лицето. Така честото повторување на импресиите кои ја прават нашата природа можат да се класифицираат како квалитети/доблести или недостатоци/маани или дефекти.

Погледнете го написот и презентацијата кои ја објаснуваат функционалната структура на умот.

3. Што се доблести и недостатоци на личноста?

Воопштено, добрите импресии и навики се нарекуваат доблести, а лошите импресии и навики можат да се наречат дефекти. Кога одредено лице направи некоја работа која ќе предизвика болка или штета или на самото лице или на некое друго лице, што се јавува како резултат од одреден аспект на личноста на тоа лице, тогаш тоа го викаме дефект или маана на тоа лице.

4. Акции и реакции

Нашите акции и реакции зависат од нашите импресии и навики. Во просек, од сите акции и реакции во нашите животи, 50% се исправни, а 50% се неисправни. Поради неисправните акции и реакции ние се соочуваме со проблеми, или создаваме проблеми на другите. Со тоа предизвикуваме во другите луѓе реакции на нивниот ум. Затоа човек треба непрекинато и детално да обраќа внимание на своите акции и реакции.

5. Процес на отстранување на личните недостатоци како духовна пракса

Процесот на отстранување на недостатоците на личноста, од перспектива дека тие се пречка во духовниот раст, е познат како “процес на отстранување на недостатоците на личноста како духовна пракса“. Сите знаеме дека капка масло не може во потполност да се соедини со водата. Тоа е затоа што нивните индивидуални карактеристики се многу разликуваат. Исто така, за да го достигнеме врвот на духовниот раст те. спознание на Бога или соединување со Бога, мораме да ги отстраниме сите недостатоци на нашата личност затоа што Бог нема недостатоци.

Дури и ако нашата духовна цел не е она највисоката те. спознавање на Бога, туку само желба да ги избегнеме лошите последици на физичкиот, психолошкиот или духовниот план, за да живееме исполнет живот, мораме барем до одредена мерка да ги отстраниме нашите недостатоци. Дури и делумно отстранување на нашите недостатоци ја прави нашата личност и нашата околина погодна за вршење на духовна пракса.